О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Саранда Имери Стафаи, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Почитувана пратениче, претпоставувам дека ви е познато, оваа Влада направи навистина градежна офанзива во областа на образованието со вкупно околу 67 милиони во две години за развој на инфраструктурни објекти во образованието. Училиштето Сами Фрешери во Куманово почна да се гради крајот на 2024 година од страна на оваа Влада и да, познато ни е дека учениците во овој момент учат во супстандардни услови и токму затоа училиштето забрзано се гради. Но, за да не бидеме изненадени има еден проблем кој ќе треба во иднина да се реши и токму поради тоа не можам да ви го кажам точниот датум кога ќе биде готово. Беше планирано да биде готово до крајот на 2026 година, но проблемот е тоа што Министерството за образование и наука работи по проекти добиени од општините. Проектот за ова училиште Сами Фрешери има фалинка која ние се ја надминавме, но за жал таа фалинка не е земена во пресметките. Значи, за училиштето Сами Фрешери фали во проектот што е доставен од општината греење, некакви пумпи за греење, простете јас не сум инженер и не можам да ви кажам точно што е тоа, и поврзување на ова греење и машинство со локалната мрежа. За ова неколку пати се информирани да се поправи проектот, проектот е поправен на наше инсистирање со многу допивки и преписки со општината, но повторувам ова не е земено во калкулациите на пресметката на чинење на училиштето. Како и да е, сеуште не сме до фазата кога ќе треба да се пристапи на овој дел од изградбата и изградбата и натаму забрзано продолжува, се додека она што ние како министерство го имаме во проектот не го завршиме. Тоа може да биде завршено и до крајот на 2026 година, а понатаму ќе видиме како ќе се одвиваат условите за работа и можностите за работа. Инаку како што веќе реков во две години се вложени 67 милиони и мислам дека сте сведоци на пример во Тетово имаме огромни инвестиции во две средни училишта. Ние само пред некој ден отворивме инвестиција од 5 милиони евра на регионален центар кој со помош на Европската Унија од ИПА Програмата се спроведува, но тоа е едно огромно училиште во кое ќе можат да учат над 1500 ученици, а верувам и во Сами Фрешери кога ќе биде завршено како ова во Тетово што е, ќе можат да учат многу повеќе ученици, тоа е средно стручно училиште исто така. Значи водиме грижа да оспособиме инфраструктура, особено за средно стручните училишта, бидејќи вас ви е на сите добро познато дека пазарот на труд има проблемот со стручни кадри кои ќе можат веднаш да се вклучат во пазарот на труд за да можеме да ја подигнеме продуктивноста и стопанството на оваа држава. Дополнително вие секако знаете дека ги работиме проектите за едно сменска и целодневна настава, дополнително знаете дека ги реновираме 30-те стари спортски сали и дека почнуваме 30 нови спортски сали, она што е исклучително значајно, веќе ни заврши тендерот за доградба на Факултетот за физичка култура, затоа што она што го викавме проект за ФИНКИ и ФФК стана ФИНКИ само, тоа е веќе објавено на јавноста и тоа е во процедура. За жал, тие две згради 10 години, знаете стоеја неупотребени. Јас малку се оддалечив од Куманово, но се е тоа она во градежништвото што Министерството заедно со Владата го прави, значи и тоа ќе го направиме. Еве пак да се вратам на училиштата. Во овој момент почнуваме доградба на училници во Ѓорче Петров, во Карпош, во Центар, во одредени училишта бидејќи во Скопје најголема густина и таму ќе треба инфраструктурни инвестиции, доградби, адаптации за спроведување на едно сменска настава. Инаку во Куманово, извинете малку од тема на тема, но се е поврзано со инфраструктурата во Куманово. Секако дека знаете бидејќи сте од таму дека имаме еден од најголемите, најопремените регионални центри за средно стручно образование. Покрај училиштето Сами Фрешери, во овој регионален центар покрај реконструкциите вложено е многу и во инфраструктурата, вложено е многу и во опрема, неопходно е. Тоа е дел од реформската агенда и ние ги исполнуваме како што знаете тие обврски како држава и секако очекувам тоа да биде препознаено од сите чинители како од пратениците, така и од граѓаните на местата каде што се спроведуваат овие инфраструктурни објекти. Но најважно тоа да го осетат учениците кои ќе учат во овие училишта и кои треба да го извлечат најголемиот бенефит не само со себе, туку и за целото општество. Инаку кога сме веќе кај Сами Фрешери и проблемот кој го спомнав сакам да кажам дека мене ми е жал, но од претходната власт наследивме многу такви проекти кои се почнати, па недовршени веројатно заради недостаток на инвестиции или пренамена на инвестициите или употребата на средствата во некакви други цели, па сега ние тоа мора да го поправаме. Сакам да ви кажам дека пресметките кои се дадени за одредени објекти се многу различни од реалноста или се почнати па снемало на некој чуден начин средства. Но не е битно, сега ние тоа го решаваме. Не е лесно, сериозни се проблемите, но она што сме го започнале бидете сигурни дека ќе го завршиме. Значи повторувам за да нема забуна кај граѓаните на Куманово, до крај на 2026 година ќе биде направено тоа училиште во онаа фаза во која што го имаме проектот. Дополнително новите проектирања што сме ги направиле ако успееме да стигнеме да ги направиме до крајот на годината и ако се обративме до општината очекувам и од таму некаков одговор, ќе го направиме и тоа, ако не ќе биде готово училиштето дури до крајот на следната односно до почетокот на следната учебна година. Со оглед на тоа изградивме многу нови училишта и многу училишта се во тек на градба, јас мислам дека дури и ако има мало закаснување граѓаните треба да имаат разбирање, особено затоа што во моментот правиме уште една многу важна работа, а тоа е промена на кориклумите, на програмите по кои што учениците ќе учат што апсолутно ќе придонесе за многу подобар ефект во резултатите од учење на учениците и ќе го подобри квалитетот на образование во Македонија. Битна е, исклучително се битни условите во кои што учат учениците, но ние во овој момент работиме на повеќе фронтови затоа што не може поинаку. Значи инфраструктура, спортски објекти за физичко и ментално здравје, промена на наставни програми, за модернизација на старите наставни програми. Претпоставувам дека пред некој ден видовте дека учебниците се печатат забрзано во сите печатници за на први септември повторно како лани да ги имаме, а не да се случува да немаме учебници. Организацијата до овој момент е во ред. Јас сум длабоко убедена дека кога ќе биде во скора иднина училиштето готово граѓаните учениците на Куманово ќе бидат задоволни. Благодарам.