Република Северна Македонија Министерство за образование и наука
До: Собрание на Република Северна Македонија
Предмет: Одговор на пратеничко прашање во врска со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование Врска: Пратеничко прашање бр.08-2545/2 наш број 14-5461/1
Почитуван пратеник, г-ѓа Даниела Николова,
Во врска со прашањето кое се однесува на подготовката на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование, Министерството за образование и наука известува дека подготовката на ова законско решение се одвива низ јасно утврден, институционален, инклузивен и координиран процес, со учество на релевантните чинители од системот на високото образование, науката и истражувањето, при што процесот започна со формирање на инклузивна работна група во рамки на Интеруниверзитетската конференција во следниот состав:
1. Проф. д-р Соња Топузовска, проректор за настава, претставник од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје;
2. Проф. д-р проф. д-р Горан Илиќ, проректор за наука, претставник на Универзитетот „Св.Климент Охридски" во Битола;
3. Адем Беадини - генерален секретар, претставник на Универзитетот во Тетово:
4. Проф. д-р Зденка Стојановска, проректор за наука, претставник на Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип;
5. Проф. д-р Устијана Речкоска-Шикоска, проректор, претставник на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид;
6. Проф.д-р Зоран Трифунов, претставник на Универзитетот „Мајка Тереза“ - Скопје;
7. Др Џеваир Мемеди, генерален секретар, претставник на ЈИЕ Универзитетот во Гетово;
8. Проф.д-р Марјан Бојаџиев, ректор, иреставник на Универзитетот Американ Колеџ Скопје
9. Проф. д-р Снежана Билиќ, советник на ректорот, претставник на Меѓународниот Балкански универзитет - Скопје,
Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3117 896 www.mon.gov.mk 1
Република Северна Македонија Министерство за образование и наука која на 7.8.2024 година до Министерството за образование и наука достави предлог-текст за измени и дополнувања на Законот за високото образование, а потоа, заради обезбедување поширок, системски и координиран пристап во подготовката на реформските решенија, на владино ниво беше иницирано формирање на Национално координативно тело за реформи во високото образование, науката и истражувањето и развојот, по што Министерството за образование и наука донесе решение за негово формирање како формална институционална рамка за понатамошно водење на реформскиот процес.
Согласно Решението, Националното координативно тело е во следен состав:
- Претседател е министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска. - Заменик претседател е проф. д-р Солза Грчева, Национален координатор за реформи во високото образование
- Членови се:
• проф. д-р Лулзим Алиу, заменик министер за образование и наука, член, • проф. д-р Самоил Малчески, вонреден професор на Меѓународниот Славјански универзитет, член, • проф. д-р Садудин Ибраими, член на Интеруниверзитетската конференција, член, • проф. д-р Гордана Лажетиќ, претседател на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, член, • м-р Наташа Јаневска, проектен менаџер во стручната служба на Стопанската комора на Северна Македонија, член, • Ивона Кузмановска, извршен директор на Младински образовен форум, член, • Бленди Ходаи, извршен директор на Форум за образовни промени, член, • проф. д-р Соња Топузовска, проректор за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, член, • проф. д-р Димитар Николоски, редовен професор на Економскиот факултет во Прилеп, Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Битола, член, • проф. д-р Јусуф Зејнели, редовен професор на Универзитетот во Тетово, член, • проф. д-р Изет Зекири, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, член, • проф. д-р Сашо Коцевски, декан на Факултетот за информатика на Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, член,
2 Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3117 896 www.mon.gov.mk
Република Северна Македонија Министерство за образование и наука
• проф. д-р Иван Бимбиловски, ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, член, •Александар Николовски, претседател на Универзитетско студентско собрание на УКИМ • Аѓим Рамадани, државен советник за високо образование, член, • Ахмед Казими, раководител на Секторот за високо образование, член, • Борчо Алексов, претставник во групата за следење на Болоњскиот процес, член, • м-р Љупка Неделковска, советник во Секторот за високо образование, член и административно-техничка поддршка на Националното координативно тело за реформи во високото образование, науката и истражувањето и развојот, • м-р Јехона Муртезани, советник во Секторот за високо образование, член и административно-техничка поддршка на Националното координативно тело за реформи во високото образование, науката и истражувањето и развојот.
- Заменичи членови се: • доц. д-р Цеваир Мемеди, член на Интеруниверзитетска конференција, заменик член, • Академик Валентин Мирчески, член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност - заменик член, • м-р Михајло Донев, проектен менаџер во стручната служба на Стопанската комора на Северна Македонија, заменик член, • Ристо Савески, претседател на Младински образовен форум, заменик член, • Ардит Рамадани, раководител за односи со јавноста на Форум за образовни промени, заменик член, • проф. д-р Лазо Пендовски, проректор за финансии, инвестиции и развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заменик член, • проф. д-р Ангелина Станојоска, продекан за наука и меѓународна соработка на Правниот факултет во Кичево, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, заменик член, • проф. д-р Салајдин Салихи, в.д проректор за меѓународна соработка на Универзитет во Тетово, заменик член, • проф. д-р Бујамин Бела, проректор на Универзитетот „Мајка Тереза„ во Скопје, заменик член, • проф. д-р Ѓорги Димов, декан на Факултетот за природни и технички науки, Државен универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, заменик член,
Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3117 896 www.mon.gov.mk
Република Северна Македонија Министерство за образование и наука
• проф. д-р Атанас Христов, вонреден професор на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, заменик член.
Министерството за образование и наука номинираше свои претставници кои се дел од Секторот за високо образование, а побара номинации од сите други засегнати страни кои се дел од Интеруниверзитетската конференција.
Во рамки на Националното координативно тело, како особено значаен елемент во постапката за подготовка на законското решение, е формирана и работна група за измени и дополнување на Законот за високото образование, со што е обезбедена непосредна стручна, оперативна и координативна рамка за изработка и усогласување на текстот на Предлог-законот.
На тој начин, подготовката на Предлог-законот претставува континуитет на активности што започнуваат со доставениот предлог од Интеруниверзитетската конференција, а продолжуваат преку институционалниот механизам на Националното координативно тело и неговата посебно формирана работна група, и стручните служби на МОН, со цел законското решение да биде подготвено врз основа на стручност, координација и широка вклученост.
Ниту еден од ангажираните за оваа цел, нема примено финансиски надомест.
Во работната група, беа формирани повеќе подгрупи, кои како што повеќе пати посочувавме во јавноста, работеа на различни делови од Предлог – законот за високо образование. Координаторите на овие подгрупи по потреба вклучувале професори од универзитетите со цел подобрување на текстот на законот.
Министерството за образование и наука укажува дека целиот процес се води во рамки на институционално воспоставени механизми и согласно важечките прописи, со јасно определени тела, надлежности и одговорности, што значи дека подготовката на Предлог-законот е во рамки на редовното институционално постапување, со почитување на начелата на законитост, отчетност и јавна одговорност.
Законското решение не се подготвува изолирано, туку врз основа на претходно доставени предлози, институционална координација и аналитички пристап кој вклучува согледување на постојната состојба во високото образование, усогласеноста со важечката законска и подзаконска рамка, кадровските и просторните капацитети, потребите на академската заедница, современите европски текови и потребите на пазарот на труд.
4 Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3117 896 www.mon.gov.mk
Република Северна Македонија Министерство за образование и наука
Унапредувањето на квалитетот на образованието е заедничка – општествена одговорност и прифатениот повик за подобрување на законската регулатива од сите засегнати чинители е потврда дека промените се неопходни, а инклузивноста гарантира дека промените ќе бидат ефективни.
По сите примени и прифатени конструктивни сугестии преку владиниот ЕНЕР систем, каде законското решение беше објавено повеќе од еден месец, по спроведените јавни дебати на државните универзитети, во МАНУ, по средбите со претставници на приватните универзитети и претставници на синдикатите, претставници на студентите, пратеници и така натаму, цениме дека имаме правна рамка која е добра основа за побрз и значителен напредок на високото образование и науката.
Со почит,
МИНИСТЕРКА Проф. д-р Весна Јаневска
5 Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3117 896 www.mon.gov.mk