Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче праша за основата на реакцијата кон албанскиот министер за надворешни работи

Резиме

Пратеникот Халил Снопче го праша министерот за економија и труд Бесар Дурмиши врз основа на кои информации побарал извинување од министерот за надворешни работи на Албанија. Снопче ги оспори наводите за навреда и покрена и други прашања, меѓу кои за инвестициите, цените и правата на Албанците во администрацијата.

Дурмиши одговори дека неговата реакција била поттикната од јавно објавени информации и фотографија од наводна комуникација, објавена од пратеници во Албанија и пренесена од повеќе медиуми. Во неа, според одговорот, на министерот Ферит Хоџа му бил припишан навредлив коментар за Албанците во Северна Македонија. Дурмиши рече дека по јавното појаснување на Хоџа прашањето го смета за затворено и дека продолжуваат блиските односи со Албанија.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Значи второто прашање со министерот за економија Бесар Дурмиши. Во една реакција која ја имавте министре која ја имавте пред неколку дена значи баравте министерот за надворешни работи на Албанија да побара извинување како што вие претендирате веќе ги навредил Албанците во Македонија. Поставувам прашање, врз основа на кои информации вие ја правите оваа констатација дека министерот за надворешни работи на Албанија ги навредил Албанците во Македонија. Значи од каде ги добивте тие информации т.е. дали се обративте во Министерството за надворешни работи на Албанија или директно на министерот дали е ова вистина, или имаше демант од Албанија. Дали вие им верувате на демантите или на скрин шотовите од вац ап кој некој ви ги испратил. Да не заборавиме имаше едно обвинување спрема амбасадорот на Република Албанија во Македонија господин Меидани кој претендираше дека ги штити интересите на една политичка партија во Македонија. Господине Дурмиши треба да бидеме внимателни кога даваме вакви изјави. Имаше тентави од кулоарите на политичките елити во Македонија за обвинувања на господин Меидани. Вие свесно или несвесно продолжувате да му служите на тие кулоари, на тие кои не сакаат добри односи со Албанија кои сега го напаѓаат министерот за надворешни работи на Албанија. Ова е политички аматеризам господине Дурмиши, политичко игнорирање. Кога давате вакви изјави господин Дурмиши ние ја знаеме вашата позиција, ние знаеме дека сте во голема мака дека ве симнале од сите ингеренции, значи се ви тргнале. Никој ништо не ве прашува во Министерството за економија. Грижете се за интересите на граѓаните и појачајте ја вашата позиција и не давајте свечени изјави без да ги потврдите. Господине Дурмиши пред да дадете вакви изјави вие треба да дадете одговор пред се на Албанците. Зошто 250 милиони евра од унгарскиот долг кои беа кинески пари кои се искористија за приватни компании, ниту една приватна компанија која е водена од Албанец зеде нула денари. Не да ја цитирате министерката за финансии која даваше исти образложенија и вие да ги искористите истите изјави. Вие господине Дурмиши треба да одговорите зошто странските инвестиции во нашата држава се намалени за 61%. Господине Дурмиши, пред да дадете вакви изјави барајте и господин министер да даде изјава и да им објасните на граѓаните зошто ниту еднаш, зошто до сега никогаш не сме плаќале толку голема цена за основните производи. Зошто е најскапа електричната енергија. Сега зошто сега се најскапи цените на нафтените деривати. Зошто потрошувачката кошничка е толку висока. Зошто платата била толку мала во текот на овој период на граѓаните. Не само политички одговори. Зошто по две години власт господине Дурмиши сеуште немаме ниту едно движење и сме вратиле и назад во текот на евроинтегративните процеси иако тврдевте дека за 6 месеци ќе се решеше.

Зошто албанскиот јазик се дистанцира во администрацијата. Зошто на Албанците не им дадете можност да полагаат правосуден испит на Албански јазик. Зошто ќутите кога имате промена на трасата на Коридорот 8, кој е за поврзување со Албанија и патот Скопје-Блаце наместо автопат да се врати на експресен. Вие господин Дурмиши треба да дадете одговор на овие прашања пред да му побарате извинување на министерот за надворешни работи на Албанија и поради овие сите, не вие господине Дурмиши, не со зборот кој вели дека го користат министерот за надворешни работи туку самите граѓани можат да искористат многу потешки зборови. Затоа бидете внимателни ставете го прстот на глава, не бидете аматери, туку искористете ја позицијата на министер како што ви прилега и на сите граѓани на оваа држава. Ви благодарам. Прашањето го поставувам до министерот за економија и труд.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Бр.-№. 08-3191/3 05.10.2026 год.-viti

Република Северна Македонија Министерство за економија и труд

Сектор за координација на активностите на министерот

Архивски број: 02-3051/2 Скопје, 02-10-2026 2026 година

До: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА С К О П Ј Е

Предмет: Писмен одговор на пратеничко прашање поставено од пратеникот Халил Снопче поставено на 101-та седница на Собранието на РСМ, на 30.04.2026 година, до министерот за економија и труд

Почитуван претседателе,

Во врска со пратеничкото прашање поставено на 101-та седница на Собранието на РСМ, на 30.04.2026 година, од страна на пратеникот Халил Снопче: Врз основа на кои информации ја правите оваа констатација дека министерот за надворешни работи на Албанија ги навредил Албанците во Македонија?

ОДГОВОР НА ПРАТЕНИЧКОТО ПРАШАЊЕ:

Мојата реакција беше поттикната од јавно објавените информации и фотографијата од наводна комуникација што ја објавија пратеници во Република Албанија, а ја пренесоа повеќе медиуми. Во таа содржина на министерот Ферит Хоџа му беше припишан навредлив коментар за Албанците во Северна Македонија.

1

Република Северна Македонија Министерство за економија и труд Сектор за координација на активностите на министерот

Кога во јавноста ќе се појави вакво тврдење, кое го засега достоинството на Албанците, сметам дека е оправдано да се побара разјаснување.

По јавното појаснување на министерот Хоџа, го сметаме ова прашање за затворено и продолжуваме да негуваме блиски и братски односи со Република Албанија.

Со почит,

МИНИСТЕР,

Besar Durmishi

2

Сите пратенички прашања