Најважно
351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Димитровски: Уставни измени по гаранции и дијалог со Бугарија

Резиме

Пратеничката Јованка Тренчевска го праша заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски дали Бугарите ќе бидат внесени во Уставот. Таа оцени дека Владата не ги исполнила предизборните ветувања за името и Преспанскиот договор, а европскиот пат е блокиран.

Димитровски одговори дека Бугарите ќе станат дел од Уставот кога, според него, од другата страна ќе има подадена рака, вклучително и напредок за правата на Македонците во Бугарија. Тој рече дека Владата бара гаранции дека европската интеграција нема да биде блокирана по билатерални и идентитетски прашања и повика на дијалог и национален политички консензус.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јованка Тренчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам потпретседателке. Почитувани граѓани, почитувани колеги пратеници, почитувани претставници на Владата, почитуван премиер. Ќе поставам три прашања, првото прашање е до министерот Муцунски за надворешни работи. Меѓутоа со оглед на тоа што не е тука, тука е заменикот. Очекувам заменикот министер Зоран Димитровски да ми одговори на прашањето. Се мислев дали да го упатам до премиерот или до земникот министер, но вчера повторно премиерот избега да одговори на едно прашање, дали ќе ги внесете Бугарите во Уставот. И наместо јасен став, граѓаните слушнаа навреди и манипулации. Прашањето од новинарите беше директно, што прави вашата Влада за европскиот пат на државата. Одговор немаше и наместо тоа повторно ги обвинивте сите што мислат поинаку дека се мекотелни или дека коленичат. Граѓаните многу добро знаат во едно време кога бевте опозиција кој коленичеше и кој молеше за власт. И дополнитено што од претходните одговори, мислам дека на Македонската јавност за денес и беше доволно и доста од вас, затоа што се ставивте 5 во една функција, премиер, наследник на јасновитката баба Ванѓа, психолог или психотерапевт, јавен обвинител и кој што издава психијатар или медицина на трудот кои што издава уверенија за да може некој да се бави со опозицијата. И затоа прашањето ќе барам да ми го одговори заменик министерот Димитровски. Пред изборите ветувавте и вие сте дел од власта, ветувавте враќање на името и поништување на Преспанскиот договор. Е тогаш пред избори кога баравте гласови на политичките опоменти не нарекувавте предавници. Денес гледаме целосна противност на овие ветувања. Две години се влада, имате мнозинство, името не го враќате, Преспанскиот договор не го укинувате. Министри со Бугарски пасоши има во Владата, градоначалници сите од ВМРО. Влада со резервна татковина. Пратениците од власта поднесоа предлог, ама за нареден состав. Кога побаравме да важи и за сите избрани функционери, а со тоа и за оваа Влада. премиерот реферираше требало да се консултираат уставни експерти. Значи, менувате изјави, а Владата ја водат луѓе кои што имаат резервна татковина и е прашање дали воопшто работата за интересите на оваа држава или за нечии други интереси. Во меѓувреме државата стагнира, европскиот пат е блокиран, а наместо реформи сведочиме на корупција и не функционален систем. Министерот Муцунски на Сител телевизија ќе рече, цитирам, уставни измени само кога ќе се изгради доверба со Бугарија. Значи не велите не, не е предавство сега. Европските претставници јасно укажуваат дека внесувањето на Бугарите во Уставот е услов без кои нема напредок кон Европската Унија. Затоа моето прашање е јасно и не двосмислено, им должите одговор на граѓаните, дали ќе се внесат Бугарите во Уставот. Да или не?

