Најважно
351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Петровска праша за условите во новиот колективен договор во одбраната

Резиме

Пратеничката Славјанка Петровска праша дали Министерството за одбрана ќе склучи нов колективен договор со намалени или понеповолни права од претходниот, кој, како што посочи, важи до склучувањето нов. Таа изнесе критики за буџетот, издвојувањата за модернизација и условите во Армијата, како и обвинувања за притисок врз синдикатите и поддршка на нов синдикат за да се намалат правата на вработените.

Министерот рече дека Државниот завод за ревизија утврдил неправилности во постапката за претходниот колективен договор, меѓу кои необезбедени средства во буџетот. Најави дека новиот договор ќе биде подобар и ќе се подготви заеднички со сите синдикати, како и дека ќе се залага за повисоки плати и подобри услови. Тој ги отфрли критиките за буџетот и изнесе свои обвинувања за постапувањето на претходната министерка.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Славјанка Петровска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Славјанка Петровска, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Министре Мисајловски, вие сте министер за одбрана веќе 22 месеци скоро 2 години. Месеци во кои слушавме многу ваши изјави и се однесуваа на различни теми кои ја засегаат одбраната. И, ако сега ме прашате јас да ги оценам тие изјави како сегашен пратеник поранешен министерка за одбрана ќе кажам дека голем дело од нив беа паушални па дури и по некогаш за жал што не е типично за Министерство за одбрана содржеа и невистини. Една од темите на кои често сакате да се пофалите беше и Буџетот на одбраната за кои велевте дека историски е највисок Буџет во одбраната. Точно е дека Буџетот расте и тоа е за поздравување, ова го зборувам искрено. Меѓутоа не е точно дека историски е така. За да биде нешто историски треба од моментот кога се случило да помине временски период па да може наназад гледајќи да кажете дека историски е успех. Но, дека Буџетот расте, расте. Но, проблемот е што Буџетот расте само фиктивно не и реално. Зошто? Заради тоа што министерот за одбрана го прашувам ако сакате да седнете на тоа место ќе ве прашам и вас. Затоа што, минатата година на крајот на годината ви беа одземени 12 милиони евра од Буџетот на одбраната токму од ставката за модернизација, вие премолчевте. А, велите дека сте модернизирани. Еден случај имаше кога објектот на Армијата кој е сместен во Ѓорче Петров каде што се чуваат, тренираат и одгледуваат специјализирани кучиња, кучиња кои се во поддршка на Армијата 3 месеци беше без струја и тоа го премолчевте. Во една од касарните се прошири заразна болест и тоа го премолчевте. Синдикатите веќе извесно време наназад бараат зголемување на платите кое не го бараат од луксуз, го бараат заради тоа што животните трошоци се зголемуваат. И, вие имате право согласно и Законот за вработени во одбраната и Законот за служба во Армијата тоа да го направите. Пенкалото е кај вас. Но, не го правите. И, сега кога синдикатите ги игнорирате малку е лицемерно и ви доаѓа убаво гледам кога се фотографирате со нивните успеси, кои што се успеси и на министерството и на сите нас овдека и надвор од државата од ова Собрание. Но, кога сакате да се фотографирате треба и да им вратите на тие луѓе, не со нешто што не го заслужуваат туку со нешто што е неопходно а тоа се подобрување на условите за живот и за работа. Е, сега кога синдикатите се побунија и почнаа да ги бараат своите права иако правевте притисоци и се обидувавте да ги замолчите тоа не ви успеа. И, затоа формиравте со ваша поддршка и поддршка на Државната секретарка најнов синдикат кој сакате да го имате под целосна контрола и многу набрзо да го направите репрезентативен синдикат. Зошто? За да можете колективниот договор кој е веќе истечен и немате нов колективен договор да го донесете со помали права за вработените и во армијата и во министерството и на тој начин д кажете: Ете, синдикатот е тој што ви дал согласност. Но, во реалноста не тоа така. Затоа, моето прашање до вас е многу јасно и прецизно. Дали ќе склучите нов колективен договор со одземени и намалени права или по неповолен од оној кој во моментот не е на важност но важи се до склучување на новиот. Го знаете тоа правило.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за одбрана

