
Димитар Апасиев
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Димитар Апасиев, поставено на 97-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 08 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам претседателе. Почитуван премиер, почитувани министри, почитувани пратеници. За разлика од Венко Филипче, јас решив наместо генерички како познат провокатор кои во меѓувреме се искали во снајперист за корумпираните. Да поставам конкретно прашање, еве имам слика од протагонистите, ќе ја ставам тука за да фати нели, камерата за рилче. Значи, бидејќи видовме дека немаме систем. Што е систем, што е судот? Судот е зграда, има судии. Што е обвинителство? Обвинителство е зграда, има обвинители. Јас решив по име и презиме, отсега вака кога ќе ги кажувам и вака да ги урамувам во слика протагонистиве за кои што ќе стане збор. Овдека гледам слика од актуелниот претседател на Уставниот суд, господинот Дарко Костадиновски. Од три извори ми се потврдени индицииве за кои што ќе ве прашам, можеби не се вистина, ќе слушнеме од вашиот одговор, можеби и се. Прво да видиме овој Дарко Костадиновски кој лик е човеков, малце е постар од вас, 74-та е роден. Како вмровски кадар во 2001-ва, значи уште во времето на Борис Трајковски. Се вработува како статер во кабинетот негов како асистент на некој советник таму, 2008-ма како секој познат вмровец кога е на функција си ги користи привилегиите да си магистрира, да се докторира, имавме ние и министри, еве сега да им е честито, да ги магистрираме, 2008-ма си магистрира, па Бранко Црвенковски малце го унапредува во раководител на одделение за Европската Унија и НАТО. После доаѓа Џоли Иванов, Џоли Иванов го унапредува малце повеќе, 2010-та од државен советник за надворешна политика негова и го праќа негде таму као наш пратеник во Обединети нации, нешто, и 2012-та си докторира човеков по стара програма на Јустинијан Први. И сега јас поднесов барање до него до Уставниот суд да ми кажат за слободен пристап до информации од јавен карактер, да ми кажат во која област докторирал човеков, кои му биле во Комисија, на која институцијата го дознав и кога му завршува мандатот. Е сега не ми одговорија, иако имаат законска обврска, им помина рокот, но мислат дека тоа се некој си тајни податоци, не се тајни, еве ги најдов по мало истражување во билтенот на УКИМ вашиот матичен универзитет. Човекот докторирал на тема од меѓународно право. Зошто го нагласувам ова подоцна ќе дојдам до таа тема, бидејќи по фраскатик знаете како се бираат професорите. Во комисија му биле професорите Поликсена Гавровска, Љубомир Фрчковски, Сашо Ѓеорѓиевдски, сегашниот декан, покојната професорка Тања Петрушевска и професорот Тони Дескоски, мажот и на Рената. Е сега за каков превртлив опортунист и кариерист станува збор. Само ќе ви илустрирам чисто за контекст. Во самиот докторат на човеков пишува за услови за прием на држави во членство на Обединети нации и тој го дава нашиот пример во спорот за името, го дава како треба ние да се одбраниме за да веднаш потоа штом стане уставен судија по предлог на Ѓорѓи Иванов го аминуваше илегалниот референдум на Заев за промена на името кои ние тогаш како Левица го оспоривме на Уставен суд, а тој беше мислам не е судија, известител, но еден од тие најгласните дека референдумов со 6 прашања во едно е легитимно. Во 2018 е избран токму за време на Заев кога бил премиер и мандатот му истекува сега во јануар. Е сега од кај иде штосот на прашањето? Човеков е цел живот на државна функција и не може да биде ништо друго освен пак на државна функција. Од тука си направил мрежа, во која што ви кажав од три извори ми се потврдени информациите, ве споменувал лично вас. нели рековте заврши времето на телефони, зборено е со премиерот, зборено е со Мицкоски. Значи ве споменувал лично вас дека сте му ветиле, наводно, не знам, вие ќе кажете, дека по завршувањето на неговиот мандат сега во јануари тој ќе биде избран за професор на некој од државните универзитети. Ај да се вратам на фигите во 2024-та се бира за претседател на Уставен суд после вашата омилена Добрила Кацарска и дури после 10 неуспешни обиди. Значи не го сакаа практично ни внатре и еве ја индицијата. Во мај станувате премиер, во јуни Дарко станува претседател на Уставниот суд. Во 2025 година, многу плодна година за ова семејство, неговата сопруга Цветанка Сиљановска Костадиновска во мај месец е избрана за судијка на Апелациониот суд во Скопје на ист ден со сопругите на вашиот владин советник Сашо Марковски и на овој денеска кој ќе го бирате за претседател на Регулаторна комисија за енергетика Ацо Ристов како тогашен градоначалник на Радовиш. И што е индикативното? Индикативното е што веднаш после овие убави настани за ова семејство тој почнува хвалоспеви за Владата невидено до сега за уставен судија. На едно интервју на Телма после локалните избори мед и млеко течеше за Владата, што е нечуено за еден функционер кој би требало да биде во сенка. Е сега да видиме каде го ставате вие? Во една комисија за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. И чудни односи се десија тогаш вие лично потпишавте две комисии. Едната во март 2025 каде што имаше 9 членови и од Уставниот суд беше само Осман Кадриу, не беше овој Дарко. И тие ми дадоа предлог листа која на вас не ви се свиѓаше затоа што беше Ленче Ристовска како прворангирана, онаа која ги води, ги водеше Талир 1 и Талир 2 за перење на пари на ВМРОДПМНЕ и за имотот во Белата палата. Апелационата судијка Габриела Гајдова и Јордан Апостолски, овие ги одбра, вас не ви се свиѓаа, рековте наводно не ги исполнуваат условите. Направивте нова комисија кад го ставивте тоа во јули 2025 од 9 на 5 членови и го ставивте овој Дарко да биде претседател. Индикативното е тоа што во истиот месец кога го ставивте да биде претседател му ја отфрливте интерпелацијата поднесена од пратеници на опозицијата, спротивно на Деловникот секако, затоа што не можете така лесно да отфрлате интерпелации. Стана еден пратеник од ЗНАМ рече барам да се тргне точката од дневен ред и се тргна. Невидено во нашата парламентарна историја, бидејќи интерпелацијата е уставен институт. Е сега на овој втор конкурс повторно го бираат еден од овие Јордан Апостолски. Инаку адвокат на Јохан Тарчуловски и на некој од 27-ми април кој претходно велевте дека не ги исполнувал условите. Некоја адвокатка Наташа Бошкова и актуелниот декан на Правниот факултет Сашо Ѓеорѓиевски. Да е приказната по заплеткана токму овој Сашо Ѓеорѓиевски, професорот, му бил член видовме на овој Дарко
Ѓеорѓиевски, односно Дарко Костадиновски. Значи му бил член и ментор за магистратура и член за докторска. И сега Антикорупциска им вика иземете се од гласањево кога ќе гласаат. И видете сега, од пет членови тројца се иземале. Јас не знам како се иземале? Јас не знам како имале мнозинство да гласаат? И овој Сашо Ѓеорѓиевски професоров има слична историја со вас бидејќи е првото професорско дете на професор на Правен факултет кој станал професор на истиот факултет. И после тоа веќе се крши правилото дека децата на професорите како може твоето, зошто не може и моето, значи има слично. Притисоците за професор наводно според мои сознанија одат прво кон УКИМ, токму преку актуелниот декан дека му е ветено да биде слично како клапата на Џоле Иванов, овие Влајко што ги вмроизиравте, Тимчо исто така, Блинтур еве сега гледаме, Самоил Малчевски еве сега гледаме или овој сега новиот вас што ве примил да правите атест на возила Дарко Данев кој сега ќе го направите ректор на УКИМ. Но династичкиот систем се самозаштитува на Јустинијан а го прима и вика не, не он не може тука да биде, ај пробајте на друго место. значи преку деканот не успеваат и пробуваат на второ рангираниот државен универзитет каде што лично е кажано, но и е злоупотребено или е употребено, вие тоа ќе треба да го кажете, вашето име. Прво на една катедра за политички систем каде дотичниот не исполнува услови бидејќи не може да предава уставно право затоа што има докторат од меѓународно право па потоа на катедрата за меѓународно. Право штосот бил да го изберете сега во насловно звање за кога ќе го смените Законот за високо да го протуркате некако и да си стане човеков доцент и универзитетски професор. Прашањето конкретно до вас ми е дали вие лично стоите зад овој проект за вдомување на Дарко Костадиновски на некој од државните универзитети во Република Македонија после завршувањето на неговиот мандат како претседател на Уставниот суд. Ви благодарам.