Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче праша за техничкиот кадар и јазикот на одговорот од Министерството

Резиме

Халил Снопче побара дополнителни одговори од Министерството за образование и наука за недостигот од наставен кадар во техничките училишта, бројот на студенти по електротехника и механика на албански јазик, финансирањето лаборатории и инженерите со нострифицирани дипломи што би можеле да предаваат. Тој го критикуваше претходниот писмен одговор како неконкретен и посочи дека бил доставен само на македонски јазик.

Министерката рече дека машински насоки има на повеќе универзитети и дека инженерите со соодветна обука можат да предаваат во стручните училишта, но не даде конкретни податоци за прашањата на Снопче. Таа се извини што претходниот одговор не бил доставен и на албански и рече дека следниот пат тоа нема да се повтори. Повика дискусијата да се насочи кон квалитетот на образованието, науката и иновациите.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И третото прашање, едно освежување е до министерката за образование, но фактички би изгледало како дополнително прашање каде што јас добив писмен одговор почитувана министерке на 6-ти март оваа година. Испративте одговор писмен кој што се однесуваше во врска со моето прашање каде што Министерството дали има стратегија за гаранција на албански јазик каде што е законска должност во основните технички училишта, бидејќи има недостиг на кадар. Поради фактот дека во 2029 година 75% од кадарот ќе излезат во пензија и како ќе бидат заменети тие наставници. Вие со одговорот кои што ми го дадовте и сакате ова прашање да се релативизира и кажавте општа стратегија, сакајќи да ја сокриете фактичката состојба и со тврдоглавност давате неколку факти, без да дадете конкретен одговор. Во одговорот спомнувате дека имате стратегија за 2026-2032 година, но не сте предвиделе ништо за ова прашање и сакате да го покриете со неколку тези каде што не се решава проблемот, туку значи само создавате една магла пред јавноста. Госпоѓо министерке, би сакал да кажам дека одговорот ми е доставен само на македонски јазик, јас комуницирам македонски, често поставувам прашања на македонски не ми е проблем, но најмалку требаше да се каже минимална почит и на нас како Албанци, одговорот да ми беше доставен и на албански јазик. И после да се прават овие разговори со новинари и вие покажете минимална почит. Јас како пратеник требаше одговорот да го добијам и на албански јазик, значи после произлегуваат проблеми, значи треба да бидеме принципиелни. Јас знам дека вие не го знаете албанскиот, но имате преведувачи, имате и заменик министер Албанец кој што може да ви помогне најмалку, но поради фактот дека и заменик министерот за одбрана произнесе после една година. Како и да е, ви благодарам исто така за лекцијата, за универзитетската автономија, но моето прашање не беше правно. Но егзистенционално за техничкото образование на албански јазик, околу бројките вие велите дека има универзитети, но фактот останува во 2029-та година остануваме без 75% од кадарот на професорите од нас. Колку студенти денеска се регистрирани во електро техника и механика на албански јазик како бројот околу нула како ќе се спроведува стратегијата која што ја спомнавте вие 2026-2032 година. Дали може да се спроведуваат тие без луѓе? Не може, велите дека има стратегија, но нема луѓе. Зошто нема луѓе? Затоа што нема стратегија за мотивација на луѓето околу изборите, автономијата, и забранува на Министерството да разграничува капитални финансии за лаборатории за сите државни универзитети. Дали сте подготвени да пред Владата посебен фонд кој што ќе биде исфининасиран на часовите со постојните лаборатории кои што се во Универзитетот Свети Кирил и Методиј, наместо да чекате ректорите да се договараат меѓу себе вие велите дека ректорите треба да се договараат меѓу себе. Значи ова не може да зависи од договорот помеѓу ректорите, но треба да имаме јасен план. Уште еднаш, лабораториите во УКИМ се финансирани од државата од сите даноци за 2020- та година за науката само 2,5 се отидени во универзитетот во Тетово и 0% од Универзитетот Мајка Тереза. За науката минимални бројки и оваа е стратегијата која што ја спомнувате и околу нострификацијата вие спомнавте, ги спомнавте студентите кои што се враќаат од надвор. Дали имате база на податоци, колку од тие инженери кои што имаат нострифицирани дипломи прифатиле да работат како предавачи во техничките училишта со овие плати, без стимулација, значи нострификацијата е само една хартија во фиока. Затоа не видов дека сте дале одговор и би побарал дополнителни прашања кои што ги спомнав. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Почитуван пратеник Снопче, вие сте универзитетски професор и тоа математичар, ако не се лажам. Јас неколку пати од овде сум кажала дека длабоко верувам дека математичарите се луѓе со силна логика кои ги разбираат нештата, без навреда, еве на медицинарите, на пример подобро и од медицинарите. Она што сакам да ви го кажам е, еве денес задоцнив јас во Собранието затоа што бев на регионална средба за интернационализација во високото образование, градење мостови кон иднината. Таму беа присутни претставници од сите балкански земји од Западен Балкан. И ние разговаравме за вештачка интелигенција, за тоа како да се обединиме како мали економии во нешто покрупно за да станеме по препознатливи. Како науката и мобилноста на студентите и професорите да придонесат за тоа што значи подобра продуктивност на државата, подобар живот на граѓаните. Луѓето размислуваат, таму беше присутен еден експерт на Светска банка возрасен со многу искуство, господин Џамил кој зборуваше дека веројатно за 20-30 години вештачката интелигенција ќе покрие толку многу се што ние се уште не можеме да ја предвидиме иднината. Тоа толку брзо напредува, толку брзо се случуваат промените што не може да се предвиди што ќе се случи за 10, 20 години. Ние во Македонија се уште се занимаваме со решено прашање. Во Македонија Македонците. Албанците. Турците, Србите имаат образование на својот мајчин јазик. Образованието на својот мајчин јазик не ги поткрена од нула ни оние најмалите, ни овие највозрасните. Секаде сме последни. Дали универзитетите ќе имаат машинска струка? Па имаат. Има УКИМ има УГД, има ДУТ, има и Мајка Тереза ако не се лажам, може грешам, овде се извинувам, има во Битола, секаде има машинска струка. Секаде учат на мајчин јазик ако зборуваме за средно стручно, оти таму не предаваат наставнички од прво до шесто. Таму предаваат во компаниите и стручњаци и наставниците со положено Пе-пе-ем, всушност инженерите со положено пе-пе-ем може да предаваат во стручните училишта. Наместо да се посветиме на што е можно повеќе дуални паралелки ние дискутираме дали учениците, дали студентите ќе одлучеле на кој јазик ќе студираат. Пред старт треба да одлучат да студираат на најдобриот наш универзитет кој и да е, на најдобриот. Оти во светот плаќаат енормни суми на пари нивните родители за да бидат на најдобрите универзитети за да можат да добијат добри работни места, за да бидат добро платени, но тие пак ќе ја придвижуваат економијата на сопствените држави. Јас мислам дека е дојдено време за тоа да дискутираме, не да дискутираме за ова што беа денови актуелно. Беспредметно е. Ќе заглавиме во калта. Ќе не нема. Ќе не нема затоа што ако не го фатиме чекорот со европските случувања, со светските случувања, ако не се бавиме со вештачка интелигенција, ако не се бавиме со информација, ако не создаваме иновации во машинството, во електротехниката, во паметните материјали., во дигитализацијата не можеме да опстоиме. Ќе немаме за леб и сол, а не за нешто друго. Длабоко ви се извинувам што службите во кои раководител на Секторот на високо образование во Министерство за образование и наука е Албанец. Ахмет Ќазими вие добро го познавате и требал да знае дека требал да ви одговори и на албански. Следниот пат бидете сигурен дека ова нема да се повтори и ќе добиете и на албански затоа што тоа е закон и мене ми е жал што се случил таков пропуст. Сега повторно да се вратам на она што значи иднина на оваа земја и на нашите студенти. Се додека мали, големи, возрасни се додека ние се расправаме за вакви нешта а светот напредува ние ги заробуваме нашите деца во нашите стереотипи и во нашите предрасуди. Крајно време е да се одлепиме од тоа. Дополнително верувам дека сте сосема свесен за тоа и нема да ме убедите поинаку. Да, ние треба политички да се бориме. Но крајно време е во нашата заедничка држава да ги поставиме црвените линии. Ајде да се договориме барем здравство и образование да ги оставиме на страна. Таму не треба да имаме никакви дилеми никој од нас. По најмалку партиите кои го доведоа образованието во оваа ситуација и кој ја доведоа државата во оваа ситуација. Господин Снопче вие многу добро знаете дека администрацијата е комплетно некомпетентна. Дека имаат дипломи од магистериум и докторат, а не знаат еден документ да напишат. Не сите, се извинувам. Огромен дел од нив. Тоа е резултат на нашите препукувања за теми не од 19-тиот, од 18-сетиот, од 17-сетиот век. Администрацијата е таа која што ја движи државата. Пратениците се менливи, министрите се менливи, владите се менливи. Ама администрацијата, производството и образованието, здравството мора да имаат континуитет. Се додека ние се расправаме за ова за што вие денес ме прашувате тие нема да имаат континуитет и штета ќе имаат граѓаните на оваа земја. Нај љубезно ве замолувам, еве не барам, ве замолувам, како интелектуалец и кога ќе ги формулирате вашите пратенички прашања за кои што имате потполно право и легитимитет да ги поставите дајте да си комуницираме меѓу себе во корист на ова што јас го зборувам, а вие добро знаете дека сум 100% во право. Затоа што ќе повторам квалитетот во високот образование, научното истражување, иновациите се најценетите во овој момент. Дигитализацијата, зелената транзиција, заштитата на околината. Земјината топка станува во прашање, не е една мала Македонија. за кој освен нас и нема посебно кој друг да води грижа. Ние сме тие кои треба за сопствената земја да водиме грижа. Ако продолжиме вака да се однесуваме навистина не гледам светла иднина за никој од нас, без оглед дали сме Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми и што и да е понатаму. Сите сме во истиот кош и сите ќе цапаме во истата кал. Морам тоа така вулгарно да го кажам. Вие сте сосема свесен затоа што навистина станува збор за една таква ситуација. Среќни сме што ги имаме талентираните кои што одат кои што ги стипендираме не само ние и сите земји во регионот да одат на најпрестижните универзитети. Тие се нашата дијаспора која. Тие што останале се нашата дијаспора која може да ни помогне. Овие што се вратиле се нашите чувари на државата кој можат да ги до обучат и другите кои немале можност да отидат на такви студии, на такви усовршувања. Колку од нив се инженери, има прилично од нив во стен професиите. Но пак искрено да ви кажам ако некој на Харвард завршил физика, хемија, биологија и не е за да биде наставник во стручно училиште. Тој треба да работи во технолошки пат или во центар на извонредност да создаде иновации, да создава продукт во оваа земја, да создава средства. За да имаме ние пари финансии да ги средуваме стручните училишта и гимназиите, да ја подобруваме инфраструктурата во која што ќе учат учениците. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања