Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Лукаревска праша за исплата на субвенциите за оризопроизводителите

Резиме

Пратеничката Сања Лукаревска праша кога ќе бидат исплатени субвенциите за оризопроизводителите и дали исплатата ќе вклучи дополнителни 12 денари за килограм откупена арпа. Таа наведе дека производителите се соочуваат со ниски откупни цени и застој во откупот, како и дека не можат да се подготват за новата реколта без исплатени субвенции за 2025 година.

Министерот одговори дека субвенциите ќе бидат исплатени и дека за исплатата важи законски рок, наведувајќи дека во моментот на одговорот тој сè уште не бил истечен. Не даде конкретен рок, ниту се изјасни дали ќе биде прифатено барањето за дополнителни 12 денари по килограм. Посочи и дека Владата претходната година обезбедила мерка од 6 денари за предадена арпа.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сања Лукаревска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И, моето трето прашање е до министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство. И, се однесува на состојбите во оризо производството за така нареченото Кочанско бело злато кое што претставува доминантна култура, земјоделска во Кочани, Зрновци, Чешиново, Облешево и во делови во општините Карбинци и други населени места. Преку ваши активисти земјоделци кога бевте опозиција се организира огромен број на протести, токму во Кочани и кочанско барајќи повисока откупна цена за арпата тогаш на ниво од 42,00 денари за килограм. Тогаш имаше организиран откуп и постоеше цена но, и покрај тоа се блокираа патишта, се вршеше притисок и т.н. денес кога сте на чело на ова министерство состојбата е драматична, се намалија субвенциите во земјоделството за 40 милиони евра а се укина субвенционирањето на ситните сорти ориз кој што се застапени кај нас. Оризопроизводителите се соочуваат со откупна цена од само 18,00 до 23,00 денари за килограм арпа а откупот е застој или целосно не извесен иако на ваш медиумски настап имате потенцирано дека ќе се подготвува стратегија за оризопроизводство. Во ова прашање не ги вклучувам дополнителните мерки кои земјоделците претходно ги користеа како зелена нафта, субвенции кои што се исплаќаа навремено, па дури и предвремено и ќе се држиме исклучиво на овој предизвик, откупот и цената. Оризо производителите алармираат дека не можат да се подготват за новата реколта затоа што, не се исплатени субвенции за 2025 година а веќе завршува едно тромесечие од 2026 година. Дополнително загрижува и состојбата и со довербата во институциите во рамки на вашето министерство за што сме сведоци сите. Не би сакала тука да зборувам и за суспендирањето на европските средства од ИПАРД програмата, сето ова остава еден лош впечаток кон една од најважните гранки во државата. Кога ве повикаа оризо производителите, се сретнавте пред два месеци, таму им напоменавте: Да, се ќе биде во ред. Но, денес е евидентно незадоволството. Моето конкретно прашање до вас е: Кога ќе ја реализирате исплатата на субвенциите за оризо производителите? И, дали во таа исплата ќе бидат вкалкулирано и барањето на оризо производителите за дополнителни 12,00 денари субвенција за килограм откупена оризова арпа. Ова не е политичко туку егзистиционално прашање за илјадници семејства и оризо производителите очекуваат очајно одговор. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Благодарам. Почитуван потпретседател, почитувана пратеничке, благодарам на храброста да се јавите и да прашате во делот на земјоделството. Очигледно лошо ве спремиле, имам разбирање, очигледно тоа не е ваша материја и можеби не знаете зошто точно сакате да прашате. Меѓутоа ќе се обидам на кратко. Протестот кој го организиравте минатата недела беше поддржан од вашите членови и вие сте ставивте во улога да бидете спасители на она што го ставивте како катастрофална состојба. Зошто, затоа што самите оризопроизводители во саботата во кажаа дека имаат залихи од пред 5 години, а пред 5 години бевте вие владејачка гарнитура заедно со коалицијата. Ве молам слушајте внимателно затоа што ќе треба да го сфатите одговорот кој што го давам. Она што за вас беше мисловна именка беше да прифатите оризовата арпа да биде стратешка култура од национален интерес и да се откупат количини за државните потреби како за една од важните земјоделски култури. Колегата кој што седи до вас тогашен министер за внатрешни работи им прати кордон полиција на протестантите односно земјоделците кои што ги бараа правата во тоа време, денеска што е една сосема поинаква ситуација. Меѓутоа, ајде да одиме со аргументи да видиме што направи Владата на ВМРО ДПМНЕ во делот на оризопроизводството. Како прва мерка која што беше воведена односно имплементирана во есента 2024 година беше објавата за кофинансирање на комбајни и сушари за ориз во делот на оризопроизводството. На самата објава се јавија 57 апликанти и замислете сите 57 беа одобрени. За потсетување, во едно друго време во кое што вие седевте на Илинденска во Владата имаше списоци, имаше партиски превирања, имаше неподобни и подобни и си правеа селекција. Денес тоа оваа Влада не го практицира. Напротив секој еден што аплицирал секој одобрен со апликации и беа исплатени средствата, а се потрошија над 35 милиони денари за оваа намена. Исто така мораме да потенцираме. Во производната 2025 година дека во вашето заминување недомаќински, нефер знаејќи дека ќе заминете од фотелјите во кои што седите, ја испразнивте браната Калиманци, акумулацијата Калиманци со цел да имаме тешка производна година да се соочиме со самиот старт со едно лимитирано производство. Меѓутоа вистината говори нешто поинаку. Со многу домаќински и одговорно управување со водниот ресурс, со сите заложби што ги направи Министерството и Владата во делот на санирање на онаа катастрофална состојба во системите за наводнување, успеавме да ја покриеме секоја една земјоделска површина со доволна количина вода и да се посее оваа битна култура за нас, нешто што во минатото беше мисловна именка. Исто така мораме да кажеме дека вие седејќи во Илинденска број 2 се препелкавте и не сакавте да го прогласите оризот како стратешка култура. Тогашната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ја направи измена на Законот и ја прогласи оризот за стратешка култура. На владина седница се променија сите потребни дополнителни акти и Владата спроведе откуп на 2400 тони на оризова арпа за стоковите резерви, додека во ваше време вие не сакате да направите тоа. Да не зборувам за пченицата каде што бевте поносни кога увезувавте од надвор наместо домашното да се откупува за државни потреби. Во делот на зелената нафта, јас бев еден од критичарите кога ја критикуваше таа мерка затоа што поделивте зелена нафта за паркирање на тракторите, не и за обработка, не и за да биде дополнителна додадена вредност и компензација на трошоците во делот на земјоделското производство. Истата мерка почитувана пратеничке минатата година е зголемена за 100% и сега земјоделците добиваат сериозна количина на зелена нафта која што значи сериозен инпут во делот на олеснување на производните трошоци. Да одиме понатаму, оваа Влада минатата година во текот на целата откупна сезона определи дополнителна мерка од 6 денари за предадена оризова арпа на откупните центри за разлика од ваше време не на откупувачите, него на земјоделците. За оваа намена како Влада одвоивме над 90 милиони денари за да им помогнеме на оризопроизводителите. Во делот на исплатата на субвенциите морам да потенцирам дека исто така имате една грешна информација дека се намалени субвенциите.. Ако ги погледнете програмите за субвенционирање од 2017, 2018 па навака, тој што ве спремал за денешното пратеничко прашање ќе ви помогне се надевам, ќе видите дека никогаш немало 140 милиони евра субвенции кон македонските производители. Ќе ви кажам и зошто. Затоа што, ве молам слушајте почитувана пратеничке, многу е важно ова што ви го објаснувам, се трудам за да пренесете. Програмата која се носи обично е околу 100 милиони евра затоа што никогаш не можете однапред да предвидите колку средства ви треба согласно апликациите кои што ги имате. Меѓутоа исто така е важно да се потенцира дека во 2024 година со преземањето на власта наследивме една сериозна финансиска дупка во овој сегмент. Со ребалансот во 2024 година и со пренамената во декември месец се обезбедија дополнителни 40 милиони евра кои што се платија во однос на заостанатите обврски кон македонските земјоделци. Она што сакам да го извлечам како заклучок е дека субвенциите редовно ќе се исплаќаат немајте дилема од носењето на Програмата во 2016 година до денеска се исплатени над 30 милиони евра. Меѓутоа исто така треба да кажете во јавноста дека имаме и законски рокови за исплата на овие субвенции. Од Програмата почитувана пратеничке, во 2025 година крајниот рок за исплата на субвенциите во месец 6, во 2026, денеска сме месец трети и ве молам за трпение ќе видите во наредните денови дали оризарите ќе ги земат субвенциите. Јас ветувам дека ќе ги земат. Она што е многу важно исто така да се каже во овој момент е дека ние со овие конкретни мерки што сме ги донеле и сме ги имплементирале е во делот да направиме санација на онаа состојба која што ја наследивме. Ние сме вистински партнери на земјоделците, така и ќе продолжиме. нивната доверба која што ни е дадена нема да ги разочараме. Напротив, ќе се трудиме што е можно повеќе од овој сектор да направиме една рентабилна гранка и да, потребна е стратегија, знаете зошто. Затоа што вие во вашето владеење донесовте едни ситни сорти наречени чистачи кои што се речиси забранети во Европската Унија. Внесовте сорти кои што ниту се барани, ниту се употребувани во меѓународните пазари. Е затоа е потребна нова стратегија во овој сегмент, да поставиме здрави темели она што вие можеби не собравте храброст, не знаевте или не знам што уште не, не го направивте во оние 7 години кои што бевте практично власт. Ве замолувам за трпение, гледајте и учите како се водат аграрни политики во овој дел затоа што сите бројки во Државниот завод за статистика ве демантираат во вашите обвинувања. Знам дека ќе бидете незадоволни од мојот одговор, меѓутоа аргументите се на моја страна, на страната на Владата, а вистината секогаш ќе ве боли. Благодарам.

Сите пратенички прашања