
Бојан Стојаноски
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бојан Стојаноски, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам почитуван потпретседателе. Ми се чини дека во овој мандат пратеничките прашања во Собранието станаа еден интересен феномен можеби и на планетарно ниво. Добро е да ја запознаеме јавноста дека во Република Македонија има два типа на пратенички прашања. Еден овој на кој сме денеска каде што секој последен четврток во месецот секој и власта и опозицијата може да поставува прашања на членовите на Владата и уште еден на кој што се одвоени два часа замислете само за опозициски прашања и сега кога има можност опозицијата да дојде целата Влада да поставува прашања на очиглед на целата јавност резултатот е ова. цел ред до последно столче, од прв до последен пратеник на опозицијата не е присутен замислете кога имаат министрите, цела Владата, уставна и законска обврска да присуствуваат тука и да одговараат на секое едно прашање кое ќе го постави било кој пратеник. Во времето кога ние бевме опозиција ние со нетрпение ги чекавме пратеничките прашања за да можеме да ги судриме аргументите, на крај народот да одлучи дали тоа кое што ние го кажуваме и прашуваме е така, или дали тогаш што ќе одговори тогашниот премиер или некој министер од Владата е вистина или не и не би ми пречело тоа толку ниту пак воопшто ми е важно, но една друга појава во општеството сакам да ја искоментирам и денес моите прашања ќе бидат врз основа на тоа што денеска СДСМ пушти во јавноста две соопштенија и една прес конференција која што беше одржана во текот на вчерашниот ден. Значи не е тоа нешто што јас ете сум сметал дека треба да го прашам премиерот или министрите, туку врз основа сето тоа кое што СДСМ го поставува како дилема во јавноста, јас денеска ќе го поставам од оваа говорница. Она кое што е многу важно и што сметам дека треба да го знаат граѓаните и дека кога ќе има пратенички прашања по ред на нештата треба да се прашуваат премиерот и министрите најактуелните прашања во јавноста. Еве денеска гледаме освен за гаражи и за некои прашања кои што на некој смета дека му се важни за да се испере себеси, можеби во некоја друга постапка никој не го праша премиерот или министрите тоа што секојдневно го кажуваат од партиската говорница заради тоа што секој ден лидерот на опозицијата држи прес конференции објавува нови тези, објавува нови скандали, кажува како некој излажал и еве го резултатот тука, нула. Ниту еден дојден да постави било какво прашање кон никого. Ама имаат сега нешто ново, пишал на екс замислете и господинот од опозицијата пишал на екс Мицковски направил ова, овој од Владата направил она, а денеска еве гледате никој го нема. Го нема ни оној што поднесе интерпелација. Еве го министерот за земјоделие е тука, нема прашања, нема никој да излезе тука да постави дилема или одредена теза за која што не малтретираат и нас и јавноста, но како што се однесуваа кога беа на власт, така се однесуваат и во опозиција. Значи денеска се создава нели некој наратив да се истурат куп лаги и како што кажуваше премиерот после тоа некој треба да ги собира тие лаги. Ајде да почнеме со прашањата, нешто што сметам дека е конкретно, актуелно и што го интересира народот. Значи кажав три прашања, сите три прашања ми се до претседателот на Владата, едно од прес конференција и две од денешните соопштенија на СДСМ. Пред неколку дена можевме да видиме во една таква заносна прес конференција на улога на своевиден спасител на нешто, не знам ни јас, а ни граѓаните нешто, лидерот на опозицијата излегува на прес од партија, не знам која по ред секој ден и вели еве евро известителот го демантираше Мицоски, нема реформи, закочена е работава во европските интеграции, не оди работава, што ќе правиме, ова е загрижувачки, да ја вратиме, да ја бутнеме власта, режим и слични такви наративи кои што си ги создава за да неколку часа после тоа стигне демант од никој друг освен од самиот евро известител во кој што ја објасни ситуацијата и не знам по кој пат веќе тие луѓе повторно беа фатени во лага и има еден интересен, ајде да не се изразам директно за тоа што настапува кај човекот кога има отсуство од срам, но тоа ќе го оставам на тие кои подобра ја знаат таа дефиниција од мене, но мислам дека начинот на кој ете така се однесувала оваа Влада, која што се преслика во опозиција заслужува едно прашање, а прашањево ми е ако ете веќе се создава еден одреден континуитет, веројатно ја видов на листата на прашања потпретседателката, таа е особено популарна кај пензионериве кога беше министер, ќе доаѓаа мигранти, ќе се распаднеше пензискиот систем, со Владата не знам што ќе се случува, така испадна и сега со ова. Така да прашањето ми е почитуван претседателе на Владата, претседателот на опозицијата односно на СДСМ интерпретираше една изјава. Евроизветителот Вајс даде друга изјава комплетно дијаметрално спротивно од таа па интересира вашето лично мислење како вие ги коментирате овие изјави што вие лично мислите за ова кое што како случување се случило во нашата држава да лидерот на опозицијата замислете излезе држи прес конференција директно излаже, за да за неколку часа да биде демантиран и како тоа ќе се рефлектира на имиџот на Република Македонија во меѓународни рамки.