
Оливер Спасовски
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање кое што сакам да го поставам се однесува за Министерството за правда и гледам дека немаме овде, а имаме заменик министерот е тука, се извинувам, а се однесува во однос на полагањето на правосудниот испит. Знаете дека согласно Закон за правосуден испит постојат неколку сесии, февруарска, априлска, јунска, октомвриска и декемвриска испитна сесија. Досега според моите информации не е формирана Комисијата за полагањето на правосудниот испит, многу од кандидатите, млади правници кои што трошат и време и енергија и пари, патување до Скопје и така натаму, очекуваат можност за полагање на овој правосуден испит. Морам да кажам дека на 16.03.26-та година, министерот Филков во едно долго известување од две реченици укажува дека нема да се одржуваат полагањето на правосудните испити заради неисполнување на технички услови. Знаете, за техничките услови потребни се две простории, потребна е Комисија која што треба да биде формирана. Зошто тоа не е направено досега? Дали постојат некакви калкулации во однос на кадарските решенија кои што се во делот на оваа Комисија за полагањето на испитот и дали повторно се праќа пораката до сите овие млади правници кои што се подготвувале за испитот во февруари, дека истото ќе ги чека и во април. Со оглед на тоа дека рокот за пријавувањето на испитот за во април веќе е поминат, знаете дека полагањето треба да биде од 01 до 20 април, ако не е формирана Комисијата, дали повторно уште едно долго соопштение од две реченици ќе каже министерот Филков дека сега не може да формирам комисија и повторно нема да полагате. Значи ова е спротивно на Законот за правосуден испит кој што овој Законодавен дом го има донесено.