
Венко Филипче
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Венко Филипче, поставено на 97-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 08 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам претседателе. Почитуван претседателе, пратеници, претседател на Владата, министри. Имам прашање до премиерот во врска со менаџирање на кризата. Имено кризата со војната во Иран започна во последните денови на февруари. Се случуваат работи кои што беа очекувани на кои што и предупредуваа експерти, аналитичари и така натаму, односно тоа дека цената, раст на цената на нафтата ќе влијае на раст на сите други продукти, цени кои што се во директна или индиректна корелација. Апелиравме да Владата преземе навремено мерки за да не се случи тоа да започне со спиралата на зголемување на цените на останатите продукти, за жал тогаш во првите денови на кризата Владата не реагираше никако. Преуверзувавме дека ќе пораснат цените на храната, на транспортот, останатите услуги и токму тоа сега се случува. Имено поскапена е храната, основните прехранбени продукти за 5 до 10% лебот, маслото, шеќерот, солта, основните месни, млечни производи, за над 200 до 300% се поскапени овошјето и зеленчукот. Во еден претходен период, во текот на јануари, февруари го одбивте предлогот да Предлог законот да порасне минималната плата на 600 евра што беше барање на работниците, на синдикатите, имено и тогаш граѓаните, работниците се соочуваа практично со егзистенционални проблеми, а не сега кога цената на горивата се зголеми за близу 40%. Во време на менаџирањето на кризата во Владите на СДСМ за време на Ковид кризата или после почетокот на војната во Украина, овие мерки кои што сега ги предложивме, владејачкото мнозинство не ги изгласа за жал, сега законите за дополнително намалување на ДДВ-то на горивата преполовување на цените на патарините, мерки кои што навистина ќе придонесат да се намалат дел од трошоците на граѓаните, намалување дополнително на цените на акцизите со што ќе се намалеа цените на горивата. А не како досега, после секоја мерка која што ја имплементиравте, а тоа се само делумно мерките кои што ние ги предлагаме во ниеден момент цената на горивата не се намали. Ќе кажете, имаме најниски цени во регионот, меѓутоа една Хрватска и Словенија имаат слични цени на горивата како кај нас, но за стандардот да не зборуваме. Таму минималната плата не е 400, таму е 1000, односно 1500 евра. Така да кога кажуваме колкави се некои цени, мораме да водиме сметка какви се и платите и какво и стандардот на граѓаните. Во време на менаџирањето на кризите Украина и Ковид кризата имаше и дополнителни мерки кон одредени категории на граѓани. Имаше субвенција на плати, имаше субвенција за пензионери од 1500 до 3000 денари, имаше ваучери студентски од 1500 до 2000 денари. Значи, имаше поддршка на одредени категории на граѓани во смисла на социјална помош, загрозени, со посебни потреби и така натаму. На луѓето им е потребна директна финансиска помош. Мерките кои што сега се предлагаат апсолутно немаат никаков ефект, односно граѓаните не ги чувствуваат. Дополнително има три други параметри кои што укажуваат дека е потребно посебна помош и во стопанството, односно економијата. Има пад на индустриското производство во однос на ланското 6%, а овој месец во однос на претходната 13,9%. Намалени се странските инвестиции, лани скоро третина од тоа што конститутивните мерки и политики на Владите на СДСМ доведоа да има рекордни инвестиции во 24-та од милијарда и двестта милиони евра и се затвораат фабрики и работниците остануваат на улица. Близу 1500 работници изминативе месеци се останати без своите работни места. Дел од текстилните фабрики на истокот, дел од Зоните економски кои што ги затвораат своите капацитети. Сите овие работи укажуваат дека економската состојба не е добра, дека граѓаните, а тоа го слушаме секојдневно по нивните апели, по нивните сигнали, едноставно не можат да преживеат. Моето прашање е зошто не ги прифаќате мерките кои што навистина ќе дадат ефект, еве сега имавме предлог на закони. Дали планирате сега, не после Велигденските празници, на луѓето сега им се потребни мерки. Кои знае како ќе биде после Велигденските празници, како ќе се одвива кризата. Мерки кои што ќе бидат за таргетирани групи на граѓани кои што ќе значат директна финансиска поддршка. Благодарам.