Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Електронската архива опфаќа 43 институции, резервните копии се чуваат на повеќе локации

Резиме

Пратеничката Иванка Василевска побара податоци за бројот на институции вклучени во електронската архива, планот и роковите за нејзино проширување, како и за безбедноста на системот. Праша и како платформата се вклопува во реформската агенда и какви придобивки носи за институциите, компаниите и граѓаните.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека системот опфаќа 43 институции, уште 12 се во постапка на инсталација, а темпото на приклучување е четири институции месечно. Соопшти дека биле спроведени безбедносни тестирања и дека утврдените недостатоци биле отстранети. Резервните копии, рече, се чуваат на неколку различни физички и хибридни локации. Како придобивки ги наведе следењето и побрзата размена на предмети, а најави и дигитализација на внатрешни процеси, вклучително и јавните набавки. Тој рече дека архивското работење е дел од реформската агенда и ги посочи планираните чекори за нејзино спроведување.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Иванка Василевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Иванка Василевска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам потпретседателе. Почитуван вицепремиер, почитувани министри во Владата. почитувани колеги и колешки пратеници, почитувана македонска јавност. Имам две прашања кои во интерес на јавноста сакам да ги поставам до министерот за дигитална трансформација, господинот Стефан Андоновски. Министер, пред два дена изјавивте дека Владата му нуди на Јавното обвинителство преземање на државниот систем за управување со документи и електронска архива со цел зголемување на транспарентноста и намалување на можностите за корупција и оддовлекување на предметите. Вие предложивте Обвинителството да го користи системот што е веќе имплементиран во дел од државните органи. Според вас секој нов предмет било да станува збор за кривична пријава или претставка од граѓаните ќе биде веднаш електронски евидентирана со што ќе се спречи можноста за нејзино губење или заборавање. Од тие причини моето прво прашање министре е: Имајќи предвид дека со воведувањето на електронска архива и дигитално управување со предметите се најавува суштинска промена во работењето на институциите и ставање крај на практиките за чување на предметите во фиока кој претставуваат ризик за не ефикасност, селективност и корупција, а Собранието лани ги донесе измените на Законот за архивско работење со кој се овозможи целосно дигитално архивирање. Ме интересира колку институции се вклучени во системот за електронско управување со документи? И кој е конкретниот план и рок за неговото проширување на ниво на целата јавна администрација? Тука детално ме интересира како е обезбедена безбедноста на системот, особено во контекст на сајбер заканите, заштитата на чувствителни податоци и континуитетот на работењето, имајќи ги во предвид претходните предизвици со ИКТ системите во институциите? Дополнително прашање: Благодарам потпретседателе. Благодарам министре за исцрпниот одговор. Имајќи ја нели, во предвид важноста на реформите како имплементацијата, како што претставува самата имплементација на електронската архива имам дополнително прашање во врска со истата и како таа се вклопува во реформската агенда и обврските преземени кон Европската Унија особено во делот на владеење на правото, транспарентност и ефикасна јавна администрација т.е. кои конкретни придобивки ги носи оваа платформа за институциите, компаниите и граѓаните. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за дигитална трансформација

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Иванка Василевска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитувани колеги, почитувани пратеници, благодарам почитувана пратеничке на прашањето. Зошто го предложивме овој документ менаџмент систем затоа што е единствениот систем кој што гарантира дека преку електронската архива не може да се случи да имате загубени предмети, предмети во фиока. Распределувањето на предметите се врши до последното лице во институцијата, што значи до организационата единица и до конкретното лице кое што е задолжено. А со измените, со подобрувањата кои што ги направивме во изминатата година се случува да имате целосна контрола каде е и во која фаза се наоѓа тој предмет дали е во фаза на изработка, подготовка, контрола или во фаза на потпишување. Освен оваа погодност овој систем нуди брза размена на податоци на документи помеѓу институциите кои што се внатре во системот. А со новите надградби кои што ги правиме размената ќе биде исто надворешни системи кои што не припаѓаат на овој систем. Сега вие соодветно го поставивте прашањето колку институции имаме до сега. Со моето доаѓање во министерството овој систем немаше одржување повеќе од две години и закачени беа околу 20 државни институции. Што значи дека месечно во изминатите 4 години колку што постоел, а никој не слушнал за него се закачувале 0,4 институции. Во изминатите помалку од една година од кога системот има одржување имаме нови 23 институции што значи вкупно 43 институции. Сите постоечки институции се преработени за потешкотиите кои што ги имале да се надминат. Во процедура, во тек на инсталација се уште 12 институции, а имаме потпишано или во фаза на потпишување на меморандум сме со уште 20 колку што го имаме системот. Ние имаме темпо од 4 институции месечно, што е за 10 пати зголемување на бројот на приклучени институции. Прашавте околу сајбер безбедноста. Тоа е прашање што треба да си го постави секој кој што менаџира некакво систем во државата. И забележав при првиот увид во работата на системот дека тој воопшто никогаш не бил тестиран за безбедносни слабости. Во суштина ние не знаевме со какви безбедносни слабости системот се соочува и дали некој од надвор има пристап до истиот. Можам да ви кажам дека во првите два месеца направивме многу сериозни темелни безбедносни тестирања на системот, а бекапот во моментот се врши на неколку различни локации и физички и хибридни. Овие тестирања покажаа многу сериозни недостатоци и сите со Акционен план кој што траеше уште наредните три до четири месеци беа надминати за да денес бидам сигурен и да зборувам пред вас дека системот не може да биде пробиен во ситуацијава која што се наоѓа. Податоците кои што ги имам во моментот е дека е дуплирана бројката на податоци, на документи кои што се чуваат во системот. Од новите институции на пример Министерството за енергетика кое што беше едно од министерствата порано во Министерството за економија кое што беше обвинувано за криминал и за корупција заради криење на предмети во фиока, заради малверзации со таканаречените концесии ова министерство има околу 20 илјади предмети заведени во системот веќе за краткиот период од неколку месеци кој што го користат системот. Освен брзата размена и внатрешното следење на предметите на овој начин можеме да гарантираме дека граѓанинот знае каде се наоѓа нивниот предмет, кој одлучува за тој предмет и на кој начин тоа се случува. Можам да најавам неколку процеси кои што ни се во тек во смисла на надградба на овој систем. Веќе е тестирано и оваа недела вршиме обуки во нашето министерство за влез и излез на пошта што значи дека целосниот генерирање на предмети на електронски документ ќе се случува во рамки на овој систем. Во интеграција сме со ИЈАРПИ системот за водење на фактури, потпишување на договори помеѓу институциите. Една голема реформа која што ќе ја правиме за дигитализација на процесот на јавни набавки внатре во секоја од институциите. Знаме дека Бирото за јавни набавки веќе е дигитализирано, но тоа што можеби не го знаат граѓаните е дека секој од нас го произведува документот хартиено, па го закачува во системот, па го потпишува електронски, што значи двојна работа. Сега ќе одиме кон чистење на овој процес и целосно ќе се подготвуваат документите електронски, ќе се закачуваат електронски, ќе имаме целосна следливост на процесите. Мислам дека на овој начин ќе успееме да имаме дигитален систем кој што ќе им служи на институциите за внатрешната соработка но, многу повеќе на граѓаните затоа што, реално време ќе знаат секој предмет каде им се наоѓа. Ви благодарам. Дополнителен одговор: Да. Ви благодарам на дополнителното прашање. Мислам дека е важно да се дополни. Јас можеби изумив. Во реформската агенда дигитализацијата на системот за менаџирање на документи но, и целосното архивско работење на државата е предвидено во 3 чекори кои што вкупно на државата ќе и донесат ако ги исполни повеќе од 8 милиони евра или поточно 8,4 милиони евра, разложени во 2 години. Можам да ви кажам дека половина од задачата веќе ја завршивме. Имено, Владата имаше обврска да донесе Предлог за измени и дополнувања на Законот за архивско работење во 2025 година во јуни месец, ние доставивме измени до Собранието а вие како пратеници ги изгласавте и со тоа ја обезбедивте првата транша достапни средства за Македонија од 4,2 милиони евра во делот на реформската агенда кој што се однесува на архивското работење. Жал ми е што тогаш слично како и сега со чест на еден исклучок на пратеници од опозицијата во дискусијата овде во Собранието пратениците на опозицијата не беа присутни иако јас добив ветување на така наречениот Совет за евроинтеграции дека тие ќе ги поддржат или ќе ги критикуваат законите кои што ќе ги предлагаме за дигитализација и се однесуваат на реформската агенда и слушам некои интервјуа овие денови во кој што се зборува дека власта не испорачала ниту еден закон ко што се однесува на реформската агенда токму овој беше тој Закон. Но, бидејќи беше јуни месец а се користеа некои можеби рани одмори од страна на опозицијата. Претпоставувам дека истите беа позаинтересирани да бидат некое друго место а не во Собранието, макар да го искритикуваат тој Закон и да кажат: Не е добар Законот за архивско работење, не треба да се менува, не ни треба електронска архива. Инаку, интересен куриозитет на темата е дека последен пат Законот за дигитализација на архива е променет од претходната Влада на ВМРО - ДПМНЕ, што значи имаше вакум Законот за архивско работење иако имаше истиот недоречености. Па, не им се дозволуваше на компаниите кои што имаат електронска архива да работат целосно електронски. Големи компании како Телеком операторите мораа да ги печатат фактурите кои што ги издаваат на граѓаните само затоа што, тие не се сметаа за електронски документ токму заради Законот за архивско работење. Но, со измените кои што вие ги гласавте во Собранието, го исполнивме првиот чекор, имаме уште два чекори. Едниот е до јуни 2026 година, 2,1 евра и другиот е до декември 2026 година, 2,1 милиони евра. Еве можам да се обврзам тука пред вас дека двата чекори во рок ќе бидат исполнети. А, оној до јуни веќе сме во последна фаза на реализација, Извештајот кој е обврска го донесовме на последната седница на Влада. Затоа што, ние деклариравме што сме исполниле од чекорите. Тој беше дека мора да го воспоставиме, модернизираме системот, да кажеме колку нови институции се закачени на истиот. Како тоа е обезбеден, како е сигурен, нешто за што зборував во првиот одговор на прашањето а за сметка на тоа да побараме да видиме дополнителни средства за да ја подобриме хардверската инфраструктура за поддршка на овој систем. Следниот чекор е да видиме колку бројка на институции ќе се закачат и дали ќе обезбедиме софтвер за трајно архивирање во Државниот архив. Можам да ви кажам дека како дел од проектите од планот за раст ставивме набавка на опрема за Државниот архив кој што ќе значи трајно архивирање на трајната архивска граѓа и ова ќе биде уште еден чекор за дигитализација на архивот, на трајната архивска граѓа но, и на материјалното и на нематеријалното културно наследство кое што ги имаме. Со што завршуваме уште една задача не само за реформската агенда која што е важна но, многу поважно за заштита на македонскиот културен код во дигиталното време. Така што, ова е се усогласени чекори со реформската агенда и резултатите ќе значат дека секој денар вложен во дигитализација ќе бидат 4 денари вратени назад за македонскиот Буџет и за македонските граѓани и компании. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања