Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Премиерот повика жртвите на уцена и корупција да пријавуваат

Резиме

Александра Николовска праша каква е пораката на Владата во напорите за сузбивање на криминалот и корупцијата, посочувајќи ја нивната важност за правната држава и довербата во институциите. Во прашањето таа наведе дека неодамна бил уапсен функционер за примање мито од 50 илјади евра.

Премиерот одговори дека Владата ќе постапува и против функционери поставени на позиции од актуелната власт, а граѓаните и сопствениците на компании што се жртви на уцена ги повика да пријавуваат и да соработуваат со институциите. Рече дека тоа е неопходно за да се обезбедат докази и да се фатат сторителите, вклучително и посредници. Тој наведе и случаи на функционери што, според него, биле откриени и процесуирани.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Александра Николовска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Александра Николовска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање се однесува на борбата против корупцијата. Тема која е од суштинско значење за функционирањето на правната држава и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите. Воедно во речиси сите неодамнешни истражувања граѓаните ја нотираат токму корупцијата како еден од најголемите проблеми со кои државата се соочува покрај економската состојба и животниот стандард. Како дел од ова парламентарно мнозинство сведоци сме дека Владата постави јасен приоритет на ова прашање, при што во изминатиот период забележуваат конкретни активности и постапување од страна на надлежните институции кои после долг период постапуваат соодветно и неселективно, што испраќа силна порака до нашите граѓани дека никој не е над законот. Пред само неколку дена видовме дека функционер е уапсен поради примање на мито од 50 илјади евра, па би сакал да прашам, која е вашата порака во однос на напорите на Владата за сузбивање на криминалот и корупцијата.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Александра Николовска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитувана пратеничке благодарам на прашањето. Повеќе пати го повторувам тоа ќе го кажам и сега, а тоа е дека нема полоша работа за една држава, за една нација, за граѓаните од тоа да имаме луѓе кои што управуваат со институциите, без разлика на кое ниво а се заложници нечии, односно се би рекол затруени и инфицирани со криминал и корупција. И за тоа нема ништо полошо. Не само тој случај и други претходни случаи каде што исто така имаше луѓе кои што се од би рекол од оваа Влада поставени на тие позиции беа исто така санкционирани. Започнувајќи од оној директор на Геријатрија, продолжувајќи преку оној директор во Платежната агенција во Земјоделие, завршувајќи до овој последниот случај и така натаму. И ќе има и други доколку имаме такво девијантно однесување. Но сакам да кажам дека ова е резултат на пријава на жртва. После тоа се случуваат откривања и на други жртви кои велат ама и јас бев, и јас бев, и јас бев и така натаму. Но тоа претпоставувам ќе биде дел од истрагата понатаму за сите овие случаи. Јас затоа замолувам секогаш, еве повторно овде во Собранието, пред македонската јавност доколку има граѓани, сопственици на компании кои што се жртви на било каква уцена слободно мојот број е тој, еден е, непроменет е, слободно можат да пријават ако мислат дека можеме да помогнеме. Но мора да учествуваат во процесот за да дојдеме до корпус деликт, односно до фаќањето на лице место. Некој ќе рече добро а од претходниве? Ние од претходните не можеме да ги фатиме корпус деликт бидејќи тие се сега опозиција и не се овластени лица. Но затоа како што реков имаме ревизорски извештаи кои што извештаи од самите институции копи што очекувам новиот јавен обвинител да се позанимава со нив. Таму има основани сомневања за сторен криминал и злоупотреби, противзаконски дејанија и така натаму. Но сегашните можеме да ги фатиме. Или некакви посредници пошто често пати