О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Николова, поставено на 86-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 февруари 2026 година Почитувана пратеничке, јас сум многу задоволна од тоа како поминав на УКИМ, имаше многу продуктивна расправа. Да, дел од забелешките ќе бидат прифатени, имаше такви, и има некои за кои реално дискутиравме, а тоа е вебл стаинс и ха индексот. Јас ви кажав зошто ха индексот не е дефиниран. Ќе го дефинираме утре, задутре, преку утре, ќе го видите на следната верзија предлог верзија на овој закон. За второто прашање кога зборувате, дозволете, јас многу ќе ви се извинам однапред, но не очекувам од вас волку ниско да го спуштите нивото на дискусијата. Треба ли јас сега да почнам да го отворам телефонот и да ги мерам индексите ако се регистрирани во базите на професорите од СДСМ. Не, не треба тоа да го правиме, оти не поентата ние сега да се мериме кој е подобар или кој не е подобар. Поентата е да направиме во државата да биде подобро, а јас тврдам дека се достапни, а можеби и се уплашени дел од луѓето, но тврдам дека се достапни затоа што во еден изминат период токму сега редовни и вонредни професори ги исполнувале овие критериуми. Не се барало, не работеле, се барале со друго луѓето, нивна работа. Но достижни се овие критериуми. Зборуваме за јавното добро. Ајде сега за автономијата. Значи бидејќи спомнувавте се ви одговорив дека и до сега било исто, и тогаш сте немале ништо против оти тоа го донела Рената Дескоска, а сега кога наводно го носи Весна Јаневска, ви кажувам дека 60 луѓе работеле на законот, сега истите одредби ви пречат. Мислам дека тоа не е фер и не е чесно. Советот постоел и во претходниот закон и во претходниот закон никогаш не бил формиран затоа што дефакто, жал ми е што морам да кажам, не велам за сите, но постоеле во академската заедница луѓе кои се плашеле да го формираат Советот. Нив треба да ги прашате зошто. Советот е орган или тело ќе се договориме како ќе го крстиме, но треба да биде орган затоа што Германија има Управен одбор, затоа што Франција има Управен одбор, затоа што Италија, некои други универзитети имаат управни одбори, а ние велиме Совет на универзитетот како што го претходевме претходно. Главната улога му е отчетност да види што и како работат универзитетите оти по трети, четврти пат повторувам не може универзитетите да се надвор од правниот систем. Не може во универзитетите да се случува криминал. Ние сите заедно рековме дека на нашите универзитети се случува криминал. Сите јавно зборуваме се купуваат дипломи, во преносно значење. Значи се завршува факултет без да се стекне знаење. Е па тој криминал треба да се запре. Сите јавно кажуваме дека се избираат професори на нелегален начин. Сите баравте од министерот да го запре тоа. Еве можност да го запре тоа, тоа е против правно, нелегално и треба да се запре. Значи Советот бара отчетност за тоа како се трошат парите кои граѓаните на државата им ги даваат на универзитетот, бара отчетност за тоа како функционирал универзитетот, дали го исполнил својот план кои они сами ќе го предложат. Имаме и нов модел за финансирање, ама тука никој не го спомнува дека предвидуваме дека ако се успешни ќе добија повеќе средства, за тоа сите молчат, ама кога ќе треба да кажат пред народот што сработиле е тука смета двајца или колку се 4 нека се членови од Владата, немаат мнозинство, плус тоа што Владата ќе го предложи со професори од истиот или други универзитети, не се службеници од министерствата, пишува децидно во законот. Од што се плашат универзитетите да излезат на еден состанок и да речат еве финансиски извештај, еве реализираност на планот, еве волку трудови сме објавиле, волку студенти ми се вработени после завршувањето. Ваква е нашата анализа на пазарот на труд, такви студиски програми ќе правиме, тоа ли е проблем. Не е тоа