Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче побара факти за изјавата на Николовски за Илир Мета

Резиме

Халил Снопче го праша Николовски врз кои факти ја засновал својата изјава дека поранешниот албански претседател Илир Мета е политички затвореник. Снопче праша и дали, ако изјавата била паушална, треба да се побара извинување од Албанија.

Николовски рече дека односите со Албанија се добри и дека неговата изјава не ги нарушува. Не одговори непосредно дали треба да се извини. Тој тврдеше дека Мета бил приведен на автопат и дека две години е во притвор без обвинение и судење, а додаде дека Мета му е пријател и дека ќе го поддржува.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 97-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 08 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Ви благодарам претседателе. Почитувани министри, почитувани пратеници. Првото прашање е за господинот Николовски. Господине Николовски, господине министер, во еден од одговорите кои што ги дадовте во последната седница на еден наш колега во меѓу другото претендиравте дека Албанија има еден затвореник. Според таа изјава од оваа говорница значи Илир Мета, бившиот претседател е во политички затвор без некое поголемо досие и направивте споредба помеѓу Еди Рама, Енвер Хоџа и поставувајќи едно хипотетичко прашање каде што навистина еден таков човек го одобруваат во Албанија имаме политички затвореник. Моето прашање е бидејќи вие некој си човек вие сте заменик претседател на Владата и ние мислиме дека со Албанија имаме добри меѓународни односи, ако еден заменик премиер значи обвинува дека бившиот претседател е политички затвореник и врз основа на кои факти ова го изјавивте или ака била некоја паушална изјава треба да побарате извинување од Република Албанија. Јас само ве потсетувам во врска со вашето обвинување значи ова е подигната од една инстанца каде што треба да имаме професионалност и најмалку според информациите и според вистината која што ја имаме до сега значи никакви би сакал околу ова да ни дадете одговор.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за транспорт

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 97-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 08 април 2026 година Благодарам на прашањето. Три работи би сакал да кажам. Двете се политички, третата е лична и принципиелна. Првата работа која што сакам да ја кажам е дека после одговорот на минатото пратеничко прашање кога зборував за случајот на Илир Мета чудесно сите провладини медиуми во Република Албанија напишаа колумни со исти тези против мене кои што вие сега ги кажавте. Значи, еве чудесно вие имате исто мислење со сите провладини медиуми во Албанија. Генерално се три тези кои што сега вие ги кажавте. Првата теза е: Дали ова значело нарушување на односите со Република Албанија. Не, не значи, напротив. Втората теза е дека Соединетите Американски Држави и Европската Унија стоеле позади ова. Значи, Соединетите Американски Држави и Европската Унија наредуваат на средства автопат да се тепа бивши премиер, претседател на Собрание и министер за надворешни работи. И, третата работа за некакви си врски со Унгарија и т.н. ама од како отиде потпретседателот на Соединетите Американски Држави вчера во Будимпешта гледам не ги кажувате сега, таа ја заборавивте. Тоа е првата работа сакам да ја кажам. Втората работа апсолутно односите со Република Албанија се добри, одлични и такви биле, такви се и такви ќе останат. Но, зачудува тоа што после 2, 3 недели повторно го отворате прашањево. И, сега јас сакам да ве прашам, па еве одговорете во одговорот на ова прашање. Дали е вистина дека од како вашиот претседател Арбен Таравари западна во проблеми со случајот Џока. Отишол кај премиерот на Албанија Еди Рама да бара помош и премиерот на Албанија, Еди Рама му рекол: Јас можам да ти помогнам ама повеќе од мене може да ти помогне Али Ахмети. И, така ве паркира во коалиција со Али Ахмети. Еве ќе имате можност да одговорите. Исто така, би сакал да замолам затоа што, знам дека ова ќе се пренесе. Ако било кој во Албанија има било што да каже на ова што јас го кажувам. Слободно нека кажат не ве користат вас како прокси навистина непријатна улога ви дале. Знам дека скандалот со Џока е огромен ама знам и улогава која што ви даваат е крајно непријатно. Со пријатели вака не се постапува. И, третата работа која што сакам да ја кажам е лична. Мене господинот Илир Мета ми е пријател, сум бил кај него дома, неколку пати и во Тирана и во куќата која што ја има на море и сам и со сопругата и семејно сме се дружеле и ќе се дружиме. Ми бил пријател кога бил во зенитот на својата политичка моќ, пријател ми е и сега, ај ќе почекам да ви суфлираат што треба да ми одговорите. Ако може времево само да го запреме за да добие совет што да ми каже. Еве, добро суфлирање го добив што ми одговоривте, добро. Добро, значи ми бил пријател и кога беше во зенитот на својата политичка моќ, пријател ми е и денес кога веројатно ги доживува најтешките моменти во сопствениот живот. Затоа што, таков ми е карактерот. Јас од луѓе не се откажувам, тоа го знаат многу добро колегиве од ВМРО - ДПМНЕ, знаат кои ми се пријатели, кои ми се ставови и колку долго ги држам. И, никогаш од пријател не сум се откажал за разлика од многу други кои што се тука кога сте на врвот како што се околу нас сега како што сме Влада. Но, бегаат при првиот проблем. Јас од пријатели не бегам. И, ќе го поддржувам затоа што, сметам дека е чесно затоа што, сме пријатели. А, нека им служи на чест на тие кои што наредија да го застанат среде автопат, да го натепаат, како што го натепаа за жал. И, на тој начин да го приведат и случајно тука да има камери и тоа да го објават по медиумите и исто така, нека им служи на чест на тие кои што 2 години го држат во притвор без да покренат обвинение и без да почнат судење. Тоа само во едноумието се случуваше и на Тито и на Енвер Хоџа, еве да сум балансиран за двете држави да зборувам. Јас имам членови на семејството што поминале такви работи. Се надевам дека за брзо ќе е ослободен и дека ќе се дружиме и во неговата куќа на морето и кај мене во Охрид затоа што, пријателите се за цел живот. Благодарам.

Сите пратенички прашања