Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче го праша премиерот за одговорност за случајот во Инспекторатот за земјоделство

Резиме

Пратеникот Халил Снопче го праша премиерот дали чувствува одговорност за случајот со директорот на Инспекторатот за земјоделство, за кој Снопче рече дека бил фатен со мито од 50 илјади евра и дека случајот бил причина за укинување на проектот ИПАРД 3. Праша и дали одговорноста е индивидуална и, ако не е, кој друг ја сноси.

Премиерот одговори дека одговорноста на избори ја оценуваат граѓаните. За случајот рече дека секој што врши криминално дејство треба да биде санкциониран, доколку информацијата стигне до него и жртвите пријават и соработуваат во постапката.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Ви благодарам потпретседателе на Собранието. Почитувани министри, почитувани пратеници, почитуван премиер. Првото прашање е за вас. Премиере би сакал кратко да прашам, дали сносите одговорност, дали чувствувате некаква одговорност за скандалот или аферата, коруптивниот скандал за директорот на Инспекторатот за земјоделство каде што беше фатен со мито од 50 илјади евра, мислам дека сега е во затвор и каде што беше причината за укинување на проектот ИПАРД 3 кој што е со вредност од 30 милиони евра. Значи не е проблемот за ИПАРД 3, но дали сносите одговорност како премиер, ако не, дали сметате дека ова е индивидуална одговорност, ако не е индивидуална одговорност кој сноси одговорност освен човекот за кој што станува збор.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитуван пратеник, дали се чувствувам убаво или не се чувствувам убаво, е едно прашање. А второ, дали чувствувам одговорност или не чувствувам одговорност. Одговорност на избори ќе бараме, ќе гласаат тогаш граѓаните и тогаш кога станува збор за поддршката што јас ја барам, на избори ја барам таа поддршка. Што се однесува до случајот, ако изминативе повеќе од 3 децении, кога допирале такви информации до тие кои што ги воделе институциите во државата, премиери, министри, претседатели и слично, ги решавале на тој начин како што јас ги решавам, немаше да ни се случи тоа што ни се случува. А ако продолжи да се случува, еве прееска вие не бевте во салата, сега дојдовте, јас имав одговор на едно слично вакво прашања и ако го вратите денеска денот на собраниската седница ќе слушнете што беше мојот одговор на едно вакво слично прашање, сега да не се повторувам, малце ќе делува депласирано за оние ваши колеги кои што беа во салата и кои што тоа го слушаа. Но секој оној, еве ќе повторам во кратки црти, секој оној кој што прави било какво криминално дејство и тој глас допре до мене се разбира и затоа ги повикав сите оние кои што се жртви на таков тип на однесување, девијантно, да дојдат да пријават, на било каков начин пријават и сочувствуваат во процесот, сето тоа ќе биде санкционирано. Така што, не само овој случај и други случаи во минатото, но и во други случаи во иднината треба да бидат санкционирани на овој начин ако тие кои што се жртва на вакво однесување на некои кои што води институција, пријават и сочувствуваат во процесот. Така што, еве видете малце имав поширок одговор на едно слично вакво во текот на денот, па ќе ви стане појасно. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања