
Арбана Пашоли
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 102-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Господине заменик премиер последните настани во Струга каде што на не прифатлив начин се тргнати Албанските знамиња. Не претставуваат само еден институционален инцидент, но едно вознемирувачко дејствие на Албанците во земјава. Третирањето на симболите изрази револт и се навредуваат граѓаните Албанци. Особено имајќи ја во предвид историјата и нивното значење за Албанците во Република Северна Македонија. Значи, тие глетки што ги виде цела јавност, тие се извадени на не достоинствен начин и компонентата на претпријатие имаше средства на професионален начин да ги тргне тие. Овој настан не може да се минимизира, ниту да се нормализира. Во една мултиетничка држава секој што ќе ги допира овие симболи треба да има институционално одговорност. Но стана овој случај, Демократска унија за интеграција, за интеграција во Струга. Значи ќе поднесе кривични пријави за одговорните лица поради непочитување според член 319 од кривичниот законик. Како Демократска Унија за интеграција, но и во име на стружаните бараме да се расветли овој случај за секој дејство каде што створи револт кај граѓаните Албанци. Во една мултиетничка држава, значи почитувањето кон симболите без разлика на етничноста, значи е должност. Господине заменик премиер моето прашање за вас е зошто до сега немавме јавно изјаснување. Ниту од вас ниту од вашата партија на локално ниво. Во струга за еден настан каде што ги повреди чувствата на Албанците. Дали мислите дека молчењето за ваквите случаеви ги прави граѓаните Албанци да се чувствуваат заштитени и ценети.