Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Владата најавува априлско зголемување на платите во здравството од 5 до 7 проценти

Резиме

Пратеничката Александра Николовска го праша премиерот Христијан Мицкоски колкав е процентот на зголемување на платите на здравствените работници во јавните здравствени установи и какви се плановите за нивно понатамошно системско унапредување.

Мицкоски одговори дека во април платите треба да се зголемат меѓу 5 и 7 проценти, зависно од расположливите средства, и дека договорот за платите важи до 2028 година. Тој посочи и дека Владата работи на регулирање на работното време, како и на други мерки и инвестиции во здравствениот сектор.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Александра Николовска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Александра Николовска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам потпретседателе. Почитуван претседател на Владата, почитувани министри, почитувани колеги пратеници, почитувани претставници од медиумите, почитуван македонската јавност. На денешната седница посветена на пратенички прашања, имам три пратенички прашања до претседателот на Владата, господинот Христијан Мицкоски. Моето прво прашање се однесува на здравствениот сектор, пред се, бидејќи доаѓам од таа стручна област која што е една од клучните столбови на секое општество, а мора да признаеме дека вложувањата по човечкиот капитал се од огромно значење. Како дел од ова парламентарно мнозинство гледам дека Владата веќе презема чекори во насока на унапредување на условите и вреднување на трудот на здравствените работници, што е позитивен сигнал за целиот систем. А она што мене ме интересира, се конкретните бројки и податоци, колкав процент изнесува зголемувањето на платите на здравствените работници во јавните здравствени установи и каква е индицијата на Владата за нивното понатамошно системско унапредување.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Александра Николовска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитувана пратеничке, здравството претставува сериозен предизвик за оваа Влада од многу причини, затоа што наследивме една катастрофална катаклизмично состојба, поради би рекол ужасно лошите криминални политики од минатото, така наречени стабри здравствени политики. Кога во екот на корона пандемијата, кога бевме најлоши на моменти, на крај завршивме едни од најлошите во справувањето со таа пандемија, имавме такви политики. Тие кои што го водеа тој сектор и таа Влада наместо да се грижат за здравјето на граѓаните, наместо да обезбедуваат неопходни медикаменти и материјали за да се спасат што е можно повеќе наши сограѓани, тие одлучија да склучуваат договори за интервентни набавки на вакцини од компанија регистрирана во Хон Конг чија што основна и доминантна дејност била до тој момент трговија со јужно овошје. Отприлика таа стабри здравствена политика функционираше во услови на епската и најголема криза во здравството, односно во државата. И пред да продолжам со мојот одговор на вашето прашање, добро е камерите повторно да ја фатат оваа страна од салата, моја лева, ваша десна страна, бидејќи денеска се пратенички прашања и замислете од опозицијата нема никој присутен во салата, додека одговара претседателот на Владата и членовите на Владата. Еве сега дојде еден од опозицијата добро е, ќе имаме барем по некој. Така што ова е сликата отприлика како делува собраниската сала за овие кои што се многу загрижени за граѓаните, барем тие така викаат, па предлагале мерки, па политики креирале и така натаму. А кога имаа можност да предлагаат мерки и политики правеа се спротивно од тоа. И они мислат дека граѓаните имаат меморија на златна рипка и заборавиле сето тоа кое што се случуваше 7 години, дека имаат кратко помнење, па тука повторно ги како кажам, ги навредуваат граѓаните и нивната колективна меморија, но тоа е нивен проблем, на крајот од денот резултатите сите можеме да ги видиме какви се. Да се вратам на вашето прашање. Оставија енормно големи договори во здравството, оставија опашки со катастрофа, односно многу погрешни политики, оставија проекти кои што во минатото ги потпишувале, односно проекти кои што практично значат дополнителен товар, посебно на клиниките во Клиничкиот центар Мајка Тереза и кога сето тоа ќе го заокружите, тогаш доаѓате до една катаклизмично, односно