О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Петар Марков, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Благодарам многу. Ви благодарам почитуван пратеник сакам да му дадам еден општ поглед на здравството. Од аспект на прашањето кое го поставивте како е инвестирано и колку е инвестирано во здравството сакам да почнам од моментот како сме стигнале до програмата за да се инвестира во здравството. Значи на почетокот знаете дека првите три месеци направивме скен на здравството за да ги детектираме кои се инфраструктурните резултати, недостатоците, па потоа да создадеме еден Акционен план со детали што требна да се инвестира, кои се капацитетите, времетраењето, буџетот и така натаму. значи за прв пат ве информирам дека во здравството сега имаме основа со човечки капацитет. Во реално време сега здравството во Македонија се знае колку има лекари, медицински сестри и техничари. Ова ни овозможува ние да направиме еден долгорочен план за изградба на човечки капацитети во здравството. Што детектиравме друго? Друго детектиравме дека во здравството се отворени специјализации и супспецијализации по желба. За жал како резултат ние имаме здравство каде има специјалисти и супспецијалисти во некои области каде се повеќе отколку што треба и имаме недостатоци во некои специјализации кои навистина се потребни. Нема понатаму да продолжам затоа сега ќе се отворат специјализации и супспецијализации во склад со инфраструктурата и потребата која ја има нашето здравство. Друг момент е специјализации сме ги промениле. Значи знаете до сега специјализациите беа 6 години со што автоматски се подразбира дека се многу блиско. И ние сега имаме специјалисти кои не компатибилни со потребите кои го има нашето здравство на ниво на држава. значи ве информирам дека заедно со универзитетите во Македонија имаме реорганизација на во здравство и сега специјализаците и супспецијализациите ќе бидат во склад со европската унија. Втор момент е инфраструктурата. Инфраструктурата за жал знаете дека имаме се уште инфраструктура која не е во склад со здравствените потреби во нашата земја и тука имаме стратегија за реорганизација на здравството во државата. Сега здравството ќе инвестира во региони и за секој регион имаме функционална анализа какви здравствени услуги ќе се даваат. Бидејќи вие сте од струмичкиот регион јас ќе истакнам што сме направиле и кои се резултатите во овој дел. Компјутерски томограф од наредната недела веќе ќе биде инсталирани и ќе биде во согласност со сите стандарди кои што се од струмичкиот регион ќе можат да ги искористат. Исто така знаете дека струмичкиот дел ние и Клиничката болницата ја земавме со над 100 илјади денари, извинете над милион денари во долгови. денеска со добро менаџирање на таа институција веќе долгот се намалува за 20 милиони. Продолжуваме да ја реорганизираме и буџетската линија исто така и функционалноста на таа болница. Третиот момент знаете дека цел оддел е реконструиран и веќе во фаза е техничкиот прием кој што ценам дека за 3 до 4 недели, максимум до еден месец веќе и тој дел ќе биде завршен и кој што ќе можат граѓаните исто така да го искористат тој момент. Така да сакаме во секој регион да инвестираме врз основа на демографијата, здравствените кои ги нудиме и човечките капацитети кои што ги имаме. Во Битола на пример знаете дека Онколошкиот центар е еден од најмодерните што го имаме. За жал од претходната власт не е инвестирано во технологија. Таму имаме и онколози двајца. Во моментот работиме заедно со Универзитетската клиника за радиологија и онкологија во Скопје за да може нашите експерти од Скопје одат секоја недела таму за да можеме да креираме човечки капацитети и тие услуги исто така да бидат и за тој регион менаџирани и сервисирани. За во Тетово ве информираме знаете дека за прв пат се инвестира во клиниката во Тетово со што клиниката во Тетово сега ќе изгледа по друго. Значи имаме план заедно со Владата 20265 милиони евра кои ќе се инвестираат во Кичево, Штип и во Тетово. Од аспект на инфраструктурата на здравството сега нема да изгледа како што е до денес ќе има реален пристап во склад со здравствените услови. Исто така знаете дека Универзитетската клиника во Скопје е со стара инфраструктура. Земјата на која се наоѓа објектот е инфраструктура која има потреба од многу инвестирање, анализата покажува дека многу полесно и многу поевтино ќе дојдеме до една клиника надвор од овој кампус сериозно се размислува ова да се дислоцира. Значи Универзитетската клиника да се дислоцира и сите нивоа на терцијално ниво ќе се дадат на европско ниво. Од аспект на дигитализација сега правиме Национална стратегија за дигитална трансформација на здравството. За две недели ќе помине таа на Влада и ќе биде значаен дел од Министерство за здравство. Во склад со оваа дигитална стратегија по 12 години инвестиравме во инфраструктура во дата центарот. За жал сите податоци од кои некои се сензитивни за граѓаните, на републиката, се чуваа во дата центарот кој ќе беше во голема опасност да се злоупотребат овие податоци. Од аспект на услугите во реално време и недостатоците кои е се во здравството ве информирам дека сега Министерство за здравство ставала проект. Проект за транспарентност, за прв пат има листа на чекање на пациентите за транспарентни операции и секој граѓанин тоа може да го гледа. Во оперерација.гов.мк кога се влегува внатре секој граѓанин може да каже дали е листата на чекање така како што кажале како што кажале со ова автоматски се намалува можноста за злоупотреба во здравството. Во врска со пристапот за инфраструктурата ве информирам дека за прв пат ние како држава ќе бидеме членки на ЈУ Форхел. Значи, јас за 2 недели ќе бидам во Брисел ќе ја потпишам оваа соработка со Европската Унија со цел и ние да можеме како држава да аплицираме во различни проекти поврзани со здравството. Исто така ве информирам дека заедно со Светската банка во септември за прв пат во нашата држава ќе имаме регионална конференција за здравство каде, значи истите министри за здравство ќе бидат присутни тука и значи се позначајни теми. Една од нив е соработката меѓу институционалната соработка и меѓу владина. Помеѓу овие држави за податоците, информациите за проекции да не останат на ниво на држава. Туку да може пополека, пополека да ги проектираме на регионално ниво. Ова подразбира да имаме поевтини лекови, инфраструктура која ќе биде компатибилна. Значи, мобилноста на лекарите на ниво на здравствени институции да може да биде по се опфатна и полесно да се имплантира. Сега сите овие работи имате резултати, последното истражување од јавноста према државните институции покажува дека Министерство за здравство имам значи зголемување на довербата од 4,4 кога беше во 2025 година, сега во 2026 е 5,0. Значи, имаме зголемување на 0,6 на индекси. Сега граѓаните гледаат друг пристап во здравството и граѓаните почнуваат да веруваат во здравството. Во врска со инфраструктурата во наши термини ние имаме неколку модули кои до сега не постоеле. Значи, нема да ги истакнам сите, бидејќи поради времето немаме многу време. Ќе истакнам само што правиме интегрираме еден формулар во мој термин со цел здравствените работници полесно да се евидентираат да ги евидентираат сомнежите за семејно насилство. Знаете дека ова е многу сензитивна тема. И сега за прв пат ќе се овозможи дигитално. Значи секој вработен во здравството да може да евидентира некој индикатор кој произлегува од анамнезата и средбата која ја имала со лекарот. Исто така сакам да ве информирам и што е во фаза на завршеток. Значи, со амбуланти кои што ќе се купат и кој ќе се распределат на ниво на држава. Бидејќи знаеме дека здравството бара и времето и е здравје фактички и бара интервенирање во реално време. Од овој аспект сите овие возила кои ќе се купат и ќе се во служба на здравствените институции за кратко време ќе...