О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Александра Николовска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитувана пратеничке, минатата година практично 2025 реалниот раст на бруто домашен производ беше околу 3,5%. Номиналниот над 8%, негде 8,2 – 8,3. Ако на тоа се додаде и растот на бруто домашен производ во 2024 година кој што беше реално околу 3% е номинално нешто над 6 – 6,5 да речам. Тогаш можам да кажам дека овие 6 квартали од оваа Влада имаме просечен раст од околу 3,5% по квартал збориме. Претходната Влада, во своите 28 квартали има просечен раст под 2%. И сега тие ќе речат да, ама ние 2020 година имавме корона криза итн. Добро, ајде првите 6 квартали да ги гледаме повторно се под 2%. Ако ги споредуваме првите 6 квартали на претходната Влада и овие 6 квартали на оваа Влада повторно е 2:1 разликата. А бидејќи ги спомнуваат мерките од Ковидот, тоа е добро да се знае и да се каже да го знае Македонската јавност. Забораваат при тоа да кажат дека во време на Ковидот покрај тоа што направија брутален епски поткуп на изборите во 2020 година и носеа уредби со сила на Закон во 5 до 12, го зголемија и државниот и јавниот долг за 10% од бруто домашен производ. Повеќе од една милијарда евра потрошија фрлија во ветар односно во поткуп. Треба и тоа да се спомене. Затоа што ако тоа се заборави тогаш ќе остане не кажано. Тоа е добро да се спомене дека долгот јавниот и државниот се зголеми за 10% во тој период од бруто домашен производ. Она кое што е поважно да се каже, е фактот што овој раст во овие 6 квартали од 3,5% е во услови кога растот во Европа е едвај 1% над нулата. Затоа што ако го споредуваме било кој период еве ако го споредуваме можеби условно кажана нај успешниот период 2006 - 2008 година кога растот бил реален 5,5 – 6,2% инт. Но и растот во самата Европската Унија бил толку. Што значи дека имало пред услови за да се случи тој раст. Ние сега имаме 3,5% реален раст во услови кога Европа е околу 1%. Така што сето ова има тежина, не е тоа така едноставно кажано. Понатаму, Министерство за финансии го консолидира Буџетскиот дефицит од наследени нешто над 4,5% од бруто домашен производ. Денеска сме со цел да бидеме 3,5% оваа година. Минатата година бевме под 4%. И во услови кога го консолидираме дефицитот ние имаме раст и реален и номинален. И покачуваме плати кои што растат 8 – 9% и имаме најниски цени на горивата. Во регионот јас би рекол и во Европа и носиме директни фискални мерки од Буџетот директно ние субвенционираме кај граѓаните. И некој ќе рече, да, но во Германија со оваа цена на горивото ќе купите повеќе литра отколку во Македонија. Точно, јас не велам дека тоа не е точно. Точно е. но, прашањето е како беше пред 10 години, како беше пред 20, пред 50 години. Таа разлика си постои и тогаш и сега. Но, дали ние ја зголемуваме таа разлика или ја намалуваме. Одговорот е да, ја намалуваме. И тоа е успехот во управувањето со Владата и со ресурсите со кои што располагаме. И ние би сакале да имаме не 7 милијарди, 12 милијарди евра Буџет да можеме сите оние проблеми и сите оние како да кажам погрешни политики кои што денеска имплицираат ова што се случува, да ги покриеме и да тргнеме, но тоа го немаме. И треба исто така да се каже дека во услови на епска историски најголема криза со енергенси растат платите, дефицитот се намалува, инфлацијата се намалува и го плаќаме солидарниот данок. Од овој месец почна да се враќа солидарниот данок кој што го зема претходната Влада. Ние го враќаме тој солидарен данок. А сега како почнуваат да стигаат пресудите од европскиот суд за човекови права кои што се однесуваат на оној дозволен судски лимит, дополнителни трошоци ќе треба да се плаќаат од Буџетот кој што, да бидам искрен не се само од претходната Влада на СДСМ и ДУИ направени туку и од претходните влади, сите. И таа бројка се проценува меѓу 700 милиони и 1 милијарда евра. повторно оваа Влада ќе треба тоа да го врати. Па згора на тоа и членот 218 од Законот за извршување е пред Уставен суд. Замислете што ќе се случи ако сега еве пример еден да дадеме Македонија Пат или општина Тетово не го добијат тој судски лимит и да целиот приход биде извршен од страна на доверителите. Нема да се добијат плати, нема да се платат режиски услуги, нема ништо. Ќе се блокира државата. И тоа е се така поради лошите политики од минатото. За жал, сметката дојде кај нас да ние треба да ја плаќаме. Но, и покрај сето ова ќе повторам во овие услови на криза еве веќе месец дена имаме криза. Ние имаме раст кој што е најголем во регионот за 2025. Оваа година одиме и погоре, прв пат. очекуваме да имаме раст реален кој што ќе биде поголем од буџетскиот дефицит оваа година. Тоа значи дека сме консолидирале состојбата. Министерството за финансии води сметка за стабилноста макроекономска, да немаме отстапување од тој план. Тука се останатите институции, исто така многу внимаваат при реализацијата на капиталните инвестиции. И очекувам дека со реализирањето на овие капитални инвестиции, а посебно после преносот на оној проект кои што го носеа овдека шверцерски со европско знаме, а тоа е реализирањето на проектот така наречен Коридор 8 и Коридор 10-Д Бехтел и Енка од Министерството за транспорт во јавното претпријатие Државни Патишта. Уште поголем бафер ќе се ослободи за реализирање на дополнителни капитални инвестиции. Иако за мене од не разјаснети причини овој проект бил во Министерството за транспорт, но потоа се распрашав малце зошто проектот токму отишол во Министерството за транспорт. За да можат тогаш коалиционите партнери пленот да го имаат, едните во едната институција преку директорот од ДУИ, а другите во Министерството за транспорт преку министерот од СДСМ. А тоа на граѓаните им претставува товар и на Буџетот. И замислете проект финансиран директно од Буџетот, без да биде покриен со финансирање. Пошто не им одговарало така, затоа што префрлиле 300 милиони евра без да удрат лопата. Пари на граѓаните за реализација на овој проект. Па сега ќе излагаат, па ќе попуваат, ќе кажуваат приказни, вака било, така било. Ете тоа го очекувам исто така од Државниот јавен обвинител новиот, сите оние ревизорски извештаи кои што се однесуваат на работата и на јавното претпријатие Државни патишта и на Министерството за транспорт, први да бидат на дневен ред. Па да видиме тогаш кој што правел и како правел. Ете тоа го очекувам од новиот Државен јавен обвинител, визави прашањата кои што беа на почетокот на денешната седница. Така што, еве тука ќе завршам и покрај сите предизвици се справуваме и наместо коленичење испорачаме порака на стабилност, сигурност и ние помагаме. Благодарам.