Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ковачевски праша за процентот на реализираниот заем и доцнењето на проектите

Резиме

Димитар Ковачевски праша колкав процент од заемот од Европската инвестициска банка за водна инфраструктура е реализиран, зошто не се објавуваат јавни повици за подготвените проекти и колкави пенали се плаќаат за неискористените средства. Тој оцени дека реализацијата се одвива бавно.

Министерот за животна средина и просторно планирање рече дека министерството има проектен тим што ја подготвува документацијата за проектите во општините. На седницата не ги даде бараните податоци и објаснувања, наведувајќи дека ги нема сите информации. Најави во следните денови писмено да достави комплетен план за реализација и да ги обезбеди информациите што недостасувале.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Димитар Ковачевски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Димитар Ковачевски, поставено на 97-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 08 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувани колеги, почитувани претставници на Владата. Унапредувањето на животната средина вклучително квалитетот на воздухот, управувањето со водите и управувањето со отпадот. Се едни од најголемите теми во нашето општество, но и огромен предизвик за нашата држава како на централно така и на локално ниво. Овие теми со право постојано предизвикуваат револт кај граѓаните, заради спорот темпо на имплементација на проектите за заштита на животна средина. и заради нискиот квалитет на истата. Сите сме свесни дека Македонија, а особено големите градови пред се Скопје, но и Куманово, Тетово, Струмица итн. Се на врвот на нај загадени градови во светот. Од тука моето прво прашање до министерот за животна средина и просторно планирање е поврзано со заемот од Европската инвестициона банка наменет за подобрување на водната инфраструктура на општините во висина од 50 милиони евра. Договорот за заем беше потпишан во ноември 2022 година, по што следуваше донесување на методологија за распределба на средствата во август 2023 година. На сите општини им се доделија рамномерно по 200 илјади евра или вкупно 16 милиони евра, а останатите средства до вкупниот износ се распределени пропорционално врз основа на бројот на населени места и бројот на населени во истите. Ова беше направено прв пат во Македонија за да во помалите рурални општини добијат повеќе средства. Земајќи ја во предвид нивната развиеност и потребите. И при тоа не се гледаше воопшто на партиската припадност на општинските управи со оглед на тоа дека средства беа предвидени за сите без исклучок. По донесувањето на методологијата и информативните состаноци со општините во сите региони. Нареден чекор беше општините да достават проектна документација до министерството, по што следуваше процес на разгледување и одобрување на истите. Последниот чекор е министерството да пристапи кон подготовка на тендерска документација за објавување на јавни набавки за секој од проектите и конечно до нивна реализација. Како и со многу други проекти процесот на реализација на заемот е со многу бавно темпо што при голем дел од подготвените и одобрените проекти на општините не се објавуваат за реализација од страна на министерството за животна средина. Овие средства се обезбедени за општините. Наменети се за проекти за подобрување на подобрување на водната инфраструктура во општините. Распределени согласно критериум и методологија не се распределени по партиски клуч и не се за хортико културно разубавување на општините. Туку за исклучително значајното подобрување на водната инфраструктура во општините. Од тука моето прво прашање е следново. Три ипол години по одобрувањето на заемот од Европската инвестициона банка, колкав процент од заемот е реализиран. Зошто не се распишуваат јавни повици на веќе подготвените проекти. И колку пенали за не искористените средства од заемот се плаќаат од банката заради доцнењето.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Димитар Ковачевски, поставено на 97- та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 08 април 2026 година Почитуван претседател на Собранието на Република Северна Македонија, почитувани министри, почитувани пратеници. Му се заблагодарувам на пратеникот за поставените прашања и кои ги постави за Министерство за животна средина и просторно планирање. Ќе се потрудам еден значаен дел на прашањата да ги одговорам додека еден нивни дел значи, во врска со методологијата односно распределбата на средства од инвестициската европска банка за реализација на проектите кои се поврзани со менаџирање со водата. Пред да почнам со одговорите почитувани пратеници да им честитам на сите претставници кој се од Ромската заедница да им честитам 8 април меѓународниот ден на Ромите. Менаџирањето со водите почитуван пратеник, почитувани пратеници. Не е само техничко прашање тоа е стратешко прашање. Затоа на системски начин го унапредуваме менаџирањето со реформи, инвестиции, усогласување со стандардите на Европската Унија. Министерство за животна средина и просторно планирање ја става политиката како една од главните столови за развој. Тука има јасна ориентација за долгорочна заштита на јавниот интерес и здравјето на граѓаните. Во изминатиот период се преземени значајни чекори за да се унапреди ова прашање кое се во склад со нашето ангажирање за почитување на европското законодавство и воспоставување на модерен систем за менаџирање. Со овие процеси почитуван, не се само декларативни, но се поткрепуваат со конкретни мерки и инвестиции и партнерство со меѓународните институции. Нашиот пристап е систематски и одговорен на долгорочен план. Градиме функционален систем, транспарентен и модерен. За менаџирање со водните извори. Ова подразбира планирање поголеми инвестиции и повеќе институции. Со политиките односно конкретните политики и проектите на терен ја зголемуваме силата на државата и обезбедуваме една по чиста средина за сите граѓани. Значи, некој од мерките кои се актуелни и е изгласана програмата за менаџирање со води за 2026 година во седница на Владата која предвидува конкретни мерки за подобрување и снабдување со вода, заштита од поплави и намалување на загадување. Се подготвени измени и дополнување на Законот за води, во склад со европската легислатива и опфаќајќи ја директивата за поплави со зголемување на транспарентноста со поголемо уредување на речните корита и хармонизирање на сите монетарни тарифи во постапка. одговорноста односно планот за менаџирање на водостојот на реката Вардар 2028-2033 со поткрепа од Швајцарската влада во која е во склад со директивата на Европската Унија за води и поставување на ред на мерки. Се изготвуваат мерки против поплави за сите речни корита со поткрепа од ИПАРД. Се зголемуваат инвестициите во водните инфраструктури со европската банка за инвестиции ИПАРД и други донатори кои се фокусирани на изградба и реконструкција на системи за снабдување со питка вода, третирање на загадени води, односно отпадни води и поплави. И тука значи беше и прашањето на пратеникот во врска со проектите кои ги реализираме од кредитот кои го имаме од Европската банка за инвестиција. Сите проекти кои се предвидени со ова и договор, методологијата на нивната реализација се одвива така да и во Министерство за животна средина и просторно планирање имаме формирано и проектна екипа која се занимава со подготовка на документацијата. Тие проекти во тие општини каде што има за цел подобрување на водната инфраструктура да се реализира. Во следните денови со писмено ќе адресирам комплет план за реализација на проектите кои ги реализираме во соработка со средства обезбедени од Европската банка. Благодарам пратеник и мислам дека сте задоволен од одговорот имајќи предвид фактот дека во моментот не ги имам сите информации, постапките. Но, во текот на следните денови истите ќе ви ги обезбедам. Благодарам.

Сите пратенички прашања