О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Мимоза Муса, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Заменик министер за образование и наука Благодарам почитувана потпретседател. Почитувани пратеници, почитувана пратеничке, ви благодарам на поставено прашање. Имајќи ја во предвид значајноста на реформите во високото образование, Министерството за образование и наука беше многу внимателно во носење на законскиот пакет кој е поврзан со реформите во високото образование, трудејќи се да покаже една инклузивност во овој Предлог закон, консултирајќи се со сите јавни и приватни универзитети, консултирајќи се и остварувајќи дијалог со студентите и со сите тие кои го сочинуваат системот на високото образование. Мислиме дека овој пакет на закони за високото образование е во потребниот момент, имајќи во предвид на кое ниво е високото образование, воопшто образованиот систем, но и во овој систем со посебен акцент и на високото образование, бидејќи мислиме дека една добра реформа во високото образование без сомнеж ќе има влијание и во развојот кои понатаму ќе ги донесеме во основното и средното образование, со што ќе го унапредиме образованието. Подготовката на овој Предлог закон е врз основа на еден јасен институционален процес, сеопфатен процес, првично формирајќи една работна група во рамките на универзитетската конференција и со предлог на Владата и одлука на Министерството за образование, формиран е уште едно национално координативно тело, кое изготвило една предлог верзија на законот, кој бил ставен и на ЕНЕР системот. После тоа имаше различни дискусии, забелешки од страсна на универзитетите, од страна на Македонската академија за науки и уметности и сите тие забелешки потоа сме ги собрале и сме ги ставиле во втората верзија. Тоа што можам да го истакнам и за кое сме многу задоволни е тоа поткрепата која ја дадоа универзитетите за финалната верзија на законот. Значи, ако можете да видите, во јавноста имаше една средба која ја организираше премиерот на земјата со Министерството за образование во која и јас земав учество и сите ректори на јавните и приватните универзитети. Сега, што опфаќа, односно кои се новините во Законот за високо образование. Под еден, овој Закон нуди меритократија со помош на барањата за истражувања и соработката помеѓу универзитетите, мерење на вредностите, зголемување на довербата во високото образование, проширување на академскиот статут, добивки за студентите, придобивки со помош на подобри програми за студирање, програми со двојни дипломи, повеќе практична настава, модуларност во наставата за подобро вработување, академска кариера, како и интензивирање на бизнисот во дизајнирањето и вреднувањето на студиските програми за да се во склад со општеството и пазарот на труд. Во значајните измени, студентите кои студираат со државна стипендија во стоте најдобри универзитети во светот или кои студираат во Македонија и се добитници на награди, тие се најдобри студенти на универзитетот и ќе имаат предност во текот на вработувањето во државните универзитет, како и во наставниот истражувачки статус. Сакам да го истакнам и новиот начин на финансирање на високото образование. Имаме развојна компонента и посебна компонента за перформансите, значи повеќе средства за тие универзитети кои ги исполнуваат највисоките стандарди. Ова ќе стимулира конкуренција и конкуренцијата без сомнеж носи добрина. Ги унапредуваме критериумите за унапредување за избор на доцент и на ординарен професор, односно вонреден и редовен професор треба да објави 6, до 7 научни трудови, од кои 3 до 4 треба да се објавени во Веб оф Сајенс или Скопус. Зошто ова е значајно. Статистиките, светските статистики покажуваат дека за еден универзитет кој е помеѓу илјада најдобрите од Шангајската листа, треба да произведе или објави најмалку 1200 истражувачки трудови со импакт фактор. Универзитетите кај нас имаат 300 до 500 истражувачки трудови и ова треба бездруго да се промени. Јас сум сигурен дека ќе има и период на адаптација, има професори кои актуелно со во процес на избор и за нив ќе има олеснување за идниот избор. Законот подразбира, еден наставник може да настане во текот на целиот живот во исто звање ако ги исполнува условите за секој реизбор. Редовните професорите после влегувањето во сила на овој Закон ќе се избираат на секои 7 години, додека тие кои се веќе избрани нема да се опфатат со ова правило. Мандатот на ректорите ќе биде 4 години наместо 3 години, како што е актуелно. Законот предвидува професионални студии од прв циклус, втор циклус и трет циклус со преминување во академски студии, како и кратки професионални програми за добивање на специјалистички знаења. За да се зголеми транспарентноста во државните универзитети ќе има одбори за јавна безбедност, значи за јавна доверба кои во минатото не функционирале. Националниот совет за високо образование и наука има повеќе надлежности. Со новиот Закон во врска со платите, тука не дискутираме, бидејќи се зголемени 16% во минатата година. Буџетот за универзитети, оваа година е 7,5 милијарди денари, едно драстично зголемување во споредба со претходните години. значи во 2023 година беше 3,7 милијарди денари. Зголемен е Буџетот за поткрепа на истражувачката дејност од 380 милиони денари во 2024 година на 730 милиони денари за оваа година, или двојно повеќе. Со овој Закон, значи, со спроведувањето, ќе се попречи паѓањето на нивото на високот образование и ќе се промени насоката на универзитетите. Државата ќе ги обезбеди сите потребни извори за нивно финансирање. Со влегувањето во сила на овој Закон, ние го воздигнуваме високото образование. Се надеваме дека наскоро Законот ќе дојде во Собранието за дискусија. Исто така, го поткрепиле универзитетите и чекаме и таква поткрепа и од страна на пратениците. Благодарам.