
Оливер Спасовски
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање ми е до Министерство за економија. И повторно заменик претседателке односно потпретседателке, проблем со министерот за економија и со заменик министерот за економија. Секогаш кога треба да му се поставуваат прашања ќе дојде, ќе замине, приватните работи се поважни од колку што е економијата, нема да присуствува на седници, ќе бара оправдување, после ќе дојде ќе кажува како ние сме го критикувале зошто тој не сака да доаѓа на седници на поставување на пратенички прашања. И се прашувам самиот, нели се срами од премиерот, од замениците премиери, од кои што седат секој ден на сите пратенички прашања, затоа што и тоа не е тешко да го видите, неколку министрите и остатокот сите заменици. Едни исти присутни, едни исти отсутни. Едни исти сакаат да разговараат со пратениците, другите се поважни од сите во државата и не ги фермаат никого во Собрание. Mоето прашање се однесува на една тема, а тоа е за странските инвестиции. Нели Македонија сега е среќна земја во Европа, во светот итн. меѓутоа податоците од Народна Банка од гувернерот кои што сега го избравме вели дека имаме факт на странските инвестиции. Милијарда сто деведесет и шест милиони 2024 година, 467 милиони 2025 година. И за оваа тема мора да кажеме зошто на пример странските инвестиции кои што се однесуваат од Обединетото Кралство, од Австрија, од Грција, од Германија, од Турција се намалуваат. И имаме состојба во која што веќе одредени претпријатија односно фирми капацитети, пред се во автомобилската индустрија, гледате овде во индустриската зона во Бунарџик итн., веќе ги затвараат своите капацитети. Веројатно има некаква причина зошто тоа се прави, ако има причина треба да ја знаете нели која е таа причина. И да се надоврзам на ова имаме уште едно заминување на еден инвеститор странски во најава. Имено имам информација не знам дали е точна тоа треба да го потврди министерот за економија ако воопшто знае нешто во тој дел. Ако не нека праша па ќе одговори писмено. Дека рудниците Злетово и Тораница до крајот на мај месец ќе бидат затворени како странска инвестиција. И на тој начин 400 луѓе во Пробиштип, 400 луѓе во Крива Паланка ќе останат без работа. А ова е директна последица од менаџирањето со тие рудници на вашиот градоначалник Тони Тоневски, така наречен Тозо од Пробиштип кои што пред да биде градоначалник менаџираше со рудниците. И според мои информации 15 милиони евра е загуба. Прашањето е дали има навистина вистина во тврдењето дека ќе бидат затворени двата рудника и дека по 400 луѓе и во Паланка и во Пробиштип ќе останат без работа. И кои се причините за намалувањето на странските инвестиции во моментите кога Владата не известува дека сме трета економија во светот. Благодарам. Прашањето го поставувам до министерот за економија и труд.