О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Славјанка Петровска, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Добро околу делот на буџетот и за целите на способност ме прашавте. Јас да ве прашам, имам секој ден различни прашања, секој ден можам да правам пресови за вас, но тоа не е суштината. Суштината е што гледам како Министерството да се развива и вие убаво кажавте дека приоритет е целите на способност. Така е. Се согласувам тука. Но дали вие сте го заглавиле буџетот во наредни четири, пет години со преземени обврски што не сте ги планирале. Кажете, барем искрени бидете. Еве имаме можност цела држава да не види. Јас ве прашав, каде отидоа 37 милиони евра преку ноќ за најкрупниот договор, кој што ние мораме да го исплатиме. Дали знаете дека имаше арбитража против Министерството на еден спор со Украина. Знаете? Преземавте нешто? Не сте преземале. Знаете зошто? Бидејќи не сте преземале каматите пораснале за еден милион евра, зошто немате, мораше последен момент. Тоа нешто зборевте амбасади, извинете но глупости, не знам сум зборел нешто, тоа не го разбрав, за мене е глупост тоа нешто што го спомнавте, не знам што е, но ова сакам да ви го кажам, тој момент требало да ги информирате амбасадите бидејќи вие како министерка се можно што можеше да се даде како држава на Украина, се дадовте. Уште инструментите од оркестар, уште тоа остана. Се. Што земавте возврат? Добивте нешто? Ве прашувам дали добивте. Што направивте? Дали имате, еве кажете бидејќи спомнувате амбасади, дали од некоја сојузничка држава ни било понудено како проект да добиеме поволни хеликоптери. Дали е игнорирано тоа? Не е. Како не, сега имам документи, почитувана пратеничке, се што зборувам, зборувам со факти и аргументи и се ќе ви доставам. Дали тоа бил ваш пропуст, дали на вашите вработени, односно вработените, дали намерно, но потоа се купуваат хеликоптери. Не смеете вие да го смените планот на јавни набавки во време, дали се работи во делот на одбраната јавни набавки, дали се работи за било каков, тоа е спротивно на закон. Од кои ставки го исплативте авансот. На кој начин тоа го направивте. Велите, се доцнело. Не, сега ќе ви кажам, еве, мислам дека тоа се разбира премиерот ќе го најави во нареден период, но следните десет години, еве пак ќе ви кажам еден збор, вие не сакате да го користам, историски. Зашто? Зашто во наредните десет години ќе се инвестира премногу во модернизација и ќе има промена на сите стратешки документи. И тоа не е план што јас сум го направил или пратеничката група, го направила Армијата. Како што предлогот за 45 години на сите да им помогнеме војници, доаѓа од Армијата. Се ќе доаѓа од нив. Јас ќе ги почитувам и како министер ќе ги извршувам сите тие обврски, бидејќи тоа ми е работа. Вие не можете да побиете дека 32% на оваа година се трошат за модернизација. 20% бара НАТО, 32,5% и тоа го гледате во буџетот. Вие го гласате. Ако минатите години вие додека бевте министер се исплаќаше за пожарникари 500 милиони, сега е милијарда. Па вие го гласавте тој буџет. Вистина или не е вистина. Треба да бидете реални и да, ако ништо добро, пофалете, не само да излезете и искритикувате. Немате суштина. Дуел, дуел, дуел. Добро. Само тоа го знаете? Одговорете на прашањето, вие бегате од суштинското прашање, 300 милиони евра проект, 250 знаете како стигнав. Како стигнавте до таа цена, тоа треба да го одговорите. Да зборам за хеликоптерите. Дали со авансот што го направивте го заглавивте Министерството. Е сега, дали доаѓаат трегерите, да. Дали возилата сите стигнаа, да. Дали бораните стигнаа, да. Дали се исплаќа се, дали видовте застој од тој буџет. И вие сакате да преземе нови обврски, додека сте го напумпале буџетот да се трошат во две години се, знаете зошто, популистички сте го правеле затоа што знаете дека ќе паднете од власт. И сте избрзале. Некој ве однел, како што ви рекол премиерот, во длабокото да потпишете договор. да потпишете во избори договор. Држава со држава. И може да се вадите вие, држава со држава, но знаете што е следно. Или арбитража и да се изгубат многу пари или да ги набавиме хеликоптерите. Сте го виделе договорот колку има скриени работи во договорот? Дали знаете дека дополнителни средства треба да се направат? Дали имавте проект дизајн за, нели треба да се направи хангар, тоа го знаете, претпоставувам знаете. Проект дизајн сте направиле? Имате одобрено. Каква форма ќе биде. Ништо, многу паушално сте работеле. Ви стојам на располагање на секое прашање, ќе ви дадам секој аргумент и факт, но не излегувајте дека многу сте работеле, бидејќи апсолутно ништо не сте сработиле две години. И добро е, се охрабривте после две години да ми поставите прашања, секоја чест. Благодарам.