
Јованка Тренчевска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Утре министер е 1ви Мај, ден на трудот, ден кога треба да зборуваме за достоинство на работникот за вреднување на трудот и за подобар животен стандард на работниците. Денес не можеме да зборуваме за достоинствен живот на работниците, денес работниците се понижени, нивниот труд не се вреднува, секојдневието им е сведено на преживување. Оваа Влада им заврти грб на работниците. За само две години ги осиромашивте, ги гледате само како статистичка бројка игнорирајќи го секое нивно барање. Што направивте за овие две години. ништо. Едно големо ништо, освен што ги излажавте, пониживте сите работници. Македонскиот работник денес по вреднување на трудот е на дното. Ги изигравте работниците со некакво мизерно зголемување на минималната плата од 1600 денари. Во оваа скапотија 1600 денари немаат вредност. Синдикалната минимална кошничка овој месец е околу 69 илјади денари и споредбено со март е зголемена за 1000 денари. За 4 месеци од почетокот на годината е зголемена за над 3 илјади и 300 денари. Значи, зборуваме за основни трошоци за живот, не за луксузирање како што вие од власта сте навикнати. Нема тука папаја, лососи итн. Исклучиво основни производи. Леб, брашно, јајца, шеќер, а зеленчукот и овошјето се луксуз веќе. За што работи Македонскиот работник, што да направи попрво со овие 26 илјади денари. Скоро 3 минимални плати се потребни за да се покријат само трошоците за основните производи. Не го прифативте предлогот на СДСМ за 600 евра минимална плата. И покрај тоа што ви дадовме и предлог од кои стапки да скратите за да ја зголемите. Ама нема, вие од секаде ќе скратите, но не за да има за работникот туку да има повеќе за вашите луксузи и криминални тендери. Ќе потсетам само дека СДСМ и во најголемите кризи, Ковид кризата, енергетската криза го задржа континуитетот на раст на платите. Од друга страна слушаме некакви бајки од премиерот трета економија сме биле како во паралелен универзум да живеете. Одлепени сте од реалноста која ја живеат граѓаните. Прашајте ги работниците кога ќе го отворат фрижидерот дома и кога ќе треба да платат сметки дали сме трета економија. Јас не знам искрено каква е таа трета економија која последните податоци од министерството за финансии покажуваат дека Буџетот кризира. Дефицитот веќе достигна 408 милиони евра за само 3 месеци. Се реализирани дури 63% од вкупно планираниот дефицит за целата година. реализацијата на приходот на страна едвај 20%. И оваа Буџетска дупка значи ново задолжување и тоа врз грбот на работниците, на граѓаните кои што треба да ја платат вашата неспособност. Вака не изгледа третата економија. Министре на овие пратенички прашања јас и целата јавност, сакаме да слушнеме кои се причините, зошто не прифативте 600 евра минимална плата. И од тука моето прво прашање до вас, дали причината што не ја зголемувате минималната плата на 600 евра е поради тоа што немате пари во Буџетот и поради тоа што дефицитот е толку веќе продлабочен.