Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството најавува завршување процедури за коритото на Сува река

Резиме

Пратеничката Фериде Хаџиу го праша министерот за животна средина и просторно планирање кога ќе почне реализацијата на проектот за изградба на коритото на Сува река низ населени места во општина Сарај, по поплавите што ги погодија неколку села.

Министерот одговори дека постапката за проектот била завршена во јануари 2025 година, а договор за изработка на нов проект бил потпишан во јануари 2026 година. Рече дека Министерството ќе ги заврши потребните процедури и проверки пред изградбата. Проектот предвидува чистење и изградба на коритото, со цел да се намали ризикот од идни проблеми.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Фериде Хаџиу

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фериде Хаџиу, поставено на 86-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Моето прашање е за министерот за животна средина и просторно планирање, господин Муамед Хоџа. Почитуван министер, бевме сведоци на поплавите кои се случија од дождовите во неколку населени места помеѓу кои и во неколку села во општина Сарај. Затоа, сакам да ве прашам. Кога ќе почне да се реализира проектот за изградба на коритото на Сува река кој поминува низ неколку населени места во општина Сарај кој значи проблем ги тангира жителите од оваа зона со години. Почитувани министри од вас чекаме јасни одговори во интерес на граѓаните од општина Сарај. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Фериде Хаџиу, поставено на 86-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 февруари 2026 година Ви благодарам потпретседателке. Ви благодарам пратеничке за прашањето и интересот што го покажувате во врска со жителите на општина Сарај што е оставена на страна со декади. Проектот што го истакнавте со изградба на коритото на Сува река кое поминува низ неколку места во општината на Сарај почнувајќи од Бојане кое што е во територијата на општината Сарај до Глумово кој имаат некаде блиску 13 километри. Сите знаат дека овој проект или процедурата на овој проект е завршена во 2025 година во јануари во 2026 година сме потпишале еден договор што треба да направи по новиот проект и останува работата да се види, процедурата за изградба. И, како што министерството во овие денови ќе ги завршиме сите процедури потребни и ќе ја направиме и проверката за сите процедури што треба да се преземат во врска со овој проект што ги опфаќа овие села. Се предвидува чистење и изградба на коритото на ова место и треба да ги намали можностите за да имаат граѓаните проблеми во иднината. Ќе биде исчистена и сите води ќе течат каде што треба. Во оваа општина нема да биде само овој проект ќе имаме и други реализирани проекти. Ние и пред неколку дена бевме таму и почнавме со реализација на еден проект кој е изграден за водоснабдување и канализација со 87 милиони денари Министерство за животна средина и просторно планирање го поткрепува овој проект. Средствата се обезбедени и за пат во селото Раовиќ, проектите нема да застанат тука бидејќи сакаме да реализираме проекти во територијата на цела наша земја за да создадеме подобри услови за граѓаните во нашата земја. Проектите на кои на граѓаните ќе им ја олеснат и работата. Фокусот ќе биде реализирање на проектите за доброто на граѓаните. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања