Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николова праша за причините за промената на ставот за ха-индексот

Резиме

Пратеничката Даниела Николова праша со кои аргументи заменик-министерот бил убеден дека ха-индексот не треба да биде основен критериум во предлог-законот за високо образование и дали станува збор за политички договор. Таа изрази сомнеж за транспарентноста и начинот на подготовка на законот.

Заменик-министерот за образование и наука одговори дека аргументите и загриженоста на професорите го убедиле да предложи ха-индексот да не биде основен критериум. Рече дека тој сепак ќе се зема предвид кога има двајца или повеќе кандидати за исто академско звање. Според одговорот, Изет Меџити не дал конкретни предлози, а ректорите јавно го поддржале предлог-законот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Даниела Николова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниела Николова, поставено на 102-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање е до министерката за образование односно во оваа ситуација до заменик министерот за образование и се однесување на Законот за високо образование. Почитуван заменик министер, Законот за високо образование не е обичен технички или административен акт што може да се менува од денес за утре во зависност од дневно политичките договори или коалициските преговори. Тој е системски закон кој што директно ја засега иднината на илјадници студенти, универзитетски професори и целиот висок образовен и научно истражувачки систем во државата. Токму затоа јавноста со право очекува јасност, доследност и аргументираност во ставовите во Министерството што го водите вие и министерката. Со месеци јавно на телевизиски настапи, на јавни дебати, на средби со академската заедница, па дури и од оваа собраниска говорница министерката тврдеше дека така наречениот ха индекс е неопходен и единствено релевантна алатка за подигање на квалитетот на високото образование. На истата оваа говорница на пратеничко прашање што лично и го поставив категорично одговори дека ха индексот мора да биде дел од законот и дека без него не може да се зборува за сериозна реформа. Не само што го бранеше тој став, туку со него влегуваше и во остри расправи со универзитетските професори на јавните расправи за универзитетите убедувајќи ги дека ха индексот е нужно решение и дека мора да остане на ова законско решение. Стигна до таму дури и да дава лични квалификации навреди кон колеги од академска заедница и зошто денес јавноста е збунета. Затоа што од еднаш гледаме соопштенија од партијата ВЛЕН, изјава на Изет Меџити во која јасно се наведува дека е постигнат договор Законот за високо образование да помине, но без ха индекс, и според таа изјава ха индексот нема да биде дел од Законот, а договорот бил дел од пошироките коалициски преговори. И тука се запрашува целат стручна јавност со што ја убеди Изет Меџити министерката, па и вас дека ха индексот не треба да биде дел од законот. Како е можно кога човек не е дел од академската заедница кој не учествувал на јавните расправи со професорите, кој не соочувал со стручни аргументи да успее да ве убеди во спротивното од она што со месеци го браневте како единствено исправно решение. Дали Изет Меџити располага со научни аргументи што не и беа познати на академската јавност. Дали поседува анализа што ја немаше ниту стручната јавност, ниту работната група. Или пак станува збор за чист политички договор во кој што образованието повторно стана средство за коалициски пазарења како што впрочем и само знаете да правите. Дополнително загрижува фактот што целиот процес на подготовка на Законот е обвиткан со контрадикторни информации. Прво слушнавме дека Законот е готов, потоа дека се доработува. Потоа се усогласува со коалициските партнери, потоа дека се вградуваат забелешките и сега кој знае во која фаза е не сакам ниту да ве прашам. Но наместо јасност и доверба целиот процес произведе само сомнеж. Особено загрижува што дел од лицата кои беа претставени како членови на работната група и како експерти што учествувале во подготовката на законот, а и самата министерка ги наведе во одговорот на моето писмено пратеничко прашање јавно почнаа да се оградуваат од текстот и од начинот на кој што се водел процесот. И тоа отвара сериозно и легитимно прашање. Кој всушност го пишува Законот за високо образование и по чија директива тој се менува. Дополнително се создава впечаток дека јавните расправи на универзитетите биле повеќе формалност отколку суштински дијалог. Останува сомнежот дека за целиот процес не стои академски консензус, туку политичко пазарење и коалициски договори. А образованието не смее да биде жртва на такви калкулации. Почитуван заменик министер, со оглед дека постојано се тврдеше во телевизиски настапи, јавни расправи и од ова собраниска говорница дека икс индексот е неопходен и клучна алатка за подобрување на квалитетот на високото образование жестоко го браневте сега сакам да ми објасните со кои аргументи ве убеди Изет Меџити и соопштението на ВЛЕН дека ха индексот нема да биде дел од Законот за високото образование и со кои конкретни аргументи и анализа располага Меџити за да се откажете од ставот кој што до вчера...

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Николова, поставено на 102-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 мај 2026 година Заменик министер за образование и наука Почитуван потпретседател на Собранието. Почитувани пратеници. Почитувана пратеник, ви благодарам на поставеното прашање. Предлог законот за или пакетот на Предлог закони за високо образование има година и пол што се работи на него и мислам како Министерство за образование сме покажале посебна грижа трудејќи се овие Предлог закони да имаат сеопфатност поголема сеопфатност и по некои Предлози кои се ставени и во системот ЕНЕР по кој се отворија многу дискусии, Министерство за образование и наука ја покажа волјата за сеопфатност во тек на кој се организираше дебата во сите јавни универзитети со професори и со студенти значи беа опфатени во овој процес сите тие кои го сочинуваат високиот образовен систем и после сите овие дискусии сме имале и средба помеѓу партнерите од коалицијата. Во овој случај не значи господинот Меџити дал конкретни негови предлози но, ние како коалиција значи сме имале контакти и со универзитетски професори со ректори на универзитети и т.н. по кој значи сме ги собрале и нивните критики и нивните сугестии и на крај сме направиле еден разговор и со премиерот на државата и министерката за образование и тие наши предлози кои нормално имаа консензус и од страна на премиерот и министерката за образование се прифатени со единствена цел. Да обезбедиме сеопфатност ни и да обезбедиме и прифатливост на овие Предлог закони од страна на сите универзитети во нашата држава. Во врска со аргументите на ха индексот ние знаме дека еден од темите кои покренаа најмногу прашина во јавноста беше присуството на ха индексот како основен критериум во изборот на академските звања и ние сме го зеле ова како загриженост од страна на професорите кои стигнаа до нас и врз основа на нивните аргументи тие постигнаа да не убедат дека ха индексот не треба да е како основен критериум и од оваа причина сме предложиле до министерката да се тргне како основен критериум но, не се трга целосно. Значи, ха индексот ќе биде присутен во случаите кога пример, ќе треба да се избере, кога треба да се избере една академска титула, кога има два или повеќе кандидати за тоа звање и во овој случај ќе се земе во предвид и ха индексот но не како основен критериум за квалитетот на научните истражувања кои ги прават професорите. Ние во овој случај значи сме ја слушнале загриженоста на професорите, универзитетските работници и сме дејствувале врз основа на врз основа на нивните сугестии со единствена цел да создадеме еден закон кој ќе биде прифатлив за универзитетите. Во овој случај по односот на ректорите и академскиот состав ќе биде полесно да се спроведе. Ова го аргументира и фактот по сите предлози и дебати кои се одвивале во Владата се организираше еден настан каде зедоа учество сите ректори од универзитетите и тие за овој Предлог закон дадоа јавна поткрепа со кое покажале дека покажале и подготвеност да се спроведе Законот и истакнале дека Предлог законите или пакетот на законите за реформи во високото образование дефинитивно е предлог кој го воздигнува квалитетот на високото образование. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања