
Даниела Николова
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниела Николова, поставено на 86-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Предложениот Законски текст декларативно зборува за автономија, зборува за европски стандарди, зборува за квалитет. Но, ако се чита внимателно член по член станува јасно дека позади тие убави зборови стои една централизиран, контролиран и политизиран модел за управување со универзитетите. Ќе зборувам за две клучни работи, за кој што ми се и прашањата. Прво за критериумот за напредување ха индексот како и за опасноста од институционализиран непотизам. И второ, за системското разградување на автономијата кој што овој закон го спроведува тивко но темелно. Имено Законот инсистира на веп оф сајнс како практично единственото мерило на научната вредност, а ха индексот го претвора во клучен услов за избор и ре избор во звање. На хартија реално изгледа модерно и објективно. Но во пракса станува збор за сведување на науката на бројки при што се дискриминираат цели научни област. Особено општествените и хуманистичките науки. Ги става младите истражувачи во невозможна а со тоа и не праведна позиција. И создава формално објективност кој а лесно се заобиколува со мрежата на моќ. Да бидам конкретна, ха индексот не го мери квалитетот туку покажува кој колку пати е цитиран. Во големите научни системи тоа можеби функционира. Но, во малите јазични заедници како нашата. Во правото, во општествените и хуманистичките науки, во истражувањето што се од национален интерес ова навистина на функционира. Тоа не значи дека трудовите се лоши, тоа значи дека тие природно ќе бидат помалку цитирани. Во исто време ова покажува дека мерниот инструмент кој што е одбран за мерење на квалитет е лош. Но, проблемите не завршуваат тука. Строгите критериуми на хартија во пракса во систем во кој може да постојат затворени академски кругови. Меѓусебни цистерни влијанија, формалната објективност може лесно да стане параван позади кој што ќе се фаворизираат едни исти луѓе. Дополнително морам да укажам на уште еден логички правен парадокс. Законот преведува повисоки и построги критериуми за ре избор во звање редовен професор од колку за самиот избор во тоа звање. Ова е апсурдно. Не може за едно исто звање со ист правен статус да има едни услови за влез, а други повисоки за да се остане во тоа звање. Тоа ја руши правната сигурност ја прави академската кариера несигурна. Понатаму, Законот не нуди реални механизми за спречување на непотизмот. Ваквите формално строги и не логични поставени критериуми во системот кој политички кадровски контролиран не го спречува непотизмот, туку напротив го легализира. Законот не содржи ниту една реална ефикасна забрана за вработување на деца на професори на истите факултети каде што работат нивните родители. Напротив во ваков систем тоа станува дури можност за непотизам на голема врата што беше за карактеристично за едно минато време, кога на факултетите се вработуваа деца на професори, па тие стануваа и нивни асистенти. Тоа министерке и вие добро го знаете. А имаме во пример во салата поточно излезе премиерот само што почнавме да збориме за ова. Во еден ваков систем токму тие деца вработени во истата институција каде што се и родителите имаат директен пристап до менторите кои што се колеги на нивните родители. Можност за консензус авторство со нивните родители иако можеби немаат никаков реален придонес во самиот труд. И лесен пристап во постоечките истражувачки кругови. Тој модел е симбол на академска ерозија. На затворен систем и на злоупотреба на афторитет. Со овој закон наместо јасно да се пресече со тие практики се создава средина во кои тие повторно стануваат возможни па дури и системски охрабрени. Строгите критериуми најлесно се исполнуваат токму во семејните кругови. Така се создаваат тие литистички кругови кој се на штета на талентираните млади истражувачи кој треба да исполнат невозможни услови. Да вложат големи финансии и во исто време да се борат и са така наречената елита. Затоа на младите истражувачи ќе им биде полесно да си заминат од државата. Затоа велам ова е закон кој формално зборува за квалитет, а суштински создава комфор за истите луѓе и истите фамилии. Додека за сите други тоа во системот го прави недостижно. Сега доаѓам до едно навистина суштинско прашање, а тоа е автономијата. Во првите членови законот ја прогласува автономијата, но подоцна низ одредите таа постепено се ограничува. Така член 17 став 3 предвидува дека статутот на универзитетот мора да добие позитивно мислење од Владата пред да оди на согласност од Собранието. Ова значи дека на универзитетот не може да го донесе својот основен акт без политичка дозвола од Владата. Тоа е директно и спротивно на уставната гаранција за автономија. Според членот 43 Владата предлага значителен дел од членовите на националниот совет. Или 6 од вкупно 15 члена. Тоа тело носи правилници за звање, научни полиња и критериуми. Со тоа Влада индиректно ги контролира сите академски стандарди. Член 44, точка 26 вели дека правилникот за посебни услови за избор во звање мора да добие позитивно мислење од министерот. Ако не добие такво мислење нема правилник. Е ова министерке е директна политичка контрола врз академското напредување. А во истиот член во точките 4 и 14 директно навлегувате во автономијата на универзитетите. Со членот 86 велите дека Владата именува 4 од 11 членови во универзитетскиот совет. А тоа тело може да запира одлуки на сенатот и на ректорот. Формално ја почитуваме автономијата, но фактички има моќ да ја блокира. Во член 144 Владата одлучува за бројот на студенти. Универзитетот предлага Владата решава. Контролата врз обемот на дејноста значи контрола врз развојот. Во членовите 113, 114, и 117 Владата ја одредува партиципацијата, дава согласност за школарина, но и како ќе се располага со имотот на универзитетот. И така финансиската автономија практично е укината. Членовите од 198 до 200, велат дека министерот може да поништи одлука на универзитетот, да запре акт и да преложи укинување на институцијата. Без суд, без академска инстанца, само со решение од министерот. Во член 202 став 3 инспекцијата може да ги преиспитува изборите во звање до 5 години наназад што остава простор за последици поради јасно искажан политички став. И кога се ова заедно ќе земете во едно ја добивате јасната слика. Извршната власт има влијание над основните акти на универзитетот, унапредување и вработување на кадрите, финансиите, уписот па дури и опстанокот на институциите. Е тоа е автономија колку што дозволува власта и министерот. Затоа ви поставувам две прашања. Како ќе гарантирате дека со примена на библиометрискиот ха индекс и веп оф сајнс нема да доведете до дискриминација на цели научни области и млади истражувачи. Уште поважно како ќе спречите тие формално строги критериуми да не станат параван за непотизам, меѓусебно цитирани и затворени академски кругови.