катастрофална ситуација. Лично, Заедно со министерот за здравство, со директорот на Фондот работиме на решавање на проблемите кои што не се од сега, туку со децении останале таму. И знам колку работи и министерот и директорот на Фондот и лично мојот фокус е на здравството и на здравствените политики и убеден сум дека голем дел од овие проблеми се решаваат и ќе бидат наскоро решени, дел се решени, но важно е дека немаме нови проблеми. Инаку, од година во година, Буџетот во здравството расте, оваа година сме близу една милијарда евра отприлика. Во тој буџет се разбира се вкалкулирани и зголемувањето на платите за здравствените работници. Еден од првите договори кои што како Влада ги потпишавме покрај оној во образованието беше токму и тој во здравството. И оваа година во април таа бројка треба да порасне помеѓу 5 и 7%. Се анализираат расположивите средства. Сите сме повеќе за горната граница, но треба да видиме какви се моментално расположивите средства за зголемување на платата на здравствените работници. и тој договор е со важност до 2028 година. оваа година и покрај тоа што е тешка и покрај тоа што треба две и пол милијарди евра да се обезбедат и вратат од Буџетот. И покрај тоа што ни се случува тоа што ни се случува, односно војната во Заливот веќе еден месец се направи откако таа војна трае и покрај тоа што се случува епски најголемата криза би рекол во светот енергетска ние сепак сето тоа кое што сме го преземале како обврска и сме го договориле со нашите колеги, како Влада зборувам, ние тоа и ќе го испорачаме. Е сега кога станува збор за здравството треба понекогаш не само да зборуваме убави работи, треба да зборуваме малку и со доза на критика кон одредени здравствени работници кои што наоѓаат начин преку чуден еден нов изум или еликсир кој што јас го нареков еликсир на континуирана работа да книжејќи си дежурства да добиваат месечни примања кои што често пати знаат да бидат и над 10 илјади евра. Да. чудно, но вистинито. Има и такви здравствени работници кои што со помош на овој еликсир успеале да работат 31 ден во месец кога има 30 дена или помалку 28, ни помалку ни повеќе туку 24 часа. 31 ден, 24 часа без одмор, без пауза, цело време посветени на работа. Има и такви случаи. И сега треба ние да се самите преслушаме каде одиме затоа што ова со системско решение не се решава. Ова е личен момент и секој треба својата лична одговорност да ја пренесе на останатите. Ние како Влада можеме да донесеме системско решение и прави министерот. Воведува регулирање на работно време. Дури одиме и понатаму да се обидеме и со фингер принтер терминали дали и на тој начин тоа ќе го направиме. Дури има и случаи луѓе кои што се на дежурство со помош на овој еликсир на младоста во јавните здравствени установи истовремено наоѓаат начин и во приватните здравствени установи да прегледуваат. Има и такви случаи да речеме. Но тоа не е до Владата. тоа не е ниту до министерот, ниту до директорот на Фондот, на ниту на никој од нас. Треба само свеста кај некои луѓе да проработи. И замислете има такви кои што се и би рекол во научната фела многу високо позиционирани. Јас нема да споменувам имиња, но доколку е тоа потребно можам и тоа да го направам во одредена фаза. Затоа што на тој начин директно се удира по грбот на граѓаните и на здравствените корисници. Истовремено сакам да кажам дека ја зголемивме капитацијата за општите лекари, односно за матичните лекари која што не беше зголемена со години. Истовремено сакам да кажам дека ја зголемивме капитацијата за гинеколозите и стоматолозите. Истовремено вклучивме после не знам колку долго време нови лекови на позитивната листа. Отпочнавме процес со кој што ќе инвестираме директно во инфраструктурата, а тоа е конечно да се заврши Клиничкиот центар во Штип заедно со студентскиот дом и нова зграда за Медицинскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев. Болницата во Кичево, Клиничката болница во Тетово. И кога сето ова ќе се заокружи успешно, бидејќи проектот процесот за барање на финансиска институција трае, следен чекор е да влеземе во оној голем потфат, а тоа Клинички центар во Скопје. Имам една идеа која ја разработуваме но таа идеа е поврзана со имот кој што е приватна сопственост. Разговараме со тоа лице и се надевам дека ќе постигнеме договор. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања