Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерот вели дека стратегијата не предвидува укинување на ансамблот во Тетово

Резиме

Пратеникот Халил Снопче праша зошто во нацрт-Националната стратегија за развој на културата се предвидува затворање или измена на музичкиот ансамбл во Тетово. Тој тврдеше дека ансамблот има простор, организирал концерти и не добил согласност за нови вработувања, и праша врз која основа се предлага таквата промена.

Министерот за култура и туризам одговори дека стратегијата не споменува укинување на ансамблот во Тетово, туку предвидува редефинирање на мрежата на националните установи врз основа на анализа. Тој рече дека документот е објавен на ЕНЕР, дека претстои јавна расправа и дека сè уште не е конечен. Според министерот, можните промени се однесуваат на реорганизација или спојување на установи за поголема ефикасност, а не на нивно укинување.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 97-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 08 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање за министерот за култура. Господине министер, последно од Министерство за култура имаше еден документ каде што беше стратегија за културата за 2026 година - 2030 година каде што се предвидува сегашната состојба се предвидува една рамка сеопфатна која што се нарекува стратегија. Како треба да биде визијата за развој на културата во иднината. Овдека имаме многу прашања, но овдека ќе се допира само едно прашање. Што се однесува на музичкиот ансамбл во Тетово. Со оваа стратегија вие предвидовте дека затворање на овој ансамбл во Тетово. Зошто вие предвидовте да се затвори овој ансамбл или врз основа на што и со која инстанца ќе има таква измена. Што е целта? Зошто да се затвори оваа инстанца? Многу значајна не само за Тетово и за Полошкиот регион туку за целиот наш регион. Во стратегијата се вели дека овој ансамбл е отворен без добра организација и поддршка бидејќи имавме согласности за вработување и ансамблот не е крив затоа што, имало закаснување. Значи, криви се Министерство за култура и Владата. Намерно Владата ги блокираше вработувањата и ансамблот не е крив, исто така, во оваа стратегија се вели дека значи таму нема одржливи работни места сепак ова нема логика бидејќи се предвидени работни места кои што се според систематизацијата, има и план само вие како министерство не ја вршите оваа работа. Вие треба да дадете согласност за вработување бидејќи за ова сепак вие сте криви. Зошто сега немаме согласност за вработување за да има иницијатива за затворање на овој ансамбл или како што се вели за измена. Овдека во овој ансамбл има само двајца вработени, сепак велам дека нема значи ансамблот не е крив. Имаше барање ансамблот во Тетово е организиран со Камер Тале во Битола значи таму имаше согласности за вработување и ова продолжува во континуитет и за овој ансамбл во Битола имаше позитивен одговор за Битола а за Тетово немаше позитивно одобрение. И, после рековте дека немаат простор и ова не е вистина, ансамблот има доволен простор каде што има околу 200 метри квадратни и ова е доволно ансамблот уште еднаш велам се отвори во 2023 година заедно со оркестарот Камер Тали во Битола каде што вие дадовте одговор а за Тетово не. Да ве потсетам ако доаѓа измена со ансамбл да не може да биде фузиониран бидејќи се овие две различни сфери. Првата е со фолклор додека ова е со класична не може да ги ставиш во исто место два ансамбли кои што се во различни сфери. Значи, овдека имаме, се спомнува позиција меѓународна, слаба позиција бидејќи немаше и како ќе се постигнат вредностите ако вие не давате согласност за вработување. Ви спомнувам дека ансамблот е во Тетово, ве потсетувам дека Тетово има два универзитети, целиот Полошки регион има капацитет, значи вие пишувате дека има послаба позиција. Нормално дека на почеток може да биде послаб но треба да има поддршка за да има поголемо унапредување. Велите во стратегијата дека нема минимални услови за национален статус. Дали знаете зошто нема минимални услови и ова е грешка бидејќи Министерството за култура сепак е криво бидејќи проблемот со просторот на тетовскиот театар не е решен. Да се реши оваа проблематика ќе имаме после со домот на културата ќе имаме повеќе простор. А, со активноста што е најзначајно прашање активност каде што треба да се спомне во стратегијата еве спомнувам дека во првата година ансамблот организираше 5 концерти, во втората година овој број беше дуплиран и се поставува прашањето: Зошто вие е во стратегијата не се преземаат овие работи и која е целта. Не можеме овие факти да ги скриеме, тенденција за сокривање на овие факти значи ова е затворање и после велите дека ќе се разгледува ова прашање. Како мислите да се разгледува ова прашање. Што подразбирате под ова каде што не дозволувате вработување додека барања имаше. Прашањето е која е позадината на ова што е пишано во стратегијата односно ансамблот на песните во Тетово. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 97-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 08 април 2026 година Благодарам почитуван претседателе. Благодарам господине пратеник за прашањето. Имаме Национална стратегија за развој на културата од 2026 година, како што знаете ова е Национална стратегија за развој на културата, која што е направена со сеопфатна анализа, која е направена врз сите методолошки параметри, консултации со сите релевантни чинители во културата, од институции од секторите во Министерството за култура, од струковите здруженија, посебните здруженија, поединци уметници, консултации со професори, итн, и таа во моментот е качена на енер и на 23 април ќе има и јавна расправа. Што значи дека во Националната стратегија за култура не е спомната ниту една институција за укинување. И мене ми е многу жал што музичкиот ансамбл од Тетово вие му пресудивте сега и не е добро да му пресудувате, бидејќи ниту јас сум го кажал тоа, ниту некој го спомнал, значи ова е некој ваш избор кој што се базира на одредени шпекулации. Во Националната стратегија за култура јасно се зборува за редефинирање на мрежата на националните установи, која што е во функција на подобро делување, на подобра ефикасност и се разбира за сето ова треба да има сеопфатна анализа. Во ниеден момент, значи додека е во процес една Национална стратегија и додека е закачена на енер, сеуште не се добиени коментарите, сеуште нема јавна расправа, не можеме да коментираме за нешто што не е дефинитивно. Она што се предлага во редефинирање во бројот на национални установи се однесува и врз база на она што е направено во 23-та година кога се формирани десетина национални установи без да има никаква анализа, никаква консултација за реална потреба од нив. Значи јас не велам дека тие не треба да бидат функционални, велам дека се формирани без да има реална анализа зошто се потребни тие установи. Не велам дека не се потребни. Прашувам зошто не е направено тоа? Зошто кога сте формирале тие национални установи не им се обезбедени просторни услови, зошто не се направени добри систематизации и тие установи се сега оставени на милост и немилост во одредени установи. Во општина Тетово функционираат шест национални установи и со тоа можеме да кажеме дека Тетово е реткиот град надвор од Скопје што има најголем буџет и најголем број национални установи во Македонија. Значи ако ги соберете сите заедно од Скопје до Гевгелија, до доле, имате вкупно три национални установи. Само во Тетово има шест. Значи овде зборуваме и за рамномерен културен развој на општините. И општина Тетово всушност има буџет за култура од 15 милиони денари што е еден од водечките градови во Македонија во делот на културата. Така да, ова што го правиме сега ние е врз база на сеопфатна анализа. Ниту во еден момент не е спомнат во Стратегијата музичкиот ансамбл од Тетово. Зборуваме за институции кои што имаат само по еден вработен или по двајца вработени и зборуваме не за укинување, туку кога зборуваме за редефинирање или реорганизација на установите, зборуваме за спојување на институции кои што ќе имаат поголема ефикасност. Бидејќи голем дел од институциите, еве ќе ви кажам еден пример, во една национална установа каде што имаме 90 вработени, кои што на годишно нови трошат над милион и двесте илјади евра за плати, а имаат продукција од само милион денари. Во тој контекст зборуваме за редефинирање или реорганизација во национални установи, но сеуште за тоа имаме дебата.

Сите пратенички прашања