О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 102-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 мај 2026 година Заменик министер за образование и наука Благодарам потпретседателе. Ви благодарам на прашањето почитувана пратеничка Рина Ајдари. И сум многу среќен што еве, конечно некој прочитал малце во стратегијата па сега ќе можам да одговорам и на вашето прашање, но ќе можам да одговорам и на прашањето што на минатите пратенички прашања го постави вашиот колега пратеник, на кои што нели не ми постави второ прашање, па да можам конкретно да му одговорам. И драго ми е што сте прочитале и што сте у ствари сте сфатиле дека не е укинување на институција во стратегијата, туку е разумна рационализација на институции кои што всушност се отворени без никаква анализа, без никаква консултација со јавноста, апсолутно отворени институции без да се објасни потребата за отворање на тие институции. Но, иако е така, ние сме одлучиле да не ги укинуваме тие институции, туку да ги реорганизираме во одредени установи на кои што им е потребен кадар. Но ме загрижува фактот, затоа што ми поставувате прашање само за музичкиот ансамбл од Тетово, а не ме прашувате за 10 дена Крушевска Република, исто и таа е во таква позиција. Не ме прашувате за Смилевскиот конгрес исто така и таа е во таква ситуација. Не ме прашувате за Камерниот оркестар во Битола и таа е во истата состојба. Така да, таа селективност која што сте ја правеле на времето, ја правите и сега и ме прашувате само за едни институции. Јас зборувам за 12 институции кои што треба да се реорганизираат и сум разговарал со сите директори и на институциите кои што треба да се реорганизираат и со директорите на институциите кои што треба да ги примат овие институции. Ако на времето се отвориле без никаква анализа, без да им се направи правилна систематизација, без да се направи план за вработување, без да им се обезбеди простор каде да работат, а сте ги отвориле, ние сега наоѓаме начин, на овој начин да им обезбедиме и просторни и кадровски услови. Она што го кажал заменикот е апсолутно во право, значи не се укинуваат институциите, туку се реорганизираат, а вие ве замолувам најдете ми едно интервју или една моја изјава каде што сум рекол јас дека сум ги стопирал сите вработувања. Такво нешто не постои, таква моја изјава дека сум ги стопирал вработувањата во музичкиот ансамбл во Тетово, такво нешто не постои. Единствено нешто што сум кажал е дека, бидејќи ќе се направи реорганизација во институциите, кога ќе се направи реорганизација, техничкиот кадар или административниот кадар ќе ги преземе од Центарот за култура од Тетово. А оние кои што се носители на дејност или музичарите кои што се во музичкиот ансамбл во Тетово и тоа како ќе им се одобрат вработувања и ансамблот ќе се зголеми и конечно ќе си функционира во рамките на Центарот за култура во Тетово, таму каде што припаѓа. Истото ќе се случи и со другите институции.
Ако вие во минатото сте отворале без никаква транспарентност, без никаква анализа, ние тоа нема да го направиме. Значи едноставно наоѓаме начин како да ги реорганизираме, како да имаат подобри услови за работа и како да се исполни капацитетот на една многу значајна за нас установа, а тоа е Центарот за култура во Тетово. Ви благодарам.