Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Шаќири праша за проверките на царинските документи при увоз

Резиме

Ријад Шаќири праша зошто институциите при увоз се сомневаат во веродостојноста на сертификатите и другите документи издадени од компании и заверени од надлежни царински органи во ЕУ. Како пример ги наведе документите за потекло на увезени возила.

Министерката рече дека претпоставува оти прашањето се однесува на увозот на возила, каде што, според неа, дополнителните проверки произлегуваат од законски решенија менувани во текот на 2025 година. Таа ги опиша Царинската управа и нејзините вработени како подготвени и професионални и рече дека проверките може да се прават во одредени случаи. За конкретни проблеми со компании го покани пратеникот да достави информации за да се разгледаат со директорот на Управата.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Ријад Шаќири

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Ријад Шаќири, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувана министерке, еве сега овој пат ќе ви се обратам на ваш јазик за подобро да ме разберете, да. Значи, ние како држава сме членка на ЦЕФТА каде што сме обврзани и при трговска размена да ги почитуваме издадените сертификати кои се издаваат од страна на компаниите и кои што се заверуваат од страна надлежните царински органи кои што излегуваат од земјите на Европската Унија. Моето прашање беше зошто се случува при увоз на стоки во нашата држава секогаш нашите институции се двоумат во веродостојноста на документот кој што се издава од страна на релевантен царински орган од Европската Унија. Тоа значи дека ние сме по спремни во делот на царинското работење или они се поискусни во делот на издавање на тие документи. Тоа значи дека по пластично кажано ние како држава се сомневаме дека брендот Мерцедес се произведува во Германија или се произведува во Кина, попластично кажано. Значи при увоз на едно возило нашите цариници таа изјава за фактура или тој ЕУР 1 што се издава од страна на дотичната компанија се доставува на дополнителна проверка да се провери дали тоа возило се произведува во Германија или се произведува во Кина. Тоа беше прашањето по пластично кажано. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Ријад Шаќири, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Благодарам уште еднаш. Навистина сега е веќе многу појасно, преводот беше далеку од ова што вие сега го поставивте како прашање. Јас се извинувам уште еднаш, но навистина не можеше да се разбере и апсолутно пак ќе кажам по различно беше ова што вие го прашавте, од тоа што беше преведено. Вака сега, претпоставувам бидејќи спомнавте возила, претпоставувам дека прашањето е поврзано и најверојатно има проблеми во делот кај увозот на возила, но не и за сите останати стоки. А кај возилата согласно одредени закони кои што се менуваа во Министерството за енергетика има дополнителни контроли кои што се прават и тука имаше одредени институции кои што требаше да ги проверуваат документите. Претпоставувам дека е поврзано само со овој дел. Во однос на Царинската управа можам само најодговорно да тврдам и ова не е нешто што се случува сега во последните две години, туку години наназад. Тоа е една од институциите која што предничи во однос на дигитализации, во однос на спремност и на цариници по граничните премини, меѓутоа и на професионалци кои што се посветени и работат и не верувам дека таму би имало некои дополнителни проверки намерно, освен ако има исклучоци одредени кога се прават проверки што е и нормално нели, секогаш на секој еден од вработените било да е во царина или во било која институција му останува на располагање дополнително да ги направат проверките. Дигитализацијата е една од можностите кога ќе имаме нели, електронска размена на податоци, па многу побрзо ќе оди оваа проверка која што вие ја зборувате, А доколку имате конкретни ситуации, компании кои што имале било каков проблем, ќе ве замолам ако сакате да ни пишете, ако сакате повелете кај мене во кабинет на кафе да седнеме, да поразговараме, ќе го викнеме директорот на Царинска управа, да видиме доколку има изолирани случаи зборувам, а ова што го кажувам во однос на увозот на возилата дека има дополнителни проверки, тоа произлезе од одредени законски решенија кои што се менуваа во текот на 2025-та година. Благодарам.

Сите пратенички прашања