
Сали Мурати
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 90-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 04 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Стратешкото партнерство помеѓу Република Македонија и Република Турција претставува значаен столб на надворешната политика на нашата држава. Односите меѓу двете земји имаат длабоко пријателски и братски карактер и се засноваат на заеднички вредности и интереси. На 28 феврари 2025 година, за време на правата официјална посета на премиерот Христијан Мицкоски на Република Турција, беше потпишана Политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво меѓу владите на двете земји. Оваа Декларација е заснована на темелите на Стратегијата за зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Турција од 2008 година. Целта на Советот е продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заедничкиот интерес, почнувајќи од политика, безбедност, одбрана, економија, трговија, енергетика, транспорт, инфраструктура, земјоделство, медиуми, туризам, култура, наука, образование, здравство, животна средина и дигитална трансформација. Почитуваниот претседател на Република Турција, Ердган изрази надеж дека ќе присуствува на првата седница на Советот што треба да се одржи во Скопје, меѓутоа јавноста нема доволно информации за конкретна активност и временската рамка за имплементација. Почитуван премиере, замолувам да добијам одговор на следните прашања, како една целина. До каде е процесот на формализација и конституирање на Советот за соработка на високо ниво? Дали се формирани работни тела и дефинирани надлежностите? Дали се извршени активности во рамките на Советот од моментот на потпишување на Декларацијата до денес? Кога конкретно се планира одржување на првата седница на Советот во Скопје? Која е агендата на приоритетните теми што ќе бидат дискутирани на правата седница? Дали се изготвени конкретни акциони планови за имплементација на стратегијата, особено во однос на зголемување на билатералната трговска размена од моменталната една милијарда долари? И, какви механизми за следење на работите на Советот се предвидени и како граѓаните и токму и ние Собрание ќе бидеме информирани за оваа проблематика?