Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ајдари праша за уставните измени и правосудниот испит на албански

Резиме

Пратеничката Рина Ајдари праша за политичката одговорност на ВЛЕН во врска со уставните измени и евроинтегративниот процес. Таа, исто така, побара објаснување за одлуките поврзани со полагањето на правосудниот испит на албански јазик и праша дали тие се против албанскиот јазик.

Министерот за европски прашања одговори дека ВЛЕН е ориентиран кон интеграција во Европската Унија и дека Министерството работи на реформската агенда. За правосудниот испит рече дека проблемот на студентите ќе биде решен и дека испитот, како и сродните испити, во иднина ќе може да се полага на албански јазик; додаде дека тоа ќе го покаже наскоро.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Рина Ајдари

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 102-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Последните политички збиднувања односно политички развој сведочат за големата разлика помеѓу реториката за консолидација и не функционалноста на егзекутивот. Во минатата недела се покажа унифицирањето на структурата ВЛЕН во еден политички субјект и конкретно вашето именување како генерален секретар. Ова е процес претставен како чекор кон стабилност, ја раководи цела политичка енергија во внатрешните договори и поделбата во сферите на влијание на штета на интересите на албанските граѓани. Државјанството и геополитиката не толерираат геополитика, мерката во политиката се меша со одлучување во стратешките постапки ова се гледа дека кај вас отсуствува заменик премиер, вашиот евро интегративен пат останал пречка да се исполни потребата од законодавната рамка и ова почна со собирање на потписи за Уставните измени вашиот политички субјект се изјасни против. Моето прашање е која е политичката одговорност за одбивање на оваа легитимна постапка и блокирање на процесот кој е фактички е единствениот познат пат за деблокирање на процесот. Дали прифаќате дека сте тргнале рака од европската агенда или овој став е сведоштво на вашата неспособност да дејствувате надвор од вашиот голем коалициски партнер. Заменик премиере, ја утнавте работата со Законот за правосудниот испит каде што требаше да се сте решиле за решавање на овој проблем, за давање на испит на албански јазик во практика Министерството за правда кое денес излезе со истиот став наутро, го одби ова барање и го отфрли барањата на инспекторатот редукирајќи го на тест за јазикот. Како е ова? Значи, како ги раководите одлуките кои легитимираат не прифаќањето на албанскиот јазик кај албанските студенти и се против албанскиот јазик. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за европски прашања

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 102-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 мај 2026 година Ви благодарам заменик потпретседател. Почитувана пратеничка, јас колку што постигнав, значи вие имате 3 прашања, едното е за ВЛЕН за една партија и друга за потписите за уставните измени, третото беше за правосудниот испит. Знам дека првото прашање ве загрижува вас и ве загрижува сериозно, бил еден неочекуван чекор за вас, иако, значи долго време најавуван, но не сте верувале дека еднаш можат да се обединат Албанците во една партија и да се расформираат другите помали партии. Реалноста е друго, значи сега дејствуваме заедно во врска со проевропската агенда, ВЛЕН во секоја изјава истакнал дека нејзината политичка ориентација, интегрирање во Европската Унија. И јас како министер за европски прашања сум целосно посветен на исполнувањето на оваа агенда и значи мислам дека гледате, јавноста гледа, но вие можеби ќе треба да се фокусирате повеќе. Значи да ја забележите реалноста, бидејќи Министерството за европски прашања за прв пат е со оваа динамика за исполнување на точките кои што се потребни од реформската агенда како никогаш досега и секаде, значи има и добри резултати. Резултатите покажуваат дека сме значи на добро место во Западен Балкан и како резултат на ова очекувањата се во тек на идниот период ќе имаме и нови пакети кои со финансиска асистенција директна од Европската комисија за Северна Македонија, што подразбира дека ги исполнуваме нашите обврски. И во врска со правосудниот испит, ние значи сме го слушнале гласот на студентите и за прв пат и минатиот пат истакнав и сега повторно ќе повторам, за прв пат централната власт го слушна гласот на студентите и значи ќе го реши нивниот проблем еднаш, засекогаш. Истакнувам тука и ќе истакнувам додека вие да се убедите дека е вака дека правосудниот испит и другите испити кои се поврзани со природата на правосудниот испит, во иднина ќе се даваат на албански јазик. Ќе се полага, значи на албански јазик ова ќе го покажеме многу наскоро пред вас и јавноста. Значи протестот на студентите е нормален револт е нивно право, значи тие не протестираат за ВЛЕН, тие протестираат за Европскиот фронт и ДУИ која 22 години не постигнала ниту една усогласеност на Законот за јазиците да го направи со овој закон и немам што друго дополнително да додадам, бидејќи слушам дека во секоја иницијатива која ја преземате е, отсуствува пиар стратегијата на Артан која без разлика, значи ќе прифатам беше многу успешна, но во негово отсуство сте го изгубиле компасот. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања