О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Димитар Ковачевски, поставено на 97- та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 08 април 2026 година Благодарам претседател. Почитувани пратеници, уште еднашка ќе повторам, како министер, заедно со заменикот, за сите пратеници ќе одговараме на пратеничките прашања, ќе ја информираме јавноста и пратениците за проектите кои што ги реализираме. На денот 24 декември сум именуван како министер, а на 25 декември сум учествувал на Пратенички прашања. Ова е еден доказ дека нема да бегаме од одговорите на пратениците. Овие три месеци откога сме на оваа должност, сум учествувал на секоја седница за пратенички прашања и сум одговорил на секое прашање кое што беше поставено. И тие прашања кои што сме ги спремале со одговор, сме дале одговор на секој пратеник. Третото прашање е околу загадувањето, едно прашање каде што апсолутно се сложуваме сите како пратеници, како Влада, како граѓани, бидејќи воздухот кој што го дишеме, без разлика дали сме на повисока или пониска функција, значи дишеме ист воздух. Ова прашање сме го третирале во времето кога сум на оваа функција како министер и сум најавил дека треба да имаме нула толеранција за загадувачите. Сите ја знаеме ситуација кои се најголеми загадувачи во нашата држава, почнувајќи од домаќинствата, од индустријата, институциите и значи за сите области сме преземале конкретни мерки, сме фокусирани како Министерство за животна средина и просторно планирање за да ги реализираме сите мерки кои што се предвидуваат во краткорочниот план, кој што е само во периодот на зимата и долгорочниот план кој што ќе се реализира до 2030 година. Ги разбирам сите реакции. Имав средба и со претставници на индустријата, и со невладините организации, со граѓаните и продолжувам да имам такви средби за граѓаните да бидат на транспарентен начин информирани за загаденоста, од каде доаѓа загаденоста и од големите реакции коишто ги имаме од индустрискиот капацитет во Скопје, сум најавил дека треба да има јавна расправа, дека процесот или давањето на обновување на дозволите на овие индустриски дозволи и ние заедно со сите институции, особено ќе иницираме една јавна расправа со цел јавноста да биде информирана за сите процедури. Истовремено, најавив и регистар на загадувачи. Значи, една платформа каде што ќе почнуваме да ни биде готова, ќе биде пред јавноста каде што секој граѓанин ќе може да се информира околу загадувањето кое што се прави од индустријата, особено од индустриските капацитети кои што имаат дозвола. Оваа тема е многу опширна и ќе се обидам да бидам пократок. Другите мерки кои што се во план се спроведуваат, имајќи тука во предвид и Министерството за енергетика додели ваучер за 4.300 домаќинства со кое што се предвидува да им се помогне на посиромашните и во 2024 година која што е до 2030 година.
Овдека од тоа прашање кое што го поставивте, овие се одговорите. Ако може дополнително да ви дадам одговор, бидејќи имам само уште 30 секунди на располагање.