Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Подготовка на регионален центар за отпад во Русино

Резиме

Пратеничката Саранда Имери-Стафаи праша какви планови има Министерството за модернизација на депонијата Русино, наведувајќи дека пожарите предизвикале вознемиреност кај граѓаните. Таа праша и што може да направи Министерството за отпадот и нечистотијата во Гостивар.

Министерот рече дека е во подготовка документацијата за регионален центар во Русино, а проектите за регионалните центри би се реализирале со кредитна линија од Европската банка за обнова и развој. Најави механизација за девет општини во Полошкиот регион и посочи дека Општина Гостивар е надлежна за чистотата во градот. Според него, жалбите примени од Државниот инспекторат за животна средина биле упатени до Општина Гостивар поради нејзините надлежности.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Саранда Имери-Стафаи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Саранда Имери Стафаи, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање е за министерот за животна средина, Мухамед Хоџа, значи станува збор за депонијата Русино, ова е депонија каде што се собираат сите ѓубришта од полошкиот регион. И, ние повеќе сме погодени од оваа депонија бидејќи имавме проблеми со ова. Значи станува збор за поттикнување на оган и имавме со недели каде што граѓаните не можеа ни да дишат. Имаше магла во градот и навистина создаде големо вознемирување. Ме интересира, какви планови има Министерството за екологија за да се модернизира оваа депонија, бидејќи имаме големо вознемирување кај граѓаните, особено ова си има последици по нивното здравје. Дополнително прашање: Ви благодарам за одговорот господине министер. Кога сме кај заштитата на животната средина овде сакам да имаме уште едно вознемирување што се донесува до градот Гостивар. Јас знам дека надлежностите за чистотата и за чување на животната средина ги има општината, но како што знаеме општина Гостивар е општина каде е во големо долгови, има многу проблеми, значи тоа не го гледам јас, туку и сите граѓани, некако општината не може да го менаџира отпадот. Значи имаме нечистотија која што е невидена и улици каде што прашината и калта со години не виделе вода. Нашите жалби секогаш се упатени до општината, но никогаш не сме имале одговор. Мене ме интересира, немам дополнително прашање што се однесува до претходното прашање, но ме интересира што може да направи Министерството за екологија во овој случај, да излезе во пресрет на граѓаните, да го подобри нивниот живот.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Саранда Имери Стафаи, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитувани министри, почитувани пратеници, почитувана пратеничке, Ви благодарам за прашањето кое што беше околу регионалниот центар во близина на Гостивар во местото Русино. Пред да одговорам околу оваа регионална депонија, би сакал да се надоврзам на одговорот на претходното прашање, бидејќи се спомна и Државниот инспекторат за животна средина, каде што е во склоп на Министерството за животна средина и просторно планирање жалби од граѓаните имаше и до Инспекторатот за животна средина за случајот што вие го спомнавте на говорницата на Собранието на Република Северна Македонија и истите беа упатени во општина Гостивар, поради тоа што општината си ги има ингеренциите кои што имаат дозволи од категоријата Б. Значи жалбите се дојдени во министерството, поточно во Државниот инспекторат, кој што функционира во склоп на Министерството за животна средина и просторно планирање. Ќе одговорам на прашањето каде што вие го поставивте околу регионалната депонија Русино во близина на Гостивар и би сакал да истакнам дека Министерството за животна средина и просторно планирање, поточно Владата е фокусирана за изнаоѓање решение, долгорочно решение кое што се однесува за оваа депонија во нашата држава. Значи ова ќе бидат изградени регионални депонии, регионални центри и една ќе биде во близина на Гостивар. Таму веќе сме почнале со реализација на еден нов центар за собирање на депонија и што предвидува првата фаза. Првата фаза предвидува или на техничкиот дел за потребите на регионалните за одржување каде што треба да се и нивното менаџирање со средства или механизам кој што е нов и е за потребите за регионалниот центар. Истовремено во Министерството за животна средина и просторно планирање имаме сознанија дека со една кредитна линија со Европската банка за обнова и развој ќе реализираме проекти за тие регионални центри на нашата територија и една од нив ќе биде во Русино. Значи во подготовка сме на документацијата за овој регионален центар и мислам дека истиот повик ќе биде објавен и успешно ќе завршат сите процедури и после ќе биде избрана компанија која што ќе биде изграден регионален центар и ќе биде загрижени за екологијата. За овие средства ќе може да конкурираат сите заинтересирани, истовремено ќе биде избран и економскиот оператор и верувам дека 2026 година ќе биде година на пресврт, на еколошки пресврт, бидејќи на долгорочен план ќе ги решиме овие проблеми. Овдека е другата фаза на проектот каде се предвидуваат и механизација за сите општини кои што имаат јавни претпријатија. Во Полошкиот регион се девет општини што ќе бидат снабдени со ваков механизам и со овие регионални центри ќе бидат опфатени 260 илјади жители во вкупно девет општини. Мислам дека сите процедури ќе бидат за вршени во одредено време и според законот и 2026 година ќе биде година на почеток за изградба на два регионални центри и третата верувам дека ќе биде реализирана. Благодарам многу за прашањето и овде сме за дополнителни прашања и за прашања кои се однесуваат за животната средина и на овој начин го браниме и здравјето на граѓаните. Благодарам. Дополнителен одговор: Благодарам. Почитувана пратеничке, поточно вие го спомнавте и тоа дека тоа е во ингеренции на општината и на локалната самоуправа. Општина Гостивар треба да се грижи за чистотата во градот, но ќе се надоврзам со тоа што го спомнав претходно, бидејќи општина Гостивар заедно со осум други општини од Полошкиот регион, од овој проект ќе има техничка механизација која што ќе биде во служба на комуналното претпријатие кое што функционира во склоп на општина Гостивар. Значи ќе биде во служба на општина Гостивар, но општината е таа што треба да се грижи за чистотата. Ние со регионалните центри ќе ставиме модерен систем на собирање на отпадот од целиот Полошки регион.

Сите пратенички прашања