Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството вели дека каменоломот кај Чегране работи според рударскиот проект

Резиме

Пратеничката Саранда Имери-Стафаи праша што презеле Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и надлежните инспекторати во врска со каменоломот на „Лике Комерц“ кај Чегране. Таа изнесе поплаки од жители за детонации, пукнатини во куќи и наводна штета на резервоарот за вода, наведувајќи ја близината на каменоломот до населбата и резервоарот.

Заменик-министерот одговори дека државниот инспекторат утврдил оти концесионерот работи според рударскиот проект. Според него, Инспекторатот за животна средина утврдил дека недостига интегрирана дозвола што ја издава Општина Гостивар. Министерството побарало од општината информации за документите на концесионерот, но, според одговорот, сè уште нема добиено повратна информација. Министерството повикало граѓаните да пријавуваат неправилности за да може да се спроведат вонредни надзори.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Саранда Имери-Стафаи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Саранда Имери Стафаи, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Ви благодарам потпретседателе. Заменик министер за енергетика, прашањето кое што ќе биде поставено е едно прашање каде што ние како пратеници на коалицијата ВЛЕН сме го подигнале како минатата година и за истото имаме жалби од селаните од село Чегране. Поточно станува збор за каменоломот каде што се наоѓа ова село. Значи, со фирмата „Лике Комерц“ во Чегране која што создава едно големо вознемирување кај селаните и една еколошка катастрофа. Значи, овој каменолом или работи 300 метри од населените места и 40 метри до резервоарот каде што граѓаните имаат питка вода. Значи, селаните постојано се вознемирени од детонациите кои што таму работат и многумина од куќите таму имаат пукнатини и има штета и во резервоарот за вода. Што има превземено Министерството за енергетика и инспекторатот којшто функционира во склоп на ова министерството за проблематиката која што ја спомнав.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Саранда Имери Стафаи, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини Почитуван потпретседателе, почитувани пратеници, почитувани претставници на Владата. Почитувана пратеничке Стафаи, благодарам многу на прашањето. Можам да кажам дека со формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и со преземање на надлежностите рударство и минерални суровини од Министерството за економија во нашето министерство и Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, ако влезе како орган во состав во министерството, беа извршени и вонредни надзори на сите концесионери, почнувајќи од 2024 – 2025 година, и кај 46 од нив беа утврдени неправилности, им беше едноставно раскинат договорот. Можам и да кажам дека за разлика од 2024 година во 2025 година по основ на концесиски надоместок за експлоатација и за простор се наплатени и влезен е во Буџетот на државата, скоро или нешто над 1,2 билиони денари. За разлика од 2024 година каде што таа наплата е за околу 50% помала, околу 580 милиони денари. Така што активностите што биле спроведувани на терен веќе даваат резултати. Во однос на концесијата што се случува во селото Чебрани и каменоломот има стигнато претставка од месната заедница од селото, министерството веднаш го има проследено тоа и до Инспекторатот за животна средина и до Државниот инспекторат што е во надлежност на министерството, од Државниот инспекторат за енергетика утврдено е дека концесионерот работи според рударскиот проект и дека тука нема никакви недостатоци, меѓутоа тоа што има стигнато од Инспекторатот за животна средина дека има недостаток, уствари на концесионерот му фали де интегрирана дозвола што ја издава општината Гостивар. Ние како министерство имаме доставено барање до општина Гостивар со кои документи располата концесионерот, испратени се мислам во октомври минатата година и до ден денес немаме никаква повратна информација од општина Гостивар. Така што во моментот можеби тоа прашање треба повеќе да биде адресирано до општина Гостивар, бидејќи тие немаат постапено и немаат дадено никаков одговор према нас, но и према Инспекторатот за животна средина. Воедно сакам да апелирам кај сите граѓани во кои нивни села или да речам нивна близина на просторот каде што живеат, доколку забележат било какви неправилности од концесионерите за експлоатација на минерални суровини, да се обратат до министерството, да можеме да се направат вонредни инспекциски надзори и да се утврдат тие неправилности доколку постојат. Ова не е прв пример вие што го кажувате, бидејќи кога ќе излезе Инспекторатот на терен во тие минирања се вршат баш према закон, меѓутоа Инспекторатот не може 24/7 да биде присутен на локациите и можеби некој од концесионерите малку повеќе вршат минирање кои што доаѓаат до оштетувања на локалните објекти и за тоа е апелот да не информираат почесто за да можеме и тие работи да ги превенираме. Ви благодарам многу.

Сите пратенички прашања