Република Северна Македонија Министерство за култура и туризам
Бр.29-5357/ 4 Датум 22 05 .2026 година
До: Африм Гаши/Afrim Gashi – претседател на Собранието на Република Северна Македонија
Предмет: Одговор на пратеничко прашање
Почитувани,
Во врска со вашиот допис бр. 08-2955/2 од 27.04.2026 година го доставуваме одговорот на пратеничкото прашање на пратеникот на Собранието на Република Северна Македонија, г-дин Сали Мурати поставено до Министерот за култура и туризам меѓу две седници на Собранието на Република Северна Македонија, на 24, април 2026 година.
Со почит,
МИНИСТЕР Зоран Љутков
Подготви:Рејхан Абдулова,соработник Одобри: м-р Оливера Ливриниќ, Раководител на Сектор Согласен:м-р Елена Павлова, Државен советник Согласен:Диме Маџовски, Државен советник
1 Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија
Ул. „Ѓуро Гаговиќ “ бр. 61, Скопје Република Северна Македонија
+389 2 3 207 405 www.kultura.gov.mk
Пратеникот г-дин Сали МуратИ, меѓу две седници на Собранието на Република Северна Македонија, 24, април 2026 година ги постави следниве писмени прашања до министерот за култура и туризам: Пратеничко прашање во во врска со состојбата и одржувањето на Старата турска чаршија во Скопје-заштитено културно наследство Старата скопска чаршија претставува едно од најзначајните и најпосетувани туристички и културно историски места во Република Северна Македонија.Таа е заштитена како споменик на културното наследство и привлекува голем број домашни и странски туристи, меѓу кои и практично и сите туристи кои ја посетуваат македонската престолнина.Со оглед на нејзиното исклучително значење за туризмот, националниот идентитети меѓународниот имиџ на државата, неопходно е таа да се одржува во соодветна состојба. Меѓутоа во последниот период, загрижувачката состојба на подните плочки низ повеќе делови на Чаршијата укажува на сериозна запоставеност и недостаток на систематско одржување.Конкретно плочниците се скршени и оштетени на повеќе локации, особено при главниот влез и во централните делови на чаршијата, создавајќи опасност за пешаците, а истовремено нанесувајќи штета на угледот и атрактивноста на ова заштитено наследство.Оваа состојба е алармантна имајќи предвид дека туристичката сезона е во полн тек.
1. Дали Министерството за култура е запознато со тековната состојба на подните плочки и општата физичка деградација на Старата скопска чаршија, особено оштетувањата при главниот влез и другите фреквентни делови?
2. Дали надлежните инспектори на Министерството за култура или Управата за заштита на културното наследство извршиле теренски увид и инспекциски надзор над состојбата на Чаршијата? Доколку да, кои се нивните наоди и кои мерки се предложени?
3. Кои конкретни мерки ги презема или планира да ги преземе Министерството за итна санација и обнова на оштетените делови, а со тоа и за заштита на интегритетот на ова културно наследство?
4. Кој е одговорниот субјект за редовното одржување на Чаршијата согласно законските прописи-Министерството за култура, град Скопје или некоја друга институција- и дали постои соодветен план и буџет за нејзино одржување?
5. Во кој временски рок планирате да се пристапи кон целосна санација на оштетувањата, имајќи предвид дека туристичката сезона веќе е во тек и дека Чаршијата е најпосетуваното туристичко место во Скопје?
Ве молам за детален и прецизен одговор во рок предвиден со деловникот на Собранието.
Република Северна Македонија Министерство за култура и туризам
Министерството за култура и туризам, во врска со пратеничкото прашање, го подготви следниот
ОДГОВОР
Министерството за култура и туризам, во соработка со Управата за заштита на културното наследство и надлежната установа - Националната установа Конзерваторски центар Скопје, изврши увид во доставната документација и ја доставува следната информација.
Прашање 1 - Дали Министерството за култура е запознато со тековната состојба на подните плочки и општата физичка деградација на Старата скопска чаршија, особено оштетувањата при главниот влез и другите фреквентни делови?
Со Законот за прогласување на Споменичката целина „Стара скопска чаршија“, чаршијата е прогласена како културно наследство од особено значење, поткатегорија – големо значење („Службен весник на РМ“ бр. 130/2008 и 171/2010).
НУ Конзерваторски центар Скопје како надлежна установа за недвижното културно наследство на територија на град Скопје и согласно Законот за заштита на културното наследство (“Службен весник на РМ“ бр. 20/04, 115/07, 18/11, 148/11, 23/13, 137/13, 164/13, 38/14, 44/14, 199/14, 104/15, 154/15, 192/15, 39/16, 11/18 и 20/19) во континуитет постапува во рамките на своите надлежности со цел трајно зачувување на историските, уметничките, архитектонските, урбанистичките, амбиенталните, етнолошките, социолошките и другите научни и културни вредности, како и автентичноста, единственоста, разновидноста, интегралноста, староста и други својства, содржини и функции.
Како еден дел од оваа целина е и подната подлога поставена на постоечката улична мрежа која е изведена од блокови од травертин со неправилни геометриски форми и приближна дебелина од 20 см. поставени при целосната реконструкција на Чаршијата во текот на 70-тите години, при што старата калдрма беше заменета со масивни блокови од травертин, кои оттогаш се користат како стандарден материјал при сите интервенции на улиците низ целата Чаршија.
Деградацијата на оваа травертинска подлога е како резултат на делумна дотраеност, но во најголем процент оштетувањата се резултат на човечки активности при интервенции на постоечката инфраструктура, несоодветно повторно третирање на подлогата без знаење, согласност и надзор на надлежната НУ Конзерваторски центар Скопје.
Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија
Прашање 2 - Дали надлежните инспектори на Министерството за култура или Управата за заштита на културното наследство извршиле теренски увид и инспекциски надзор над состојбата на Чаршијата? Доколку да, кои се нивните наоди и кои мерки се предложени?
НУ Конзерваторски центар Скопје изработува Мислење за Заштитно конзерваторски услови, ја врши стручната контрола на изработените проекти со потребните корекции на истите, а во текот на реализацијата на непосредната заштита учествува со континуиран конзерваторски надзор и археолошки надзор доколку се оцени дека е потребно.
Прашање 3 - Кои конкретни мерки ги презема или планира да ги преземе Министерството за итна санација и обнова на оштетените делови, а со тоа и за заштита на интегритетот на ова културно наследство?
Имајќи ја предвид целокупната состојба на травертинската подлога во чаршијата во постојана соработка со корисниците, надлежната Општина Чаир, НУ Конзерваторски центар Скопје и Управата за заштита на културното наследство во текот на изминатиот период веќе е реализирана непосредна заштита на ул. Битпазарска во 2021/22 година, а во 2024/25 година во рамките на Проектот за конзервација, санација и адаптација на ул.„Самарџиска“, “Ковачка”, „Петар Михов“, „Сарачка“ и „Папуџиска“, реализиран е потегот на ул. „Папуџиска“.
Во овој момент во тек е реализацијата на втората фаза од овој проект, односно ул.„Самарџиска“, при што покрај подната подлога од травертин се поставува и целосно нова современа подземна инфраструктура која вклучува телекомуникациски оптички влакна, нова подземна електрична мрежа, нов водовод, како и фекална и атмосферска канализација. Со ваквиот пристап за целосно решавање на проблемите на корисниците и посетителите на чаршијата ќе се намали потребата од дополнително интервенирање на инфраструктурата и оштетување на травертинската подлога.
Прашање 4 - Кој е одговорниот субјект за редовното одржување на Чаршијата согласно законските прописи-Министерството за култура, град Скопје или некоја друга институција и дали постои соодветен план и буџет за нејзино одржување? Во член 9 од Законот за старата скопска чаршија утврдено е дека општините Чаир и Центар и нивните органи и јавни служби се одговорни за спроведување на мерки и активности во Старата скопска чаршија во рамките на нивните надлежности утврдени со овој и друг закон. Понатаму, имателите на културното наследство во рамките на чаршијата се одговорни за одржувањето, чувањето,
Република Северна Македонија Министерство за култура и туризам почитувањето и правилното користење на културното наследство. НУ Конзерваторски центар Скопје е одговорен за преземање на заштитно-конзерваторски мерки во Старата скопска чаршија, согласно Законот за заштита на културното наследство.
Прашање 5 - Во кој временски рок планирате да се пристапи кон целосна санација на оштетувањата, имајќи предвид дека туристичката сезона веќе е во тек и дека Чаршијата е најпосетуваното туристичко место во Скопје?
Во овој момент во тек е дефинирање на Заштитно конзерваторски услови на барање на ЕВН за промена на постоечката надземна и подземна електрична мрежа во целата чаршија при што ќе се отстрани потенцијалната опасност од несакани последици (пожари) од постоечката дотраена електрична мрежа со сериозни последици. Напоменуваме дека оваа интервенција, како и останатите интервенции на другата инфраструктура мора да се извршат пред повторно поставување и санирање на подната подлога од травертински блокови. Оттука парцијалното, површинско санирање на подната подлога е со кратко времетраење, а со дополнителни финансиски вложувања.
Стратешкиот пристап за целосно и едновремено решавање на инфраструктурата, а потоа и поставувањето на травертинските подлоги е во интерес на сите корисници и посетители, но едновремено ја постигнува и целта за трајно зачувување на вредностите на чаршијата и создава услови за квалитетна ревитализација на истата.
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА И ТУРИЗАМ
5 Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија Ул. „Ѓуро Гаговиќ “ бр. 61, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3 207 405 www.kultura.gov.mk