Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Спасовски праша за мерки против поскапувањето на храната

Резиме

Оливер Спасовски праша дали Министерството за економија и труд предвидува мерки за ублажување на поскапувањето. Тој наведе примери за повисоки цени на основни прехранбени производи и оцени дека мерките за поскапувањето на нафтените деривати не биле навремени.

Министерството одговори дека ја следи состојбата и дека Владата го намалила ДДВ за нафтените деривати од 18 на 10 отсто. Наведе дека е подготвено да преземе мерки ако има енормно зголемување на цените на храната. Според одговорот, Државниот инспекторат врши контроли низ земјата, а досега нема информации за енормно зголемување. Министерството порача дека ќе реагира ако трговците ја злоупотребат ситуацијата или енормно ги зголемат маржите.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Оливер Спасовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Во однос на првото прашање, сакам да поставам и да кажам неколку збора во однос на состојбата која што е моментална со цените, со растот на цените и економската криза која што генерално тропа веќе на секоја врата во македонското општество. Сите сме сведоци дека ова е глобална криза која што настапува и таа глобална криза сигурно дека ќе предизвикува негативни ефекти врз македонската економија, а на тој начин ќе предизвикува негативни ефекти и врз македонските семејства, односно македонските граѓани. Факт е дека во Македонија цените на нафтените дериват поскапеа, за тоа се преземаа мерки за кои што сметам дека не се навремени и тоа го покажаа практично и резултати во однос на намалувањето на цените. Меѓутоа сето тоа ќе ефектуира и врз растот на цените во маркетите, односно директна дневна потрошувачка за потребите на живеењето на сите граѓани. Еве на пример, за една недела ќе прочитам неколку цени кои што биле променети и морам да кажам дека така тивко се менуваат, прво зејтинот 74 денари бил, сега од 93 до 118, кафето било 104 денари минатата недела, сега е 120 до 140 денари, меленото месо било околу 638, сега е 730 до 849, пилешкото месо 376, сега е 401 до 493, млекото 56, сега е 67 до 78, јајцата 103, сега се од 129 до 148 и сега во моментов имаме едно навистина сериозно брутално поскапување на цените на прехранбените продукти, основните прехранбените продукти пред се зеленчукот и овошјето. За пример, денеска на пазарот пиперките се околу 300 денари, а доматите 200 денари и малку повеќе од 200 денари. Моето прашање е, дали вие како Министерство за економија предвидувате соодветни мерки кои што ќе значат подобрување или ублажување на оваа кризна состојба во било кој тип да се. А зошто тоа го кажувам, бидејќи сето ова дополнителна тежина, бидејќи вие во ваше соопштение кажувате дека Министерството за економија и труд во 2025-та година преку ограничувањето на маржи на 102 групи производи и цени на 8 групи основни прехранбени производи, ја стабилизираа инфлацијата. На основа на ова, прашањето е дали и сега моментално преземате и мислам дека е крајно време тоа да го направите час поскоро, бидејќи ние можеме да правиме статистики, просечни статистики и така натаму. Меѓутоа секој ден, секој човек одењето во маркетите може да ги види цените кои што растат и ако за тоа не преземеме навремени мерки мислам дека понатаму се ќе биде задоцнето.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Почитувани граѓани, почитуван потпретседател на Собранието, почитувани колеги министри, пратеници. По последниот развој кој беше во, кој директно значи беа поврзани со глобалните пазари како Министерство ја мониторираме со одговорност ситуацијата поради Блискиот исток. Во услови на несигурност која беше на светските пазари како Влада покажавме и одлучност и реагиравме навреме намалувајќи го ДДВ или Данокот на додадена вредност за нафтата од 18 на 10%. На овој начин демонстриравме јасно дека работиме и го штитиме интересот на граѓаните во ова време кога има криза во целиот свет. И за информација, нашата земја има најмали цени на нафтените деривати во регионот. Сме свесни дека како земја која сме зависни од увоз, имаме 70% увоз на производите, основните прехранбени производи и сме, директно влијаеме од цените кои на местото од каде што ги увезуваме овие производи. И како Министерство сме подготвени со конкретни мерки да помогнеме ако има енормно зголемување на цените на прехранбените производи. Нема да дозволиме, значи нема да дозволиме притисоци било од производителите, трговците, да има притисок и тука како што бевме и претходно, значи ќе сме тука да донесеме мерки кои се во интерес на граѓаните. Паралелно со ова сакам да ви истакнам дека Државниот инспекторат има поделено 30 групи во целата земја и ги контролира комплетно, значи синџирот, од производителите тие кои прават дистрибуција и до трговците и досега не сме зеле информација дека има енормно зголемување. Не се работи тука само за прехранбени производи како што истакнавте вие кои се. Значи на светската берза и таму не може да влијаеме, бидејќи тука, тие се зголемени во целиот свет и нормално дека на тие ќе се зголеми цената. Со контролите, значи испраќаме јасна порака дека нема да има толерирање и нема да има зголемување, енормно зголемување на маржата на добивка од трговците. Ако производителот и трговецот, од информациите кои ни доаѓаат дека нема намалување на цените, значи нема причина зошто да ги зголемуваат и трговците. Ако има ваква информација или кога ќе стигне до нас, вакви мерки за заштита на граѓаните, во овој правец сакам да истакнам политиките кои ги спроведуваме досега само за последните месеци од 2026-та и овој месец инфлацијата паднала на 3,5%. Во нашата земја 9,2% секој ден значи ја мониторираме ситуацијата. За повеќе производите на мало се зголемени за 1,5 до 2% на прехранбените производи кои се на мало што е под 2%. Но ситуацијата во нашата земја не е ни 3%, не претендираме дека ситуацијата е идеална, но е факт дека во еден релативно краток период постигнавме да ја стабилизираме економијата и да создадеме основа за понатамошен развој. Ако кризата која ја опфатила нашата земја ќе стигне трговците да ја злоупотребат ситуацијата и девијантно да се однесуваат, како што дејствуваме и порано значи, ќе дејствуваме и сега.

Сите пратенички прашања