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Славјанка Петровска, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Благодарам почитувана пратеничке, ви благодарам на прашањето. Ајде од старт, колективниот договор. Првин, да видиме што кажале од Државниот завод за ревизија. Знаете дека беа во Министерството и утврдија дека постапката за носење – незаконска. Во февруари 2024 година, бидејќи нема добиено мислење од Министерството за финансии. Не се обезбедени средства, не се обезбедени финансии во буџетот тековен, исто така не е пријавен во регистарот што го води Министерството за труд. Ова потврдува дека се преземени финансиски обврски, без обезбедени средства во буџетот. Тоа вие добро го знаете, тоа е многу важна работа. Дали, исто така, колективниот договор се донесе во вечерни часови, пред распишување на изборите, објавен во Службен весник истиот ден кога се распишани изборите. Дали знаете дека тоа е противзаконски. Е сега, бидејќи е објавен во Службен весник и вие сакате да се фалите со тој колективен договор и во ред, добро, фалете се. Имате исплатено нешто? Нула денари, сами знаете. Нула. Од кога јас сум министер, ова го говорам често пати, мислам дека е тоа добро за целата Армија, за сите вработени. Се е исплатено. Знаете што се и од изминатите години што не сте плаќале, се. Е сега за синдикатите. Вчера беа дел од синдикатите кај мене. Веќе кога се јавувате да ви даваат информации, нека ви дадат до крај, не само со еден синдикат да зборите. Вчера разговаравме за нешто друго, да влезе во колективниот договор како да им помогнеме на сите оние војници што навршуваат 45 години. И да смениме закон, и да ги подобриме условите и еве ви кажувам од тука, ќе има подобар колективен договор, заеднички со сите синдикати ќе го направиме. Убаво кажавте вие дека додека донесеме нов, важи истиот. Така ли е? Така. Е сега, зошто вие не ги обезбедивте средствата во буџетот. Дали тоа го нарушивте, вие дефакто и борбената состојба на Министерството таа година, бидејќи многу проекти ги кочевте. Немаше пари. Така? Како вие носите, кој ви дал согласност. Дали Владата ви даде вас согласност да донесете колективен договор? Не е точно, нема такво нешто, ова не е јас што го зборувам, ова го збори Државниот завод за ревизија и вие многу добро го знаете. Многу добро го знаете. И тоа сега е, како да ви кажам, барате начин како да извадите дека е ваш проект. Ако бил ваш проект, зашто не исплативте. Сега знаете дека дел од членовите од колективниот договор почнуваат да паѓаат на Уставен. Дел од синдикатите и тоа ги знаете и тие луѓе многу добро. Но, зошто вие спомнавте фиктивно се зголемува буџетот, итн. Не е точно. И да, често пати велам, историски најголем буџет и така е. вие го гласавте тука во Собрание. И најголем историски буџет. Но, мешате многу работи. Сакате да кажете дека нема суштина, но целта што е. Немате ни чизми набавено, немате униформи набавено, јас како дојдов како министер, добро знаете, вода немаше во касарните. Да не имате некој капацитет, кажете ми кој. Во службата што го заглавивте? Дали имате проектен дизајн оставено. Да речеме за Дом на АРМ. Немате. Се проектира, да знаете, за два месеци ќе биде готов од прилика и ќе почнеме со градба. Обезбедени средства за наредни две години. Направивте проект за хотел Шара? Не. За некоја кујна направивте? Не. Во подрачните единици направивте нешто? Не. Што направивте? Течеа, да ви ги покажам сликите. Ги знаете во каква состојба беа. Колку средства вие имате издвоено за нови капацитети во Армијата. Ајде, јас секое едно по едно ќе идам ако сакате. Вие дадовте еден само во Крушино објект, знаете на кого. И уште еден има од Бутел еден ваш партиски пријател ресторан има земено. Друго што имате? Но, клучните прашања се: Како вие кога бевте министер, во тек избори, преку ноќ се зголеми, да ми кажете баш ме интересира и целиот народ го интересира, за 37 милиони евра договорот за Леонардо. Како тоа се случи. Во тек на избори се менува план за јавни набавки? Тоа е законски? Верувајте дека ќе има многу инвестиции и има. Моментално се проектираа многу проекти и вие тоа го знаете, добро го знаете. Ако сакате сите ќе ви ги набројам, од прв до последен. Ако сте започнале постапки во минатото, паралелно требало да градите инфраструктура. Вие немате ниту еден објект. Немате ниту еден објект. Кажете ми кој? Еве набавувате, велите, договори сте направиле, вие историски. Со Леонардо го заглавивте буџетот, дали сте свесни. Дали знаете дека за три години го заглавивте Министерството. Дали знаете дека има допис од началникот на Генералштаб кој што вели: Дека поради тоа сте ја нарушиле борбената готовност. Тоа го знаете или не? Еве јас ќе ви дадам со аргументи, со факти, вие погледнете ги. Сакате за се ќе збориме. Но, едно е реално. Реално е што ќе има нови проекти многу. Моментално се проектираат многу нови капацитети и тоа ќе го видите. И да, во секоја касарна ќе има нов објект. ТРЦ нова направивте? Не. Само се договоривте со некој, да ДУП да помине, итн. За секој еден проект ќе збориме ако сакате. Но, немате. Единствен проект што го имавте го направивте со Далма за јадењето. Тоа и го знаете добро, каде што за жал заврши така како што заврши и немате ништо друго. Немате. Сте се фатиле за синдикатот. Ќе ви кажам од оваа говорница, ќе се борам за поголеми плати, како расте буџетот така да бидат поголеми платите и на луѓето вработени во Министерството, но и се разбира на сите војници, сите старешини. А не да носам колективен договор и потоа да побегнам. Тоа не е во ред. Вие сте побегнале без да ставите денар во буџетот. Така е. Ако не, еве ги Министерство за финансии, па тука ќе ви дадат одговор. Така што, ниту еден проект, знаете во Кичево ви течеше, немаше кров односно. Свесни сте или не. Или и тоа не го знаевте. Вие бевте во касарните, ги гледавте, па нафрлате некои таму имало, се појавило шуга, се појавило... Два изолирани случаи. Е сега не верувајте на војската, не верувате на нивните правилници, на нивните процедури. Така што многу паушално зборите. Нема неколку работи што ќе треба да дадете одговори, не на мене, на јавноста, на пример, дали спротивно на закон имате договорено со компанија, во Сајбер делот со Воена академија, без јавна набавка, договор со компанија очи во очи. И ова е од Државниот завод за ревизија.

И дали тука некој бивш премиер бил посредник, не сте вие. Сакате уште, сакате подетално да навлеземе. За се ќе добиете одговор, на една работа, Министерството односно Армијата ќе добива максимално што може, од колективен договор, да го знаете тоа, зголемување на плати, држете ме за збор, и подобрување на сите услови. Не знам уште колку време имам, но потоа ќе ви одговорам на второто прашање. Благодарам.

Сите пратенички прашања