
Рина Ајдари
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 102-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван потпретседател. Почитувани колеги пратеници. Првото прашање ќе го упатам до министерот за здравство, господинот Азир Алиу и би сакала тој индивидуално значи лично да е тука присутен бидејќи доставил денес негов заменик. Јас ќе барам значи прашањето значи одговорот да ми го даде писмено. Но, ќе го поставам прашањето. Легитимноста била знамето на политиката на ДУИ бидејќи власта извира од слобода на граѓаните. Затоа раководењето на здравството треба да е врз основа на оваа легитимност и не на личните желби на министерот или политичките калкулации. Само легитимноста има доверба и одговорност и кога оваа легитимност отсуствува, резултатот е неспособност на ова министерство за да ја почувствува болката која чека ред без реализирани проекти и каснење кои влијаат на човекот на животот значи клиничка болница во Тетово за 2026 година и фигурира изградба на два нови објекти од каде не е јасно како ќе се финансираат, без конкурс, без финансиска сигурност. Ургентните проекти за 2024 година и 2025 година како реновирање на педијатријата и оперативните сали се избришани од агендата како да не постојат. Над која програма функционира воопшто Министерството за здравство и лично министерот за здравство на таа на употребата на граѓаните или е на тоа од лажење на електоратот. Затоа, зошто проектите од 2024 година и 2025 година за тетовската болница се отстранети и фигурира само проектот за изградба на два нови објекти во 2026 година. Како се јустифицира ова кога последните потреби за реновирање на одделот за педијатрија, оперативните сали, интензивната грижа се без решенија. За на крај како министерство сте презентирале стратешки проект од 74 милиони евра за трансформација на тетовската болница. Зошто тоа, министерството се уште нема званична документација како ќе се финансира ова и кои се точните рокови за финансирање. Дали е реален проект или е политичка изјава за да се избришат уредните проекти. И, понатаму зошто конкурсот за вработување на 155 здравствени работници во тетовската болница се уште не е завршен? Значи, се влече со месеци останувајќи значи пречка во административните постапки. Како ова ќе се образложи кога јавно министерот им честиташе на овие вработени како дел од тетовската болница но, законски тие се уште не се вработени. И, на крај, денешната вест се оставени без плати вработените во клиниката за деца во Скопје. Значи, сите овие прашања барам министерот за здравство писмено да ми одговори на овие прашања кои ги покренав. Прашањето го поставувам до министерот за здравство.