Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

МОН: Наставникот во „Лазар Личеноски“ добил отказ по дисциплинска постапка

Резиме

Пратеничката Сања Лукаревска праша каде е и што содржи извештајот на Државниот просветен инспекторат за ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје, по пријава за несоодветно однесување на наставник и поради отсуство на информации за исходот од постапката во училиштето.

Министерството за образование и наука одговори дека училиштето постапило според важечките протоколи, организирало состанок со учениците и родителите и презело мерки за заштита и поддршка. Според одговорот, била поведена дисциплинска постапка, а по предлог на комисијата директорот му врачил отказ на наставникот и на негово место привремено ангажирал друг. Инспекторатот оценил дека директорот постапил навремено и согласно прописите; случајот е пријавен и во МВР.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сања Лукаревска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 102-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И второто прашање до заменик министерот . уште една шокантна вест пред повеќе од два месеци ја потресе јавноста. На 9-ти март 2026 година во 17:30 часот полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52 годишен маж од Скопје наставник од средно училиште на подрачјето на општина Центар. Постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02 до 02.03.2026 вознемирувал 18 годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи, соопшти МВР. Потоа ОЈО ГОК лицето е обезбедено со мерки на претпазливост, одземање на патна исправа, забрана за приближување до лица и забрана за преземање на определени работни активности. На 13 март на прес конференција министерката изјави професорот е суспендиран, Државниот просветен инспекторат постапува, пријавен е во полицијата. И ако не се лажам некаде во јавните медиуми некаде пишуваше дека тој веќе е и во притвор. Истрагата е во тек, затворен цитат. Одиме понатаму. Изјавата на директорот на училиштето е следна. По добиените информации, односно пријава од страна на засегнатите девојчиња, ученички јас веднаш повикав полиција и веднаш согласно моите законски овластувања како директор донесов решение со кое што го суспендирам на три месеци наставникот и со забрана за приближување на училиштето. Исто така формирана е Дисциплинска комисија која што ќе си ја заврши својата работа, вели директорот на средното уметничко училиште „Лазар Личеновски-Скопје“. Согласно оваа изјава неговата суспензија би завршила за неполн месец. И што потоа? Ние немаме информација ниту за исходот од дисциплинската постапка. познато ви е дека за овој случај се отвори дебата во јавноста таргетирајќи повеќе состојби како на пример безбедноста на учениците, механизмите за пријавување, одговорноста на училиштата, потребата од психолошка потреба, поддршка за жртвите. Од она што е еднакво важно особено за учениците, за родителите на учениците, за наставничкиот кадар во ова средно училиште како понатаму после овој скандал. Несомнено е дека дел од одговорите треба да ги бараме во Државниот просветен инспекторат, но на нивната веб страна нема да добиете никаков одговор, никакво податок, нема анализа, нема ништо затоа што нивната веб страна е суспендирана, а е суспендирана и транспарентноста. А оваа институција е клучна. Моето прашање е каде и што содржи извештајот на Државниот просветен инспекторат за ова училиште. Прашањето го поставувам до министерот за образование и наука.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

Република Северна Македонија Министерство за образование и наука

До: Собрание на Република Северна Македонија

Предмет: Одговор на пратеничко прашање во врска со извршен инспекциски надзор во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје

Врска: Пратеничко прашање бр.08-3581/2 од 21.5.2026 година, наш број 08-7173/1 од 22.5.2026 година

Почитуван пратеник, г-а Сања Лукаревска,

Во врска со прашањето кое се однесува на постапувањето од страна на Државниот просветен инспекторат по однос на поднесената пријава за несоодветно однесување на наставник во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје, Ве известуваме дека при извршениот инспекциски надзор е утврдено дека по приемот на пријавата, училиштето постапило согласно важечките протоколи за заштита од насилство. Раководството било навремено известено и бил организиран состанок со учениците и нивните родители, во присуство на стручно лице, при што биле обезбедени и писмени изјави од засегнатите лица.

Случајот е евидентиран согласно пропишаните процедури, а училиштето презело мерки за заштита и поддршка на учениците.

Согласно Статутот на училиштето, директорот со Одлука бр. 04-92/11 од 06.03.2026 година формирал дисциплинска комисија за утврдување на дисциплинска одговорност и воедно била поведена и дисциплинска постапка против наставникот, а во меѓувреме, поради потешки прекршувања на Етичкиот кодекс, донесено е Решение бр. 04-92/9 од 06.03.2026 година за отстранување од работа на наставникот, со забрана за пристап во училиштето до завршување на постапката.

1 Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје Република Северна Македонија

Република Северна Македонија Министерство за образование и наука

Со оглед дека комисијата донела предлог за откажување на работниот ангажман, директорот постапил по истиот – на наставникот му е врачен отказ и на негово место на определено време е ангажиран друг наставник.

Случајот е пријавен и во Министерството за внатрешни работи, кое постапува во рамки на своите законски надлежности.

Врз основа на извршениот надзор и увидот во целокупната документација, Државниот просветен инспекторат констатира дека директорот на училиштето постапил навремено и презел соодветни мерки во согласност со важечките законски и подзаконски прописи.

Со почит,

МИНИСТЕРКА проф. д-р Весна Јаневска

2 Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3117 896 www.mon.gov.mk

Сите пратенички прашања