има и посредници. Често пати има посредници кои што го знам јас премиерот, еве сега ручавме заедно, вечеравме, да ти завршам оваа работа, го знам и министерот или оној или овој. Има и такви и тие ќе се фатат. И кога ќе се фатат тие ќе кажат дали тоа го прават своеволно или имаат некој кој им рекол тоа да го прават. Има неколку такви посредници кои што ги мониторираме во овој момент за различни институции и кои што мислат дека тие се безбедни. Но ги мониторираме во моментов и чекаме да се случи потег, а потоа и наш потег. Секоја акција има и реакција. Тоа е закон на физика. Затоа ги замолува, сите кои се жртва на ова дејание да пријават, да кажат за да можеме ние како Влада да преземеме соодветни мерки. ќе повторам не постои начин ако не соучествува жртвата ние некого да фатиме со корпус деликти, со докази. Затоа е многу важно да имаме заедничка интеракција со сите тие. И само на тој начин ние можеме да направиме правна држава. Само на тој начин ние можеме да ја вратиме довербата кај граѓаните. Инаку кога станува збор за борбата со криминалот и корупцијата на улиците, посебно во главниот град, мислам како што тоа робусно и одлучно го направи оваа Влада, никој претходно тоа не го направил. И да не заборавиме оваа Влада не прави естрада од тоа, точно. Нема камери, нема лисици, нема упаѓање со специјални единици во три наутро во домовите на тие кои што... И тоа не треба да го има. Тоа е погрешно. Но исто тоа е факт дека оваа Влада фати и процесуираше врховен судија. Исто така е факт дека оваа Влада фати и процесуираше член на Совет на јавни обвинители. Порано Народниот правобранител, Државен правобранител, не знам што и да беше, мислам министер беше. Оваа Влада во своја истрага, со свои методи, со свои алатки најде заѕидани неколку 100-тина илјади евра во ѕид. И имам чувство дека тука нема да застане таа истрага, дека има и продолжение. Мора да ставиме крај на тоа. Јас не сум налудничав за да сметам дека се ќе решиме ние, дека до тука било и ние се решаваме. Но најголемиот дел од работите да ги решиме. Вклучително и во судството и во обвинителството. Најголемиот дел од работите ние мора да ги решиме. И јас сум разочаран кога добивам некои информации. Многу сум разочаран, но разочарувањето може да трае неколку минути. Ако е поголемо неколку минути повеќе, но потоа мора да реагирате. Не можете да останете и да чекате. Затоа што ако не реагирате тоа најмногу на ваш грб ќе се удри, а штетата е тогаш голема. Затоа што ова е алтернативата, овие празни столици. Ова е алтернатива и затоа тука нема пардон. Нема пардон. Мораме јасно и гласно да се справиме со тие луѓе. Дали се ќе решиме? Нема да решиме се. Јас сум свесен дека нема да решиме се. Свесен сум дека секогаш по некој мангуплук ќе ни се протне. Тоа е тоа, животот е таков. Но најголем дел од овие високи коруптивни дејанија мора да се спречуваат. А нема подобар начин од тоа да сите овие кои што се жртви на ваков тип на дејание да го пријават тоа. Затоа што многу пати сум си читал пораки кои што никому не сум му ги пратил, а ми ги препраќаат како скриншот. Ми ги препраќаат. Дури имаше и таков еден кој што симулирал и телефонски разговор со мене во присуство на човек кој што ме познава. Но тоа на крајот од денот можете на одреден круг на луѓе да им го објасните и да им го кажете, да, тоа е тоа. Не можете таа перцепција да ја изградите кај народот. Народот вика тој знаеше, ништо не преземе. Е кога е одговорност на тој знаеше, тогаш тој презема и мораме да преземаме. Затоа што ќе повторам нема поголема штета ниту за граѓаните, ниту за државата, ниту за нацијата ако луѓето кои што водат институции наместо да работат за народот се длабоко вовлечени во криминал и корупција. Тогаш тие не се свои. Тие се туѓи, тие се марионети, тоа е како куклена претстава бидејќи некој друг ги управува и тогаш штетата има историски рамки. Мораме да завршиме со таа политика која што беше препознаена за претходната Влада. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања