Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството: Првото решение за комисијата е донесено на 26 март

Резиме

Пратеникот Оливер Спасовски побара од министерот за правда Игор Филков да наведе кога и под кој архивски број е формирана Комисијата за полагање на правосуден испит, како и да достави копија од одлуката. Прашањето го постави по претходен одговор од заменик-министерот дека комисијата е формирана.

Министерството одговори дека на 26 март 2026 година било донесено решение бр. 08-747/1 за формирање на комисијата. По барање за изземање на член, на 1 април решението било поништено и истиот ден било донесено ново решение за формирање, чиј број не е наведен во одговорот. Одговорот не содржи копија од решението. Министерството соопшти дека ги обезбедило потребните услови и ги објавило термините за полагање.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Оливер Спасовски

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – Скопје ПРИМЕНО: 27.03.2026 Орг.Единица Број Прилог Вредност 08 2330/1 0

До Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија Г-дин Африм Гаши

Предмет: Пратеничко прашање

Согласно член 38 и 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија поставувам пратеничко прашање до министерот за правда Игор Филков.

На седницата на Собранието на Република Северна Македонија број 95 одржана на 26.3.2026, предвидена за поставување на пратенички прашања, поставив пратеничко прашање до Министерот за правда:„Зошто Министерот за правда упорно не формира Комисија за полагање на правосуден испит и зошто спротивно на член 8 од Законот за правосуден испит, кој предвидува февруарска сесија за полагање на правосудниот испит, не овозможи истиот да се полага онака како што предвидува законот?“

На истото прашање, заменик-министерот за правда Ален Деребан одговори дека е формирана комисијата за полагање на правосуден испит.

Во таа насока, Ве прашувам кога е формирана Комисијата, под кој архивски број и на кој датум и за истата да ни доставите копија од Одлуката за формирање.

Овој писмен одговор е неопходен за целосно информирање на јавноста и исполнување на законските процедури за полагање на правосудниот испит.

Со оглед на значењето на ова прашање, барам навремено и целосно доставување на бараните информации.

Пратеник, Оливер Спасовски

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за правда

Република Северна Македонија Министерство за правда

ДО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДМЕТ: Достава на одговор по Пратеничко прашање ВРСКА: Ваш број 08-2330/2 од 31.03.2026 година

Почитувани,

Во врска со Пратеничкото прашање на Оливер Спасовски, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, поставено писмено меѓу две седници на Собранието на Република Северна Македонија, на 27 Март 2026 година, кое се однесува за Комисијата за полагање на правосуден испит, односно кога е формирана истата, под кој архивски број и на кој датум, Ве известуваме за следното:

Министерот за правда на ден 26.03.2026 година, со решение бр.08-747/1 формираше испитна комисија за полагање на правосуден испит. Врз основа на поднесено барање на ден 30.03.2026 година, за изземање на член на испитната комисија, министерот за правда на 01.04.2026 година донесе решение за поништување на решението 08-747/1 и истиот ден донесе ново решение за формирање на испитна комисија за полагање на правосуден испит. Воедно, Министерството за правда ги обезбеди сите неопходни услови и ги објави термините за полагање на правосудниот испит на својата веб страница.

Со почит,

МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА Игор Филков

Подготвил/а: Марија Илиевска, раководител на одделение

Министерство за правда на Република Северна Македонија Ул. „Димитрије Чуповски“ бр. 9, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3116 493 www.pravda.gov.mk

Сите пратенички прашања