
Сали Мурати
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 90-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 04 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Република Македонија има обврска да ги имплементира препораките на Европскиот комитет за превенција од тортура на Советот на Европа, Европската комисија и Народниот правобранител. Овие препораки се однесуваат на подобрување на условите во затворите, справување со пренатрупаноста, обезбедување на здравствената заштита, борба против корупцијата и подобрување на ресоцијализацијата. Европскиот комитет за превенција од тортура во Извештајот за 2024 година констатира дека состојбата во затворот Идризово останува алармантна со сериозна пренатрупаност, распространета корупција на персоналот и неадекватна здравствена заштита. Исто така Европската комисија во Извештајот за напредокот на нашата држава за 2024 година заклучи дека цело купната состојба во затворите останува многу лоша и повикува на итна акција и подобрување. Исто така и Народниот правобранител на нашата држава во извештаите за 2023 и 2024 година повторно констатира нехумани услови, екстремна пренатрупаност, недостаток на здравствена заштита и апелира на итно затворање на применото одделение во затворот Идризово поради деградирачки услови. Согласно нашите меѓународни обврски, произлезени од членството на Советот на Европа и процесот на пристапување на нашата држава кон Европската Унија, државата мора транспарентно и одговорно да ги имплементира препораките на овие институции. Па, поради тоа почитуван министер ве прашувам, дали Министерството за правда има детален акционен план со јасно дефинирани рокови, одговорни лица и мерливи индикатори за имплементација на препораките на Европскиот комитет за превенција од тортура, Европската комисија и Народниот правобранител во наведените извештаи како што кажав. Кога конкретно овој Акционен план ќе биде јавно објавен и достапен до граѓаните и граѓанските организации и меѓународната заедница? И какви механизми за независен мониторинг за спроведување на овој план се предвидени за да се обезбедат навремени и реални имплементации на препораките. Граѓаните на нашата држава заслужуваат транспарентен одговор во однос на подобрување на затворскиот систем. Прашањето го поставувам до министерот за правда.