проблем, проблемот е една одредба во која се вели дека министерот, ќе парафразирам, не можам да ја цитирам на памет, има право да запре одлука на Сенатот до колку утврди дека некој акт на универзитетот е нелегален, е против законски нели, и потоа убаво се опишува и се знае законот дека за да утврди министерот ќе ги користи инструментите кои што му го дава Законот, Агенцијата за квалитет, Државниот просветен инспекторат итн. Сенатот е највисоко, ама академско тело, а судот е највисоко тело во државата која треба да одлучува за не легалностите што се спроведуваат или со едноставни зборови криминалите кои ги спроведува било која институција од државата. Судот ќе одлучи на крај, министерот и ако го сопре вели ќе го врати назад на Сенатот, Сенатот ќе има три месеци да одлучува, да поправи нешто што не е во ред и до колку Сенатот не го направи тоа, министерот ќе го запре Актот, а Сенатот, универзитетот нека одат на суд. Што е тука страшно што министерот ќе го направи. Јас пратеничке нема да бидам цел живот министер, утре некој од кај вас ќе биде министер, вие можеби ќе бидете министер, ќе дозволите ли пред очи да ви се случува криминал и да молчите. Ќе станете ли соучесник во тоа, оти ако знаете, а молчите вие дефакто станува соучесник. Зборуваме за одговорни граѓани, а министрите треба такви да бидат. Јас тука не гледам кршење на автономијата. Но побарав од правниците, од професорите по право да го дефинираат овој член и тој став и да го достават до Министерството. Утре работната група ќе види како го дефинирале. Но отчетност мора да се дава, пари дава државата, плати дава, режија дава, опрема купува, научно истражувачки проекти финансира, плаќа трудови во списанија, плаќа еднократна помош. Колку и да е скап трудот за објавување, сега се се помалку во електронска форма, 2,3,5 илјади евра Министерството плаќа. Дополнително 500 евра награда за тие што објавиле. Дополнително законот вели ако некој од професорите објави повеќе трудови во својот мандат од колку што е предвидено ќе добие 10% поголема плата цела година, никој за тоа не дискутира. Сите дискутираат дека многу се строги критериумите. Зошто сте строги кога наши луѓе ги исполниле, еве јас сум ги исполнила, оставете ги сите други. Не знам професорите од кај вас ги исполниле, сигурно има некои што ги исполнил, сигурно има. знам такви работеле со мене на Медицински факултет кој не се идентични во политичките мислења со мене, но ги исполниле условите и се реномирани професори. Има и на Правниот факултет такви луѓе, не знам од која партиска провиниенција, оти јас не ги делам професорите по партија, по етникум. Замислете вчера ме прашуваат, замислете академска заедница ме прашуваат дали имало Албанци во креирање на законот, не каков е законот. Еден ми вели млад професор какво фајде ќе имаат студентите ако јас одам на меѓународни конференции, очигледно никакво од неговото одење на меѓународни конференции. Но одење на други професори на меѓународни конференции ќе имаат. Тоа сакам, не јас, тоа сакаме сите ние да го спречиме, за нашиве деца да бидат конкурентни. Секаде во светот не за да отидат во Словенија и Хрватска да студираат туку за да можат во сопствената држава да работат и да ја придвижат кон напред. Тоа е интенцијата на Законот. До колку одлучи Комисијата утре да прифати, јас велам огромен дел забелешки прифативме, да прифати и други забелешки кои сеуште висат во воздухот така и ќе биде. Јас арбитрарно ништо не сум одлучила и ништо нема да одлучам. Конечно законот ќе дојде во Собрание, вие знаете каква е процедурата, вие ќе бидете на потег. Но внимавајте да не ви се налутат младите луѓе. Многу да внимавате оти казната ќе ги стигне нашите деца, моите внуци, вашите деца после 10 години ќе бидеме полоши од ова што сега сме ако воопшто може така. Но очигледно дното имало длабочина, сме го достигнале дното.