О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Мимоза Муса, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Благодарам. Почитувани пратеници, почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, Почитувана пратеник Мимоза Муса, ви благодарам првично за поставеното прашање, кое е со големо значење бидејќи директно задира во довербата на граѓаните во институциите и безбедноста на земјоделците да инвестираат во нивната иднина. ИПАРД освен што е една финансиска програма е добра можност, добра европска можност за модернизација на земјоделството и руралниот развој. Затоа, секоја нејаснотија која може да ја намали довербата кај земјоделците треба да се добро третира. Вистина е дека во јавноста имаше загриженост во врска со интегритетот на овој процес и кога сме овде тоа што ја прави разликата помеѓу една држава која пропаѓа и една држава која функционира, значи реакцијата и тука треба да се истакне дека институциите ре4агираа, постапките се проверија и денешната порака за нашите земјоделци е јасна. Системот функционира, фондовите се безбедни и поткрепата, европската помош за земјоделците продолжува. Треба да истакнам, од моментот кога беа првите сомнежи во врска со овој случај, ние не ја скривме главата, значи не се скривме како претходните влади. Не, не заштитивме ниту една личност, кое беше карактеристика за претходната Влада, но реагиравме со контроли, многу ригорозни контроли со цел да се врати довербата во институциите. За транспарентност во ова Собрание, сакам да истакнам, од моментот на констатирање на неправилност во ноември минатата година, ние сме презеле ригорозен процес на верификација, немаше само изјави, туку извршивме административни проверки на терен на над 70% на сите апликации на актуелните програми за ИПАРД. Оваа детална контрола кажа дека неправилноста беше изолиран случај и не беше системски проблем со Агенцијата за поткрепа на земјоделството. Ова беше главната причина зошто европската комисија, откако ги виде нашите извештаи, даде зелено светло за продолжување на Програмата. На 28 април 2026 година, националниот координатор за авторизација ја тргна одлуката за суспендирање на исплатите и ова за нас ќе истакне дека Брисел, значи не ни дал само една дозвола за плаќање, туку ни дал и еден вид на сертификат за доверба. Ова ќе каже дека денес исплатите се почнати, сите земјоделци кои имаат активни договори и реализирале инвестиции, ќе ги земат тие, значи, ќе ги земат нивните финансиски средства без доцнење. Нови договори ќе се потпишат, процесот на изгласување на новите апликации ќе продолжи нормално. Ќе има дополнителна контрола. Имаме еден план за дејствување за зголемување на административните постапки кои се мониторираат на секои два месеци од Европската комисија. Почитувана пратеник, нашите земјоделци не треба да имаат дилема, ние гарантираме дека системот е стабилен и транспарентен. Сме ги зголемиле филтрите за контрола за да обезбедиме секое евро од Европа да оди директно кај фармерот и агро бизнисменот кој работи чесно. Ги повикуваме сите земјоделци да аплицираат и да имаат доверба. Овој процес кој го поминавме на верификација го засили нашиот систем. Земјоделството е нашиот приоритет. Благодарам.