Најважно
351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Сали: Во МВР има професионални кадри, а распоредувањето се врши според критериуми

Резиме

Пратеникот Халил Снопче го праша вицепремиерот Беким Сали дали се согласува со наводна изјава на заменик-министерот за внатрешни работи дека нема соодветни албански кадри за раководни позиции во Охрид и Струга. Снопче тврдеше дека има најмалку петмина со соодветно искуство и праша дали Сали ќе го опомене заменик-министерот ако не се согласува со изјавата.

Сали одговори дека не може да ја коментира изјавата бидејќи не ја знае ниту нејзината конотација. Се согласи дека во МВР има професионални кадри способни да ги извршуваат должностите, а наведе дека позициите во Охрид и Струга се пополнуваат според надлежностите, професионализмот и искуството. Додаде дека во министерството имало вработувања и унапредувања според критериумите за работните места.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 85-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван господине Сали, во врска имам прашање во врска со оваа конотација. Дали се согласувате со изјавата на заменик министерот за внатрешни работи кој што рече дека не постојат албански кадри соодветни за да бидат раководители во структурите на Министерство за внатрешни работи во Охрид и Струга. Јас мислам дека оваа изјава всушност е аргумент на ниска аргументација на институционалната вредност и затоа што, е актуелно во таа полиција нема ниту еден Албанец во раководство, не поради тоа што нема кадар туку поради тоа што има исклучувачка политика за тоа што не се во партиските околности. Таму јас можам да ви потврдам дека има петмина кои што имаат соодветно искуство за да бидат раководители. Но, бидејќи ова се одрекува од заменикот министер за внатрешни работи, тоа значи дека тој не гарантира за еднаквост туку работи преку партиските филтри за да најде партиски индивидуи или поради тоа што е политички импотентен и затоа моето прашање е: Дали сте вие се согласувате со ова прашање? А, ако не се согласувате. Дали ќе го опомените заменик министерот за внатрешни работи? Ако немате такви имиња ние ќе ви понудиме минимум 5 имиња.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Беким Сали

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 85-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 февруари 2026 година Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија Беким Сали Почитуван потпретседател. Почитувани пратеници, почитувани министри. Почитуван пратеник ти благодарам за поставеното прашање. Најнапред сакам да ви кажам дека не можам да коментирам изјави на министерот за внатрешни работи бидејќи не ја знам изјавата и не знам во каква конотација ја има дадено. За разлика од ова јас се согласувам со вас дека имаме многу професионални кадри во Министерството за внатрешни работи кои што се способни за своите должности. Што се однесува до зоните на Охрид и Струга ќе ви одговорам дека сите позиции кои што се исполнуваат според систематизацијата на работни места се врз основа на надлежностите и професионализмот. Но, исто така, имајќи го во предвид и искуството додека биле вработени во одредена институција. Знаете дека прашањето за безбедност е сензитивно прашање, министерството е добро организирано, одговара на сите потреби на граѓаните. Било за јавната безбедност, било за административните надлежности кои што се под ова министерство. Доколку имавте за цел да поставите прашање на етнички аспект, како ќе се третираат Албанците во Министерството за внатрешни работи или како се третирале во минатото и вие бевте дел од оваа коалиција и знаете дека третманот беше коректен и врз основа на правичната и еднаква застапеност во сите државни институции. За ваша информација за скоро 2 години направивме многу вработувања и унапредувања според критериумите кои што требаше да ги исполнува кандидатот на своето работно место. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања