Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче праша за навреди и тензии на натпреварот Вардар–Башкими

Резиме

Пратеникот Халил Снопче праша што презеле премиерот и институциите по инцидентите на натпреварот Вардар–Башкими. Тој се повика на медиумски извештаи за навредливи и расистички повици кон Албанците, како и на тензии и постапување на полицијата. Праша и дали премиерот разговарал со претседателот на Фудбалската федерација и со министерот за внатрешни работи.

Министерот за спорт рече дека не бил на натпреварот и повика навивачките инциденти да не се мешаат со етнички проблеми или да се политизираат. Посочи дека станува збор за долгогодишен проблем и дека Министерството одржало неколку состаноци со навивачки групи, а Владата и Министерството се залагаат против насилството и етничките поделби во спортот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 90-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 04 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Господине министер, моето прашање во однос на последните скандали што опфаќаат расистички закани и навредливи повици до етничките заедници особено до Албанците на фудбалските натпревари. Конкретно Вардар - Башкими, навивачите навредуваа многу кон Албанците со тоа што имаше и физичка тензија. На натпреварот на македонското првенство значи Комитите упатија до навивачите на Башкими навредливи зборови. Според медиумите се слушале на трибините повици како значи не ги велам јас, го потврдувам тоа што е во медиумите. Убијте ги Албанците, Шиптар е мртов Шиптар и многу други навредливи повици со омраза. Натпреварот Вардар - Башкими го покажа вистинскиот лик на Фудбалската Федерација на Македонија со тоа што инцидентот почнува од синот на претседателот на Фудбалската Федерација му помага судијата и го казнува со црвен картон играчот на Башкими и потоа следат навреди, расистички повици против Албанците се разбира. Кога исто како премиерот што не ги слушна анти албанските повици во Куманово и во овој натпревар овој пат повиците не ги слушна судијата и другите делегати во натпреварот. И, друг скандалот е кога полицијата насилно го отстрани делегатот на фудбалскиот клуб Башкими и по натпреварот имаше судири со полицијата и со персоналот на фудбалскиот клуб Башкими. Моето прашање господине премиере, што сте презеле во оваа насока. Дали сте комуницирале со претседателот на Фудбалскиот Сојуз? Што ве известил? Дали сте комуницирале со министерот за внатрешни работи? Дали сте го прашале министерот, дека можеби полицијата била многу остра на некои фудбалски натпревар и фаќајќи страни и без да биде на ниво на својата должност? И, кое е вашето размислување во оваа насока, за овие инциденти.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за спорт

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 90-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 04 март 2026 година Благодарам почитуван претседателе. Почитувани колеги пратеници, почитувани колеги министри. Благодарам за прашањето. Мислам дека не би сакал овој тип на прашања да се мешаат со етнички проблеми, затоа што навистина нема место за тоа. Проблемите помеѓу навивачките групи се повеќе децениски проблеми и мислам дека сите заедно треба да работиме на смирување на тензиите и на работење взаемно за полека, по се намалува тој притисок и со тек на време да исчезнува, затоа што навистина не е лесно ни на Министерството за внатрешни работи, ни на претседателот на федерацијата, и на крај на денот нити нас спортистите кои што се дел од тој немил настан. Јас навистина не сум бил на тој натпревар, меѓутоа можам да кажам дека како министер и Министерство и како Влада, секогаш се залагам и ќе се залагаме за да нема насилство во спортот и посебно да нема етнички мешања и етнички разделби во спортот, затоа што вие посочувате еден пример. Меѓутоа јас можам да ви посочам уште барем најмалку три од спротивната страна и ако влеземе во дебата кој кого повеќе навредува, мислам дека ќе биде една дебата без крај, затоа ве замолувам да не го политизираме овој проблем. Да не го мешаме етнички, затоа што не е на помош нити на крај на денот нити на Албанците, нити на Македонците, ни на било кој етникум кој што живее во државата. Министерството за спорт работи и веќе има неколку состаноци со навивачки групи кои што се дел од спортските натпревари и ако Сакате, ако сте толку заинтересиран, ќе ве повикам и вас, јавно да заедно бидете дел од тимот кој што ќе разговара се во насока на смирување на овие етнички тензии, затоа што мислам дека конечно е поминато времето на проблемите на спортските натпревари и сите заедно треба да работиме на зближување на двата народа да и ги кажам кои што се дел од, кои што живеат на територија на Република Македонија. Така да, во таа насока Министерството за спорт оди чекор понатаму, ако сакате да ги делиме по етникум работите, Министерството за спорт инвестира капитални спортски инвестиции во повеќе да ги нарачам албански средини кои што бенефит имаат албанските дечиња кои што заедно со македонските дечиња треба на крајот од денот да створат еден соживот и да направиме еден моментум каде што и албанските дечиња и македонските заедно ќе играат, ќе се дружат, ќе растат заедно и на крај на ден преку можеби не оваа генерација, меѓутоа наредните генерации нема да можат и да имаат таква некое си нетрпение на спортските натпревари и се надевам дека за брзо време овој проблем ќе биде решен, не може одеднаш затоа што ви кажав е повеќе децениски. Јас сепак благодарам за прашањето, благодарам затоа што го посочивте и мислам дека сите заедно треба да работиме на надминување на овој проблем. Благодарам.

Сите пратенички прашања