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија Благодарам на прашањето пратеничке. Прво не можам да разберам од каде таква храброст да поставувате прашање за внесување на Бугарите во Уставот за нешто што вие во 2022 година по така наречениот консензус за преговарачката рамка, го направивте без да имате дво третинско мнозинство. Без да имате било каква консултација со политичките партии тогаш дури и оние од дел од власта затоа што ние бевме помала политичка партија која што беше тогаш дел од Владата. Да не правиме муабет за пратениците во Собранието од опозицијата за политичките партии од опозицијата и на крајот од граѓаните. Вам ви беше и тогаш познато дека немате мнозинство и вие ги исполнивте очекувањата на Софија во тој момент и се согласивте на нешто со што знаевте дека ќе го закочите процесот на европска интеграција на Македонија. Но и покрај тоа исполнивте нечии желби на нашите соседи од Софија. И сега од како нели тој процес беше закочен и од како оваа Влада 2 години прави навистина интезивни напори да го откочи тој процес, но на достоинствен начин. Да се иземе делот на оние шверцерски минати протоколи кои што не добија никаква поддршка ниту во ова Собрание за нив беше разговарано. Туку потписи на министерот за надворешни работи тогашен и на министерската за надворешни работи од Бугарија. Каде што внесовте историски идентитетски прашања во преговарачката рамка, каде што се согласивте резултатите од историската комисија да бидат бенџмарк за нашето евро интегрирање. Каде што се согласивте дали историскиот маратив наметнат од Софија за идентитетот на нашите револуционерни дејци и Гоце Делчев итн. да биде бенџмарк за нашето евро интегрирање. И вие сега денес поставувате прашање и кога дали ќе ги внесеме Бугарите во Уставот. Значи, Република Македонија има одлично, да не речам ексклузивно најдобро досие во Европа во третманот на етничките заедници. И тоа го знаете. Познато ви е дека сите етнички задници во Македонија ги уживаат највисоките права. Ние во меѓувреме поради обврската што вашата Влада тогаш ја презема во контекст на преговарачката рамка и нашиот евро интегративен пад. Подготвивме и акциски план за заштита на етничките заедници меѓу кои и за Бугарите во Македонија. И тоа се европски експерти го направивме. Со помош на експерти од советот на Европа кои што ни беа сугерирани од Европската Комисија. Направивме четиво и највисоки мерки за заштита на правата на етничките заедници под 20% кои ги нема кои се без преседан во Европа. се разбира нашиот источен сосед и на тој план не го прифаќа го одбива и има забелешки. А вие се ставате во ситуација да ги поддржувате нивните барања. Односно барањата на нај радикалните кругови во Бугарија. Едноставно да ви одговорам на прашањето, да, Бугарите ќе станат дел од Уставот на Република Македонија во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака. Подадена рака по неколку основи, прво за правата на нашите Македонци во Бугарија. Тие не можат да ги регистрираат своите организации ниту на ниво на невладини организации. Познато ви е дека за тоа во Стразбур колку пресуди има. Вие одлучивте тогаш да се откажете од барањата за нивните права. И во исто време да прифатите да станат дел од Уставот Бугарите кои што се заедница од според пописот од 3,5 илјади граѓани. Меѓутоа помалку од 900-ни граѓани чии мајчин јазик е Бугарски. Вие тоа го прифативте иако нема елементарен реципроцитет од другата страна, не само што нема елементарен реципроцитет. Туку има одбивање воопшто да се третираат било какви права на етничка заедница Македонци и нивното постоење во Бугарија. Истовремено прифативте дел од идентитетските прашања да бидат дел од преговарачката рамка. Е сега ние во целиот овој изминат период го искористивме на многу адреси во Европа. Кај нашите Европски партнери да им објасниме и кај нив тоа стана конечно разбирливо дека мораме да добиеме од определени гаранции дека нашиот пат кон Европската Унија нашето преговарање нема да биде кочено од Софија за идентитетски прашања. И за многу од нив тоа е разумно. Претседателот на Европскиот Совет Антони Кошта тоа го изјави во Софија. Гледаме потези од пратеникот во евро парламентот во кој што бара од Европската Унија разјаснување на правната рамка дали овие прашања навистина можат да бидат искористени како вето од Софија. Значи, сите го разбираат тоа дека Македонија, сите во Европа почнаа да го разбираат тоа дека Македонија мора да има предвидлив пат кон унијата и да не биде спречувана од идентитетски и билатерални вета. Само вие не го разбирате. И мене ми е чудно како господинот Антонијо Кошта може да го разбере, а вие не можете да го разберете. Очигледно тој е поголем патриот од Венко Филипче, Македонски патриот. Значи, само СДСМ не може да го разбере тоа и нивниот коалиционен партнер ДУИ. Албанците во Владата од ВЛЕН сите до еден го разбираат и сите јасно велат дека е разумно Македонија да добие гаранции за својот европски пат во контекст на можноста Бугарија да стави вето по идентитетски билатерални прашања. И сега, нели на крајот како да дојдеме до состојба да го исполниме тоа што вие сте го ветиле, а не сте можеле да го испорачате. И на крајот 80% од граѓаните во Македонија, Македонци или 70% од сите граѓани, велат дека не е прифатливо за нас затоа што вклучува отстапки по идентитетски прашања. Како да дојдеме до тоа. повторно велам, низ дијалог. Конелно во Софија ќе имаме стабилна Влада со последните избори. Се надеваме дека со нашите европски партнери ќе влеземе во тој дијалог и дека не може да се разбере да се ветат никакви рокови, но се надеваме дека ова што го разбираат во Европската Унија ќе почнат да го разбираат и нашите соседи. Но, се надеваме дека овие, ова што го разбираат во Европската Унија ќе почнат да го разбираат и нашите соседи но, најважно е пред се да го разберете вие. Ако ние немаме консензус во Собранието сите дипломати ми го велат истото. Вашата најслаба алка е тоа што опозиција би ги спровела договорите со Бугарија и протоколите доколку би имала двотретинско мнозинство без да трепне. Од тие причини време е да направиме национален консензус по овие прашања. Националниот консензус го имаме со граѓаните но, да направиме консензус на политичките парти. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања