Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Прашање за полагање на правосудниот испит на албански јазик

Резиме

Пратеникот Скендер Реџепи го праша премиерот зошто Законот за правосудниот испит не предвидува студентите да полагаат и на албански јазик, оценувајќи дека тоа е дискриминација. Во своето излагање тој изнесе и критики за евроинтеграциите и за производство и трговија со канабис.

Премиерот ги отфрли тврдењата дека Владата го блокира евроинтегративниот процес и дека земјата е „европска Колумбија“, а одговорноста за застојот ја припиша на претходната влада. За правосудниот испит рече дека уставните одредби и законите треба да се толкуваат заедно, критикувајќи го начинот на кој претходната влада го донела законот. Додаде дека Владата бара начин да го реши прашањето.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Скендер Реџепи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Скендер Реџепи, поставено на 90-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 04 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувани, имам само едно прашање. Моето прашање е упатено до премиерот затоа и така напразно се поставуваат прашањата на другите министри. Ќе го поставам ова прашања за да елаборирам еден факт. Во отсуство на капацитет за справување со предизвиците сите министерства и целата Влада постојано се занимава со етничките прашања и уставните и законски права на Албанците. Со тоа се дефокусираат од реалните проблеми, а еден од тие проблеми е фактот што Северна Македонија односно Владата на Северна Македонија постигна со не менување на Уставот да го блокира патувањето кон Европската Унија и со тоа да останеме изолирани од Европската Унија и со тоа да бидеме во позиција сега и покрај глобалните текови или војната во Средниот исток последиците кои што ќе бидат исклучително штетни и болни од економски и социјален аспект во цел свет ние ќе ги почувствуваме најмногу од сите затоа што сме целосно изолирани од Европската Унија и можноста од конкретна помош. Меѓутоа повторно има причина за де фокус. Второто кое што е исто така битно и се настојува да се премолчи дека Северна Македонија стана европска Колумбија затоа што постојат трговски центри или картели на дрога кои што се во Источна Македонија и кои што постојано се произведува со десетици тони, наводно заради фармацевтски потреби, меѓутоа истите завршуваат на нарко пазарот. Бевме сведоци за 5-те тони фатени дрога, ако беа брашно ќе биде премногу да се преминат преку границата на Северна Македонија. Меѓутоа прашањето е колку други тони поминале и дека тие истите завршуваат во европските држави. За жал во полна смисла европска Колумбија сме станале и можам да ја замислам реакцијата на сите аналитичари, медиуми до колку картели на дрога во Западна Македонија Тетово, Гостивар можам да замислам колку недели и месеци ќе беа дел од медиумското внимание особено со анаметисување на Албанците. Говорејќи за министерствата, нема да говорам за министрите на Влен затоа што истите застанале во време и простор. Уште пред две години во мигот кога дискутирале за потребата од лични позиции во Владата, меѓутоа внатре партиската војна од типот да се биде прв, втор, трет, еден, двајца претседатели ротација или што и да е и верувајте дека и по две години Влен е во истата позиција, со истите дилеми и воопшто не се занимава со прашањата кои што ги засегнува нивните гласачи со прашањата за кои што се тие обврзани да постапуваат, да го кренат гласот, да ги заштитат економските социјалните културолошките и социјални потреби на граѓаните што доаѓаат од нивните места. Едноставно не постои таква Влада или пак Влен падна во дупка и така ќе остане долго време за жал. Нема да говорам и за Министерството за образование или пак Законот за високо образование затоа што сметам дека министерката е во црнина и лично и изразувам сочувство за загубата во нејзиното семејство и ќе го испочитувам ова прашање. Министерството кое што е обврзано да работи за унапредување на меѓу етничките односи е Министерството кое што најмногу ги оштетува тие меѓу етнички односи. Освен проруската и просрпската политика што ја води овој министер тој ништо друго не успева во насока на унапредување на значајните прашања за меѓу етничка кохезија. За жал, неговата политика е штетна и во спротивност со политиката на Европската Унија. Зошто тој ја оцрнува Владата и зошто се дозволува оцрнување не ми е јасно, меѓутоа тој министер продолжува да биде дел од медиумите занимавајќи се со албанските етнички прашања, занимавајќи се со албанските администратори, често пати ги остава во мизерни услови, често пати ги отпушта од работа, ги брка од работа и од како ќе се вратат на работа согласно одлуките на комисиите повторно ги суспендира од работа покажувајќи дека за него не постои ни Устав, ниту закон, ниту одлука на Комисија, ниту ништо и Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи е во иста линија. Во текот на овие две години тие успеаја да отпуштат или отстранат од многу значајни позиции многу професионалци само подари нивната етничка или политичка припадност, поради различните убедувања што го имаат во текот на нивните именувања и за жал ова се докажува на граничните премини каде што етнички е познато дека тие што се со Косово и Албанија каде што се знае дека се етнички мнозинство Албанци и тие гранични премини сепак Министерството за внатрешни работи успеа и од таму да ги отстрани од раководни позиции да позиционира други луѓе и да ги оштети овие права опфаќајќи ги тука правата на обичните полицајци кои што се тука задолжени или на работа. И Министерството за јавна администрација и за информатика во не можност од занимавање со реалните проблеми постојано имплицираат во медиумите етнички проблеми. Меѓутоа тоа за што сум денес тука јас и Министерството за правда, се разбира не му давам луксуз на министерот за правда да му поставам прашање затоа што сметам дека неговиот шовинистички речник кој што се крие зад неговиот внатрешен лажен патриотизам не заслужува да му се обратам. Тука е премиерот, човек кој треба да одговори за сите негови министри, за работата на Владата и за се што ги засегнува граѓаните на Република Северна Македонија. Почитуван, патриотизмот не се храни со омраза кон еден друг народ, било да е тоа македонскиот патриотизам и албанскиот патриотизам или кој и да е друг. Патриот е човек кој што го сака својот народ но, меѓутоа не го мрази ниту еден друг народ и не работи на штета на никој друг. Министерот докажал одамна дека го има заборавено овој пат или оваа насока. Премиере, пред мене е Законот кој што е за полагање на правосуден испит јавно. Ве прашувам за јавноста да ни кажете мене всушност на јавноста не мене: Каде и во кој член од овој Закон стои дека правосудниот испит треба да се полага на Македонски јазик. Ќе повторам. Во кој член од Законот стои дека правосудниот испит треба да се полага на Македонски јазик. Ќе ве поштедам од одговор. Не пишува во ниту еден член. Не само овој туку во ниту еден закон, член. Знаете зошто? Поради законското образложение кое што е во право. Во Уставот на Северна Македонија службен јазик е Македонскиот јазик и неговото Кирилско писмо. И, во Законот за употреба на Македонскиот јазик е јасно дефинирано и во сите државни институции, локални, централни, секаде службен јазик е Македонскиот јазик и затоа нема потреба да стои и да фигурира во соодветниот Закон но, меѓутоа тоа што е мое прашање на кое што сакам да одговорите вие премиере: Зошто истото правило не важи и за Албанскиот јазик кога се знае дека исто како Македонскиот јазик и Албанскиот јазик во Уставот на Северна Македонија е службен јазик и неговото латинско писмо. Кога се знае дека и во Законот за употреба на јазиците е дефинирано дека Албанскиот јазик е службен јазик покрај Македонскиот јазик е службен јазик во сите институции тоа е членот 1, во сите институции, во сите државни комисии, во сите раководни органи, органи утврдени од Владата, државни органи Значи албанскиот јазик е исто така, службен јазик. Зошто оваа дискриминација премиере се прави за Албанскиот јазик и зошто има потреба во Законот за полагање на правосуден испит да мора да стои дека и албанскиот јазик треба да стои дека студентот има право да полага и на албански јазик. Тоа е дискриминација премиере, затоа што, е и повредување и на Уставот, на Законот за употреба на јазиците и е национално право на студентите кои што и така низ професионален аспект нивните максимални податоци, без оглед на нивната етничка припадност имаме морална, човечка обврска да стоиме до тие студенти. Да им овозможиме достоинствен живот, еднакви услови за полагање на правосудниот испит за утре да бидат и тие дел од секоја институција и државен орган. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Скендер Реџепи, поставено на 90-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 04 март 2026 година Благодарам претседателе. Ќе се обидам кратко во рамките на овие 5 минути да дадам најпрвин одговор на почитуваниот пратеник Скендер Реџепи на оние две теми кои што ги почна во своето прашање како пи ар трик за растурање пердуви. А, тоа се дека Владата го блокирала евроинтегративниот пат и дека сме биле како европска Колумбија. Тоа не е точно и сакам уште еднашка да го демантирам вака пред цела пред цела македонска јавност. Евроинтегративниот пат го блокираше Владата која што вие ја поддржувавте во минатото која што го суспендираше овој Парламент без да го праша а презема обврски кои што не можеше да ги испорача знаејќи дека за промена на Устав се потребни две третини и наместо да ги праша пратениците во овој Парламент, вашите колеги, таа тоа не го направи и сега сме таму каде што сме а оваа Влада се обидува да најде начин да го задржи достоинството на македонските граѓани и да го придвижи евроинтегративниот процес напред и за деталите нема да зборувам бидејќи сум зборувал многу пати за да не бидам како вас. Често пати кога ќе излезете овдека се обидувате на националистички теми да добивате поени но резултатите на локалните избори ви дадоа одговор дека таа политика не ви се исплати. Понатаму, европска Колумбија, производство на канабис. Канабис економијата е од претходната Влада која што вие ја поддржувате и со која што сте во коалиција. Ние напротив се трудиме да расчистиме и десетици милиони тони канабис веќе се запленети се наоѓаат депонирани. Се чекаат судските процеси. Повеќе од дваесетина лиценци веќе се одземени така што, онаа канабис економска политика која што ја водеше претходната Владата а која што вие ја поддржувате е минато и се надевам дека никогаш повеќе во Македонија нема да се повтори. Е, сега доаѓаме до оној дел во кој што мене ме обвинувате или ги обвинувате граѓаните дека некого мразат. Оваа Влада, ќе ви кажам неколку примери зошто ви е погрешна тезата. Оваа Влада засилено го работи Коридорот 8 односно автопатот познат во јавноста како Бехтел и Енка а го започнавме од нула бидејќи за Владата претходна која што вие ја поддржувавте и во која што сте вие дел ја интересираше само да ја добие авансната уплата на парите и претпоставувам од таа авансна уплата дел од парите завршуваат некаде. Но, тоа органите в судовите и во истрагата ќе си докажуваат и ќе си прават и т.н. Тоа што го прави оваа Влада е да ги решава проблемите и да го гради тој автопат и да можат граѓаните да го користат многу скоро од денеска и ќе продолжиме и понатаму. Оваа Влада вложи повеќе од половина милијарда евра во општините на еднаква основа нешто што Владата која што вие ја поддржувавте и во која што сте коалиција апсолутно не го направив вклучувајќи ги градоначалници кои што се од опозицијата. Не само градоначалници кои што се од Владата вклучително и градоначалникот да речеме на Гостивар, Врапчиште и т.н. Оваа Влада ја заврши процедурата за автопатот Блаце - Скопје, ја заврши евалуацијата. Чекаме одговор од банката, нешто што вие не го направивте повеќе од 20 години односно Владата која што вие ја поддржувате и во која што сте вие коалиција. Оваа Влада ќе ви даде одговор и за правосудниот испит во кој што вие не успеавте да го решите како проблем имајќи во предвид дека претходната Влада на еден би рекол начин кој што нема никаква врска со демократијата донесе Закон кој што во „Службен весник“ е објавен со потпис на заменик Генералниот секретар на Парламентот. Од прилика така изгледа тој Закон кој што вие го цитиравте сега. Е, сега јас ќе го цитирам членот од Уставот за кој што вие зборувате. Тоа е членот 5, Амандманот 7 кој што вели, начелата на став 1 - На целата територија на Република Македонија во нејзините меѓународни односи службен јазик е Македонскиот јазик и неговото Кирилско писмо. Точка. Тоа е став 1, став 2 - Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% или Албанскиот исто така, е службен јазик и неговото писмо како што е определено со овој член. По доле во одредениот став вели, во одреден став по доле, вели: Во органите на државната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот може да се користи во согласност со Закон. Ако го читате Законот за јазици, ќе дојдете до заклучок дека Законот за јазици е лекс генералис, не може да над синхронизира лек специјалис како што е правосудниот испит а вие сте требале кога сте го донеле Законот за јазици да ги хармонизирате сите останати закони ако сте сакале денеска да вадите политички поени и да ги манипулирате студентите кои што и мои студенти. И, јас навистина сочувствувам со нив а ние како Влада бидејќи немам време да ви одговорам целосно. Еве ќе ви кажам на кратко, бараме начин, бараме начин и ќе го најдеме тој начин. Тоа што вие не успеавте повеќе од 20 години. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања