Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пашоли праша за систематизацијата во МВР и безбедноста во Дебар

Резиме

Пратеничката Арбана Пашоли го праша вицепремиерот Беким Сали што презел во врска со предложената систематизација во МВР и дали таа ќе ја загрози безбедноста и ќе го намали капацитетот и оперативното раководство во Дебар. Таа рече дека, според предложените промени, градот би останал без главен шеф на полиција и надлежностите би се пренеле надвор од него, и побара гаранција дека безбедноста и одлучувањето на Дебарчани нема да бидат засегнати.

Сали одговори дека разговарал со градоначалникот и други функционери и дека систематизацијата се прави според потребите на МВР, а не како регионална политика. Тој изјави дека безбедноста и нормалното функционирање во Дебар нема да бидат загрозени и дека целта е поголема ефикасност.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Арбана Пашоли

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 85-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван заменик премиер во претходната седница за пратенички прашања јас поставив прашање директно до министерот за внатрешни работи во врска со систематизацијата и со деградацијата што се однесува на единицата на МВР во Дебар. Одговор добив повеќе како одбегнување на прашањето, отколку одговорност и за несреќа граѓаните се вознемирени. Напротив таа вознемиреност е зголемена, затоа ви се обраќам вас како претставник на оваа Влада со многу конкретно прашање. Ова прашање се поставува бидејќи имам информација дека за ова прашање ве контактирале локалните авторитети барајќи од вас поддршка за ова прашање да се реши најдобро за граѓаните на Дебар. Во врска со ова прашање сакам да знам од вас што преземавте вие конкретно, персонално, дали сте го следеле. Всушност сте ја следеле таа седница кога поставив прашање до министерот за внатрешни работи и по оваа загриженост кои што се доставени прашања од локалните авторитети и од мене од оваа говорница. Јас за да ве потсетам ќе ви објаснам за што станува збор. Значи станува збор за некое не мало прашање, не само административно прашање. Станува збор за безбедноста на еден граничен град и за достоинството на цел регион. Според систематизацијата што ќе се предложи Дебар не се предвидува како да има главен шеф на полиција и сите тие надлежности се пренесуваат надвор од градот. Дали е ова праведно за граничен град како Дебар за да нема збор во одлучувањето, локалните авторитети и граѓанските организации имаат јасни барања за поддршка бидејќи тие знаат најдобро дека оваа одлука не е неутрална и дека оваа одлука ќе има реални последици. Господине Сали ве потсетувам дека Дебар веќе не може да се нарекува периферија, затоа што благодарение на отворање на автопатот Арбр тоа станува стратешки град и има поголема важност. Исто така сообраќајот е зголемен двојно и граничните предизвици се зголемени и наместо да имаме зголемување на полицијата и да имаме раководство во оваа полицијата имаме само кратење и централизација. Затоа, да завршам, уште еднаш ќе го повторам моето прашање може во поинаква форма, дали може да гарантирате вие господине Сали дека граѓаните на Дебар оваа систематизација нема да ја тангира безбедноста, јавната безбедност и нема да деградира одлучувањето на Дебарчаните, дека Дебар нема да нема да остане без целосен капацитет и без оперативно раководство. Јас можам да ви кажам како Дебарчанка не бараме привилегија, но сакаме да бидеме еднаква во одлучувањето бидејќи безбедноста на граѓаните е основно право и одговорност на државата. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Беким Сали

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 85-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 февруари 2026 година Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија Беким Сали Почитуван господин потпретседател, почитувана пратеничке, почитувани колеги министри, Почитувана пратеничке ви благодарам за поставеното прашање и заинтересираноста за Дебар бидејќи по втор пат поставувате прашање. Првиот добивте одговор од министерот за внатрешни работи, а денес ќе се обидам јас да одговорам. Тоа е тема за која што бев заинтересиран, имав средби со градоначалникот и со другите функционери и на овие средби ги убедив дека прашањето за систематизација нема врска со регионалните политики или секционистички политики по региони, туку со целата територија на нашата држава и систематизацијата се прави врз основа на потребите и технологијата која што е унапредена односно потребните броеви за креирање на внатрешни политики во Министерството за внатрешни работи. Што однесува до Дебар јас ве уверувам дека нема да има загрозување на безбедноста и или оштета на граѓаните на Дебар, туку напротив ефикасноста на работите кои што ќе се извршуваат во Дебар, бидејќи знаеме дека Дебар не го покрива само градот Дебар, туку и другите општини кои што се во близина, е во близина на граничен премин да бидете убедени вие и граѓаните кои што живеат на тие населени места дека нема да дозволиме да имаме загрозување на безбедноста и на нормалното функционирање, но и на извршувањето на должностите кои што ги има Министерството за внатрешни работи, бидејќи безбедноста на граѓаните е обврска на државата. Значи зачудувачко е нивото на параноја да се политизира со овие прашања бидејќи знаеме дека систематизацијата се нема променето во последните 15 години и чекаме ние да им одговориме на потребите на граѓаните бидејќи променети се многу работи во нашата држава. зборуваме за образование, здравство и многу други сектори за кои што треба да бидеме рационални и функционални. Имаме ефикасност на терен, а не треба да се базираме на лични интереси. Благодарам.

Сите пратенички прашања