Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ајдари праша зошто Сали не присуствувал на студентскиот протест

Резиме

Рина Ајдари го праша заменик-премиерот Беким Сали зошто не присуствувал на протестот на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик. Таа оцени дека институциите не ги спроведуваат загарантираните јазични права и побара одговорност од Владата.

Сали одговори дека студентите биле примени на средба со него, дека нивната загриженост била сослушана и дека институциите презеле мерки за решавање на проблемот. Тој рече дека студентите Албанци ќе полагаат правосуден испит на албански јазик.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Рина Ајдари

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 97-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 08 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван претседател, почитувани колеги пратеници, многу почитувани граѓани моето прашање денес му го упатувам на заменик премиерот, господин Беким Сали. Заменик премиер последните настани во Скопје каде студентите протестираа за правото за давање на правосудниот испит на албански јазик изразуваат загриженост за функционирањето на правото на државата и почитувањето на правата загарантирани со закон и по Устав. Имајќи предвид дека Законот за користење на јазиците јасно го утврдува статусот на албанскиот јазик во Република Северна Македонија и обврската за неговото користење во државните институции. Извираат многу прашања но ќе почнам од едно просто заменик премиер зошто не бевте на протестот на студентите и зошто не бевте присутен за да ја слушнете нивната загриженост, имајќи ја во предвид осетливоста на прашањето и заштитата на албанскиот јазик. Тоа е света кауза. Ние кои земавме учество во протестот бевме сведоци каде што еден од студентите јавно ви се обрати. Тие ве побараа вас таму како еден од Албанците кои во моментот има највисока функција во власта. Бидејќи кога позицијата е голема и со многу привилегии и одговорноста треба да биде толку голема. Но вие за тоа треба да сте свесни. Тоа таму го видовме и тој ден не беше само обичен протест. Беа млади студенти кој бараа нешто многу просто, правото за да го користат нивниот мајчин јазик. И ова е тоа што оваа ситуација ја прави толку тешка. Бидејќи не зборуваме за отсуство на закон, законот постои и е јасен. Но продолжуваме со второто прашање дали сте свесни дека има Закон за албанскиот јазик? Инспекторат за спроведување на законот? има Агенција за јазик. Ние ги направивме сите овие и на вас ви остана само да ги спроведете. Додека ги следев студентите забележав дека тие беа деца на родители кои пред 30 години протестираа за да имаат едно друго право, високо образование на албански јазик, универзитет на албански јазик и во тоа имале успех. Денес имаме три универзитети на албански јазик и ова е по заслуга на ДУИ. Кога едно право кое е запишано во закон се бара на улица, тогаш проблемот не е во студентите. Проблемот е кај институциите. Проблемот е во вас. и овој пат се раководат институциите под оваа Влада без етнички легитимитет и вие како албански претставник требаше на време да земете одговорност дали се газат правата на Албанците во оваа земја. На крајот на краиштата какво разбирање има политичкото претставување ако граѓаните се уште треба да излегуваат на протест за нивните елементарни права. Бидејќи денес студентите не ставаат едно право, туку протестираат против сериозноста на државата. Значи го потенцираат Охридскиот рамковен договор и мултиетничката држава. Одговорот кој јавно го земеме од вас и од експоненти на ВЛЕН е за жалење. Тие значи не треба да играат мајтап со вакво значајно нешто како што е јазикот.

Заменик премиер кога овие студенти беа на улица за едно право кое вие како Влада требаше да го гарантирате без ниту една дебата требаше да бидете таму да ги слушнете и да им дадете поткрепа. Но не бевте никаде. За чудо бидејќи сме се научиле од вакви говорници функционери кои се само декор. Вчера премиерот Мицкоски мислам дека со ваше одобрување од еден висок функционер кој доаѓа од партијата Алтернатива и ова е многу симптоматично ги запознал НАТО И Европската Унија дека не опозицијата, туку студентите сакаат да ја дестабилизираат земјата. Замислете и после ова јас не гледам дали има простор за дискусија освен повторно со најголема сериозност да прашам за колку се продаде националното прашање. за колку се продаде албанскиот јазик? За една столица или за еден мандат на пратеник?

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за европски прашања

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 97-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 08 април 2026 година Почитуван претседателе, почитувани пратеници, почитувани претставници на Владата. Почитувана пратеничке ве слушав со внимание. Имавте едно долго прашање и некако беше и комплексно прашање. мислев дека се три поделени прашање. Но имавте поставено само едно прашање, така ќе одговарам. Понекогаш кога ве слушам од оваа говорница кога се обраќате во сегашната позиција се чудам како ги заборавате тие 22 години како една нова генерација и се чудам со тоа како многу брзо ги заборавате тие случки што сте ги направиле. Ниту еден ваш министер не памтам дека примил некоја странка кога имало некое вознемирување пред некоја институција. Јас сум бил тој што сум протестирал кон неправдите кои вие сте ги направиле и знам како е да протестираш и да не можеш да се обратиш на институциите. Само за информација студентите биле примени на средба кај мене кога имало иницијатива со потписите. Нивното вознемирување беше слушнато и на институционален начин ние одговоривме и ги преземавме потребните мерки за решавање на тој проблем. Студентите Албанци ќе полагаат правосуден испит на албански јазик. Додека вие имате ваше вознемирување и протестирате бидејќи ова излегува дека вие протестирате против тоа што вие сами сте го направиле 22 години. Значи протестирате против себеси. Денска сте со студентите, а до вчера немавте слух за студентите. Ова е некоја игнорација. Жал ми е што ви се обраќам на овој начин. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања