
Арбана Пашоли
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 102-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто мое прашање е за Беким Сали вице премиер и се однесува за потребата за модернизација на граничниот премин Блате во Дебар. После големиот број на граѓаните кои што фреквентираат во ова место. После функционирање на патот на Арби, значи овдека е сменета динамиката на граѓаните и најкраткиот пат направи дека граничниот премин Блате се употребува што повеќе, не само од граѓаните на Дебар туку и од граѓани на Скопје, Тетово и Гостивар и од Струга и од други туристи. Според официјалните податоци само во последните месеци поминале стотици патници и во споредба со минатата година ова ни покажува значи овој пат има големо значење за економијата и поврзувањето на двете држави. Меѓутоа паралелно со протокот граѓаните се соочуваат и со долги чекања во границата каде што во некој случаеви се еден час и повеќе. Наместо овој пат да ни донесе што побрз проток за граѓаните, тие се соочуваат со многу спорни процедури. Затоа е неопходно институциите да реагираат со реалноста на терен. Граѓаните бараат по ефикасни услови и воспоставување на заедничка контрола со Република Албанија. Како модел каде што би ја олеснила работата на проток. Бидејќи едно такво стратешко инвестирање, како што е патот Арби треба да биде проследено и со гранична инфраструктура која што ќе даде одговор за зголемување на патниците. Затоа моето конкретно прашање за вас е заменик премиер, дали Владата има план и рок за модернизирање на граничниот премин Блате и за зголемување на капацитетот на кадарот и за заедничка контрола во границата за да им се овозможи на граѓаните побрз проток.