Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството не наведува рок за затворање на приемното одделение во Идризово

Резиме

Пратеникот Сали Мурати праша кога и како ќе биде затворено приемното одделение во КПД Идризово, каде ќе бидат преместени затворениците и дали се планира реконструкција или нов објект. Во образложението ги наведува наводите за нехумани услови и ризици во одделението.

Министерството за правда одговори дека одделението е реновирано, има капацитет за 20 осудени лица, а во моментот престојуваат 14. Според одговорот, тие таму престојуваат од 15 до 30 дена и по класификацијата се преместуваат во соодветни одделенија. Министерството наведе дека е во тек втората фаза од изградбата на КПД Идризово, а Банката за развој при Советот на Европа дала согласност проектот да продолжи до јуни 2026 година. Се очекува јавната набавка да заврши до крајот на мај 2026 година и да биде избран изведувач. Одговорот не дава конкретен рок за затворање на приемното одделение ниту наведува каде ќе бидат преместени затворениците што моментално престојуваат таму.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

ПРИМЕНО: 19.02.2026 Орг.Единица Број Прилог Вредност 08 1310/1 0

До: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија

Почитуван Претседател на Собранието,

Согласно член 72 од Уставот на Република Северна Македонија, член 15 од Законот за Пратениците и член 38 и 39 од Деловникот на Собранието, поставувам пратеничко прашање до Министерството за правда.

ПРЕДМЕТ: Нехумани услови во приемното одделение на КПД Идризово

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Народниот правобранител на Република Северна Македонија повторно апелираше за итно затворање на приемното одделение во затворот Идризово поради нехумани и деградирачки услови за престој. Условите вклучуваат мувлосани ѕидови, искршени кревети, импровизирани тушеви, отворена електрична инсталација и екстремна пренатрупаност. Затворениците се изложени на ризик по здравјето и животот. Согласно член 3 од Европската конвенција за човекови права, нехуманиот и деградирачки третман е апсолутно забранет. Уставот на Република Северна Македонија во член 11 гарантира дека никој не смее да биде изложен на нечовечко или понижувачко постапување. Законот за извршување на санкциите предвидува минимални стандарди за сместување.

ПРАШАЊЕ:

Кога конкретно и како Министерството за правда планира да го затвори приемното одделение во затворот Идризово? Каде ќе бидат преместени затворениците кои моментално се сместени таму? Дали постои план за реконструкција или изградба на нов објект што ќе ги исполнува европските стандарди? Кои се предвидените рокови?

Барам детален писмен одговор во законски предвидениот рок.

Со почит,

Скопје, 16.02.2026 година Сали Муратти

Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за правда

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - СКОПЈЕ

Република Северна Македонија Министерство за правда

Кабинет на министер

ДО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДМЕТ: Достава на одговор по Пратеничко прашање ВРСКА: Ваш број 08-1310/2 од 20.02.2026 година

Почитувани,

Во врска со пратеничкото прашање на Сали Муратi, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија поставено до министерот за правда меѓу две седници на Собранието на Република Северна Македонија од 19 февруари 2026 година, а по добиени одговори од Управата за извршување на санкции, Ве известуваме за следното:

Во врска со прашањето кога конкретно и како Министерството планира да го затвори приемното одделение во КПД Идризово?

Во приемното одделение кое е реновирано и има капацитет за 20 осудени лица во моментот престојуваат 14 осудени лица. Согласно Законот за извршување на санкциите осудените лица во ова одделение престојуваат од 15 до 30 дена при што по направената класификација се преместуваат во соодветни одделенија во установата согласно третманската група.

Дали постои план за реконструкција или изградба на нов објект што ќе ги исполнува европските стандарди?

Во однос планот за реконструкција или изградба во тек е втората фаза за изградба на КПД Идризово. Имено, Банката за развој при Советот на Европа, по одржан Управен одбор на 12 јуни 2025 година и разгледување на Извештајот со превземени конкретни чекори и мерки од страна на УИС, доставени во април 2025 година даде согласност за продолжување на проектот до јуни 2026 година.

Министерство за правда на Република Северна Македонија Ул. Димитрије Чуповски “ бр. 9, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3116 493 www.pravda.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за правда

Кабинет на министер

На 12.01.2026 година, од страна на директорот на Управата за извршување на санкциите донесена е Одлука за спроведување на јавна набавка за Изградба на објекти во Централна сервисна единица, Притворско одделение, Затворено одделение и Инфраструктура во КПД Идризово, (Сегмент II Фаза 1) на која и следеше технички дијалог со краен рок за доставување на предлози и коментари до 27.01.2026 година, со што се овозможи секој заинтересиран економски оператор да даде свои предлози и коментари на објавената тендерска документација, со користење електронски средства. На 19 февруари 2025 година е објавен оглас за започнување на јавна набавка преку отворена постапка која ќе трае 45 дена од денот на распишување на јавната набавка.Се очекува истата да заврши до крај на мај 2026 година и да биде избран економски оператор за изградба на 2 фаза за КПД Идризово.

Со почит,

МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА Игор Филков

Изготвил: Катерина Гичев – посебен советник на министер

2 Министерство за правда на Република Северна Македонија

Ул. Димитрије Чуповски - бр. 9, Скопје Република Северна Македонија

+389 2 3116 493 www.pravda.gov.mk

ISO 9001 BUREAU VERITAS Certification

Сите пратенички прашања